Мрестење на краповите (Демагогот-тезгарош)

04.09.2012 12:07
Мрестење на краповите (Демагогот-тезгарош)

Општо е познато дека бетер од комунистот е само антикомунистот. Но, дали има дабетер од комунистот и антикомунистот? Ми се чини дека има. Неговото име е демагог-тезгарош. Кои се карактеристиките на демагогот-тезгарош? Со мала помош на Виктор Иванчиќ и Радомир Константиновиќ, накусо ќе ги набројам. Како прво, демагогот-тезгарош е мајстор е за „јадење гомна“, т.е. за шитинг (shiteating): проговара од гола нужда, а јавноста е задолжена за тегобните активности на варењето. Второ, демагогот-тезгарош троши огромна енергија на целата паланка да и’ објасни дека тукашниот олош е само олош од нужда. Трето, демагогот-тезгарош својата личност му ја изнајмува на тековниот режим (rent-a-person), како за потребите на режимот, така и за своите лични потреби. Четврто, името, презимето и интегритетот на демагогот-тезгарош имаат својства на меур од сапуница. Петто, тој го еманира духот на колективната волја, духот на колективизмот кој нè зема под свое, кој нè штити од сè , а пред сè од самите нас. Шесто, тоа е дух кој се обидува својата коб да ја преобрази во своја привилегија. Седмо, демагогот-тезгарош е вешт и интелигентен, но обично една работа не зема предвид - очите.

За веселите и корисни особини на демагогот-тезгарош уште еднаш станав свесен некни, читајќи го интервјуто на филмскиот режисер Дарко Митревски во неделникот „Граѓански“. Такво количество на перфидна ситнотрговска манипулација одамна немам прочитано. (Лажам, блиску до високите тезгарско-демагошки нивоа на Митревски претходната недела се доближи друг филмски режисер, Ацо Поповски, исто така во интервју во истиот неделник.)

Та така некогашниот „партизан“ Дарко Митревски ќе рече:

„Но, што покажаа опонентите на овој проект? Иста таква анимација со некои подобри идеи? Или, пак, распишаа конкурс ’Анти-Скопје 2014’? Или, пак, истапија со архитектонски решенија што ќе понудат поинаква опција за Скопје? (...) Не. Тие само биле (и сè уште се) протов ’Скопје 2014’! Но, дозволете да забележам - да бидеш само против не е доволно. Да бидеш само против не носи плодови. Да бидеш само против - не е доволно за да станеш рамноправен противник.“

Цитираниот пасус го објаснува моето тврдење дека Дарко Митревски е демагог-тезгарош. Или, скратено: подлец. Не само што Митревски го амнестира и безочно му се упикува на груевистичкиот режим за грст сребреници (вистина, чаршијата вели дека грстот е бабачки), туку ги множи со нула сите оние кои вака или онака му се спротиставиле на монструозниот проект СК014.

Та така Митревски продолжува:

„Муабетот ми е: сè додека слушаме исклучиво гласови ’против’, во дебатата за проектот ’Скопје 2014’ ќе бидат вклучени само оние од власта и оние од опозицијата - и никој кој не е партиски определен нема ниту да посака ниту, пак, да може да заземе страна бидејќи втора страна (односно, втора опција) во моментов едноставно нема. Кога ќе има две страни кои наместо ’против’ се залагаат ’за’ - едната за едно, втората за нешто сосема друго - дури тогаш ќе имаме цивилизирана дебата, па ќе можеме да кажеме кое ’за’ повеќе ни се допаѓа.“

Што да му каже човек на Дарко Митревски, некогашниот добро платен пропагандист на СДСМ, за ваквите нискости, подлости и перфидности кои произлегуваат исклучиво од среброљубие?! Илјадниците текстови на стотици компетентни луѓе пред сè од сферите на уметноста, архитектурата и урбанизмот Митревски ги гази и левтерно ги поништува како „нестав“, како бедно квичење кое воопшто не се ни слуша (не постои), а камоли да произведува некаков ефект. И тоа е крунскиот аргумент на Митревски: неговото глувило е немост на светот. Неговата сељачка лукавост треба да биде ем морална норма ем закон за преживување, ем оправдување за двете. Неговата кукавичка алчност треба да биде жолтиот пламен во „непрекинатата ноќ на сметководителите на станицата на втората зона“. Притоа Митревски, иако божем се поставува во безличната „средина“ („не сум ти ја ни партизан ни германец, не сум ти ни чифутче нит фашистче“), јасно ја избира страната на оние (кои го плаќаат, се разбира) кои „барем нешто градат“ (за разлика од другиве злотвори и такуѓере неградители - што фино ни го објасни Ацо Поповски претходната недела - кои Скопје го држеа оковано во пранги педесет години со „ќустендилски“ - според Горазд Чаповски - празниот плоштад. Патем, памти ли некој дали во славното „Досие Скопје“ на Дарко и Ацо (некогашните Мирко и Славко) имаше барем троа пософистициран и покомплексен прилог за градот, надвор од мангупските финтички и продавањето маалски сентименти?! Се спомна ли во „Досие Скопје“ некоја важна скопска зграда или некаков архитект? Да се спомнеа, можеби на народот баш и немаше да му биде сеедно уништувањето на Це-Ка?! Можеби по некој „од народот“ ќе продумаше по некој срамежлив збор против СК014, ако имаше некаков урнек претходно, некакво знаење, став и храброст?! Не ли ви се чини дека кичерската носталгија „по старо Скопје“, која наголемо ја ширеа Дарко Митревски и Данило Коцевски, е многу важна состојка и мотив за СК014?!

Дарко Митревски и Ацо Поповски, како извежбани трговци-поединци, политичарчиња-за-себе, т.е. демагози-тезгароши, совршено знаат да се позиционираат во СРЕДИНАТА. (И двајцата произлегуваат од локалната школа на демагози-виртуози која овде има долга традиција). Феноменот на средината, за кој зборуваме, минатата година феноменално го објасни Зоран Димитровски, главниот уредник на „Дневник“: „Вистината, се разбира, секогаш е некаде на средината. Груевски не е ниту Хитлер, ниту Александар.“ Истото го вели, горе-долу, и Дарко Митревски: „Дај, бре, скопски фолиранти и соросоиди, олабавете, Грујо не е ни Хитлер ни Александар, туку некаде во средина!“’

Тој феномен за кој подлецот мисли дека е добитна комбинација во сите времиња и сите простори („Те поздравувам, Чаршијо, на сите четири страни“ - се изговара секој ден, како утринска молитва) Ролан Барт го нарекува нит-нитизам (neither-norism). Станува збор за вазалска и анестетичка стратегија на преживување во лоши времиња (а овде сите времиња се лоши, што значи дека нит-нитизмот е вечен и универзален). Божем во моментов ги отфрлаш и ВМРО и СДСМ како две страни на една иста сосема девалвирана монета; но монетата всушност ја буткаш в џеб. Тајно им намигаш и на едните и на другите. По хаустори, крчми и темници лижеш шеќер од дланките на двете (понекогаш лижеш и нож, пот, страв, но битно е да си со двете, со „народот“, во средината). Јавно си нит-нитист, ги отфрлаш „екстремностите“ и заземаш позиција на објективен и неутрален судија, оној што ја застапува самата правда. Но, како што забележува Барт, дури и ако светот на овој начин навистина може се сведе на судир на спротивности, не постои неутрално место од коешто може да се суди за тој судир: „нема спас ни за судиите, и тие самите и тоа како се определени“. Во потрагата по оваа невозможна неутрална позиција, демагозите-тезгароши се обидуваат да се сместат те во „научната објективност“, те во аисторичноста на личното искуство, те во „неутралноста и естетичноста на културата“. Истото школски го прави Дарко Митревски, самиот совршено артикулирајќи ја сопствената морална ништожност: „Менталитетот на мојот народ е моја лична болка. Болка за која немам лек, а по вокација не сум повикан да имам решение“.

Ваквото морално самоубивање на Дарко Митревски (но и на Ацо Поповски, Столе Попов, Милчо Манчевски, Горан Стефановски - да се задржиме во пригодава само на дел од најизвиканите режисери и сценаристи) во Србија го нарекуваат „мрестење на краповите“. Фразата е искована во времето на офанзивата на руските и партизанските сили врз Белград 1944 година, во текот на која Радио Белград имал емисија за тоа како се мрести крапот. Така и Милошевиќ во време на егзодусот од Краина и Босна имаше сплетови на народни песни и игри на РТС и на другите режимски медиуми. Ние си ги имаме турските серии и - ќе биде, голем е господ - филмовите на овдешните режимски љубимци, нашите кустурици и драгоевиќи. Се разбира, многу брзо се видело дека мрестењето на краповите не може да го спречи преминувањето на Белград во други раце, но тоа е веќе друга приказна.

На крај, наспроти бладањата и нискостите на Дарко Митревски, сакам да го истакнам својот придонес низ годиниве ЗА едно цивилизирано, отворено, космополитско и демократско Скопје кое, меѓу другото, може да се создаде со борба ПРОТИВ гламуризацијата на простаклукот наречена СК014. Значи, не правев макети од пластелин, ниту цртав „поубави“ скопски згради од оние на пастирот, туку читав и пишував, го правев она што го знам и се борев за својот град онака како што знам. Напишав педесетина текстови за чудесновишниот проект на пастирот и учествував во низа граѓански акции ПРОТИВ СК014, а ЗА европско, демократско и толерантно Скопје. Покренав едиција која се вика „Градот“ и во која досега излегоа седум наслови. На „Окно“ постои рубрика или категорија Јавни простори во која се пренесени стотици текстови за добрите светски примери како еден пристоен град, насочен кон потребите на своите граѓани, треба да изгледа. Притоа, ризикувајќи и самиот да бидам прогласен за демагог, сепак ќе соопштам дека не сум земал хонорар за речиси ниту еден текст што сум го напишал за СК014. Неделникот „Глобус“ кајшто пишував до пред две години беше банкротиран една година пред да згасне, а на „Окно“ волонтирам четири години и пишувам бесплатно.

Уште поважно е да се нагласи дека баш и не сум толку осамен и невидлив, како што инсинуираат подлите демагози-тезгароши. Младите луѓе од Прва Архи Бригада, на пример, имаат акции кои се состојат во обиколка на важното модернистичко архитектонско наследство во Скопје. Го прават тоа за луѓето да можат да го сочуваат барем споменот и знаењето за најдобрите згради во градот, кои се уништени или допрва ќе бидат уништени од варварскиот груевизам. Распеани Скопјани пеат и снимаат спотови против лудилото на еден забеган режим. ГЕМ одржува дебати и објавува манифести и прогласи. Стотици други луѓе, главно професионалци, повторувам, јавно го дигнаа својот глас против СК014. Десетици странски медиуми исто така со загриженост или иронија известувале за варварството што им се случува на скопјани.

Сето тоа е недоволно? Океј, недоволно е. Па, што со тоа, по ѓаволите?! Сите ние ќе испоцркаме. Сите ние сме предодредени за пораз. Дури и нашето величествено фараонче ќе биде сместено во своето јадно саркофагче декорирано ва лажна антика. Но, родени да губиме, наспроти тоа, ние треба да се бориме да победиме!

Колажи: Свирачиња

„јадење гомна“, не е

„јадење гомна“, не е „шитинг“, а „шитинг“ не е „shiteating“ (малце ти се измешале џамлиите) :)
Простено ти е, едвај средно заврши.

Не ни кажа, што е у ствари

Не ни кажа, што е у ствари јадење гомна или шитинг...а мора да знаеш штом си завршил средно без мака...не сумњам, со сите петки

Преродбеник здогледува куп

Преродбеник здогледува куп лајна на улица. Хигиеничарите поставуваат периметар околу смрдливиот објект и се спремаат за чистење. Преродбеникот им приоѓа.
- Што правите?
- Ќе чистиме.
- Како тоа ќе чистите? Што ќе стои тука после?

Хахаха, дали педерчето што го

Хахаха, дали педерчето што го става Rebolledo на неговото шлајка-блогче, ставило референца до Lemmy од Motorhead во последната реченица?

"Born to lose, live to win" - Lemmy Kilmister

Пробај да бидеш оригинален, Гелевски. И обиди се елегантно да избегнеш фрлање навреди кон други кои истовремено се соодветни за тебе („добро платен пропагандист на СДСМ“).
И не се надевај дека ќе добиеш повеќе публицитет со 'ркање на што е можно повеќе јавни личности и очекување нивен против-одговор. И Боки 13 го правеше истото, плачеше за внимание, па заврши како пропаднат турбофолкер...

Ете... отидоа и овие у

Ете... отидоа и овие у вмровци, само Коља остана да не брани, човече!

Грујо својот сељачки лего

Грујо својот сељачки лего проект го кешира со, до сеа, 300 милиони евра (народни пари). Како тоа Дарко Митревски замишља да си направиме (во пластелин, ни советува мажето Даре) свое (не негативно ами позитивно, продолжуе да советуе Даре) Скопје?! Ќе ни дае ли тој бар 300.000 евра (од својот филм, за кој пак со народни пари се искеширани веројатно пар милиончиња), да можеме да напраиме бар некоја макета и првични нацрти, за да му конкурираме на проектот на неговиот ментор и нашиот пастир?!
Одвратно е човечкото себепонижување и овдешниот капацитет за вазалство.

сите горе споменати „борци за

сите горе споменати „борци за некаква правдина“ (Прва архи-бригада, ГЕМ, Распеани скопјани итн.) се или членови на подмладокот на СДСМ или корисници на донации од СОРОС, така што нивниот „активизам“ е крајно сомнителен (т.е. за грст златници, во случајов). а за гелевски нема што да се додаде, тој е одамна познат психијатриски случај кој сам со себе си коментира под сопствените текстови или сам си ја пишува критиката на кориците од сопствените книги итн. итн.

признавам дека 60% од Скопје 2014 ни мене не ми се допаѓа, но исто така не ми се допаѓа ни кога се крева хистерична врева (од страна на гореспоменатите „активисти“) за проширување на улици кои се тесни грла во градов (Илинденска), за сечење стари дрвја од булевари (бул. Климент Охридски, тополите во Капиштец кои беа и предизвикувачи на алергии и сл. случаи), за поплочување тротоари и сл.

ајде, толку од мене

Ни Архи Бригада ни Распеани

Ни Архи Бригада ни Распеани скопјани ни Плоштад Слобода немаат ама баш никаква врска со СДСМ. Напротив! Одвратно се плашат, сите три организации, од какво било поврзување со СДСМ. Затоа пропагандата на Грујо и им го лепи тоа.
Второ, да имаа СДСМ таков тип маркетиншки стратегии, ќе беа сто пати подобра партија од што се (а се килава и медиокритетска збирштина од анахронизми и кукавици).
Трето, чисто хипотетички,и да се „отпорашите“ инсталации на СДСМ (а не се, и тоа се глеа од авион) - каков проблем имаме тука?! Кога целата држава, полиција, судство, медиуми итн. се впегнати во кампањата на ДПМНЕ и ДУИ, зашто СДСМ не би смеел да формира хор од десет девојчиња кои ќе пеат партизански песни?!

„Ни Архи Бригада ни Распеани

„Ни Архи Бригада ни Распеани скопјани ни Плоштад Слобода немаат ама баш никаква врска со СДСМ. Напротив!“

Добро бе партизану, ти се праиш будала или таков си од раѓање? За кого збориме, за ќерки на министри, внуци на премиерки, све се од тие од твоите партизански деца се нацртале таму, демек протестираат, а кур ги боли за Скопје, ги боли само зошто они не се на тие функции што им ги грабнаа тоа вмровците. Пошто тоа им е фотеља од дедо партизан во аманет оставена и друг не смее таму да чепка.

Жити душа кажи шо спаѓа во

Жити душа кажи шо спаѓа во тие 40%.

Одличен текст. Ќе остане за

Одличен текст. Ќе остане за памет и како документ за децении нанапред.

Да прашам: Гелевски цело

Да прашам: Гелевски цело време е обвинуван дека е „психијатриски случај“ затоа што си коментирал под сопствените текстови. Како на вазалите на пастирот, кои гмизаат зад него, Протуѓер, Димовски и Бичиклиски како црви (како змии околу трње) не им боде очи што пастирот потроши неколку стотици милиони евра изминативе години - за сопствено себерекламирање?! Гелевски е сосем луд зашто „се рекламирал сам себе“ (каков перверзен манијак, боже!), а мали црни Грујо е историска величина зашто за себерекламирање потроши стотици милиони евра наши пари?! Која е тука логиката?! И како тоа вмровците нон-стоп коментираат кај човек кој никој не го чита и кој самиот си ги пишува сите коментари?! (Само за следење на Окно, ДПМНЕ троши неколку илјади евра годишно)

„Само за следење на Окно,

„Само за следење на Окно, ДПМНЕ троши неколку илјади евра годишно“

Коља, знам дека плачеш за внимание, ама еве ти еден момент сурова вистина: никој не ти го чита сајтов по партиска нарачка и никој не ти остава коментари од штаботи на ВМРО.

Кој параноик еј, ти ствано имаш психички проблеми!

И друга работа: зашто парите

И друга работа: зашто парите на Сорос се отровни и опасни и неморални?! Груевистите за лични ќефови, за лажење и крадење користат лично наши народни пари, и они се океј, а некој што добил некој јаден грант од Сорос е предавник и грчки платеник?! (Патем, Грците не го поднесуваат Сорос и велат дека Сорос е македонски човек и застапник на Македонија во САД.) Има логика? Нема, ама тоа е карактеристика на пропагандата на ДПМНЕ - нема логика, ама има емоции, лага и манипулација со предрасуди.

Парите на Сорос се нечисти

Парите на Сорос се нечисти затоа што човекот е познат по сивите бизниси и перењето пари. Парите што ги добивате од неговите фондови не се воопшто малку, само Героски има купено над 10 стана во Скопје во последниве неколку години.

И нема никаква врска твоето тврдење дека Грците го сметаат Сорос за македонски застапник, тоа е чиста глупост. Ако навистина работи за македонските интереси, зошто тогаш финансира луѓе кои работат за грчките наци интереси?

Извини на изразот појаснувач

Извини на изразот појаснувач ама, ко по прв пат ги видов ЈНА и илинденска без дрва.....ми личеа на искубани кокошки или на бричени пу..и...

пријателе, така е секогаш на

пријателе, така е секогаш на почетокот, ама сега там се засадени нови дрвца, кои не предизвикуваат алергиски реакции кај скопјаните. за некоја година таму ќе си има убави дрвореди. за Илинденска најголем проблем се небојадисаните фасади, кои оставаат многу грда слика за тој дел од Скопје, иако токму тој дел е еден од поубавите и посредените.

Ако нешто можеби и му оди во

Ако нешто можеби и му оди во прилог на Д Митревски е филмот Трето полувреме, со кој ги ивади од памет Бугарите. Таму ечат канонади на протести против овој филм, што според нив е „фалшификација„ и му го „подметнува„ Холокаустот на бугарскиот народ, кој всушност како што смета официјална Софија ги спасувал Евреите. Инаку не се сомневам дека ДМ се упикал во г“з на режимот. За мене, тој како филмаџија е апсолутно неинтересен, а кога одеше серијалот за Скопје, го менував каналот. Дека ДМ за сегашново Скопје всушност „го боли к.р“, му верувам на Коља. Впрочем, да не беше скандалот со Трето полувреме кој го врати на површина, ќе останеше заборавено ова смешно човече. Кое ете имало голем апетит за пари.

Да појаснам зошто го

Да појаснам зошто го акцентирав приемот на филмот Трето полувреме во Бугарија. Не заради желба да се иритира по секоја цена тамошната јавност, туку овој филм со шокот што таму го генерира, сјајно си ја одработува задачата да го де-романтицизира ставот на бугарската политика кон Македонија и ги прави свесни за погрешноста на нивната претстава за Македонците. Тоа, заедно со гротеската на проектот Скопје 2014, кој исто така со подбив беше третиран во тамошните медиуми, е одлична основа за одвраќање од експанзионистичките планови на Софија, која наместо браќа Б“лгари, наидува на тотално неразбирливи и непожелни соседи.

Да го позиционираш филмот на

Да го позиционираш филмот на Митревски како инструмент на надворешната политика е не само де моде, туку и непродуктивно.
И тоа дека Ск 2014 и Трето полувреме се "одлична основа за одвраќање од експанзионистичките планови на Софија, која наместо браќа Б“лгари, наидува на тотално неразбирливи и непожелни соседи" е несомнено плитко ниво за поимање на културно историските релации и идните проекции.

Ефектот што се постихнува со

Ефектот што се постихнува со филмот е тој. Барем во поглед на ставот на бугарската политичка јавност. Се надевам дека има и нешто вредно во него, барем заради споменот на жртвите од Холокаустот. Поимањето можеби е плитко, ама на фонот на општата културна и општествена катаклизма која ја створи груевизмот, не се срамам ако сум се конформирал со општиот тренд. Сепак, мислам дека е добро што овој филм, и спомениците од ск 2014 ги отуѓуваатт двата народи, оти со засилениот притисок на официјална Софија, станува се понеподносливо насилното зближување на двата народи, или враќањето на Македонците кон корените - како што веројатно тоа се интерпретира во Бугарија. Заедничкото славење на Груев, Т Александров, можеби утре и на повампирениот Михаилов се загрижувачки знаци за фрагментирање на македонската нација по линиите на поделбите од пред младотурскиот период, на егзархисти, патријаршисти и сл.

Она што реално загрижува е

Она што реално загрижува е колку малку се трудиме необременето да ги исперцепираме државите околу нас, нивните официјални ставови и јавното мнение таму, не само за прашања што директно не тангираат.Тоа е парохијалната ретардираност наша, работите да ги правиме до пола, да ги оставаме да се заборават, свртени сами кон себе, кон нашите проблеми - горделив џуџест етноцентризам.
Меѓутоа, времето не лечи се.
91 дојде, но таа година не завршува. Здравиот разум обврзува самостојноста и независноста постојано да се потврдува, реоценува, па и да се слави, со секојдневен иден аманет дека МК е многу налик на Израел, посебно по однос на геополитичките ризици, што демнат и добиваат нови форми, црвени линии...
Да се биде параноичен, па да, нон стоп.
А кога ќе го гледам филмот и директно ќе ти одговорам.

Tekstot e realen, no mislam

Tekstot e realen, no mislam deka nepotrebna pizma se frla na Aco Poposki i Goran Stefanovski. Go citav intervjuto vo Gragjanski i mislam deka covekot eksplicitno se proiznese protiv ovakvo Skopje. Negovata vizija e statua so kniga vo raka, sto i e nekakov adut na ova parce teritorija na Kiril i Metodi se razbira osven vinoto i frenkite.
A za Mitrevski se stoi, a kako dopolnuvanje ne ubeduva deka Makedonija e raj za sreken zivot potencirajki nekoi negativni momenti od razni evropski drzavi. Toa go govori negovoto bogato iskustvo setajki ja Evropa!!! Dobro e sto ovakvi lugje se vrakaat kaj nas posle razocaruvackiot obid da se dokazat na evropskot tlo, bidejki samo so takvi otrezneti glavi ke moze ovaa zemja da odi napred. Negovata kolumna me ubedi i jas veke ne sonuvam da gi posetam Praga, Madrid i Rim, ke uzivam na nasiot plostad. Kako sto edna srpska pesna veli "moe selo lepse od Pariza"

Се согласувам со вас дека

Се согласувам со вас дека ставањето во ист кош на Митревски, Поповски и Стефановски не е соодветно. Сепак, ми се чини дека зборот на Горан Стефановски, кој на некој начин е „скопски автор“, со скопски теми, предолго отсуствува од нашата јавна сцена, особено во контекст на груевистичкиот варваризам. Горан Стефановски, згора, е и академик, а и таа институција си има свои незаобиколни јавни одговорности. Примерот, пак, со интервјуто на Ацо Поповски за Граѓански, го дадов не за да го илустрирам конвертитството на Поповски (такво нешто не постои), туку чистата едноставна негова демагогија, која можеби повеќе наликува на идејна и политичка конфузија (за разлика од бесрамниот прагматизам на Митревски). Во секој случај, можеби не е доволно внимателно од моја страна што ги ставив во ист кош. Ви благодарам за забелешката!

Se ispravi za Aco i za Goran

Se ispravi za Aco i za Goran , sega fali uste da se ispravis za Milco, i po moe mislenje ne samo da se ipravis nego i lagano da se izvinis.
Nikoj ko Milco gi nema zaebano ovie em im gi sobra parite em gi napravi paraspur.Dur se zivi ke mu pamtat.Za takvi raboti treba i kurnazl'k ama i hrabrost.

Комплетно се согласувам.

Комплетно се согласувам. ДПМНЕ фрлаше дрва и камења врз „Мајки“, од една едноставна причина: се препознаа себеси

Hmm, uste 2 - 3 vakvi

Hmm, uste 2 - 3 vakvi zabeleski od citateli i ke si go smenis mislenjeto? Pu pu ne vazi? Pa ne si go procita tekstot pred da go pratis? Ili od brzanje i bes ti snema vreme? Mnogu si gneven be Nikola, mnogu! Idi napravi nesto ubavo za sebe, kupi si sladoled, cokolado, malku poveke seks mozda ne e losa ideja namesto da sedis i pisuvas komentari na svoj tekst. Bas e fino nadvor vecerva!

Ле Б, пишувањето не е мавтање

Ле Б, пишувањето не е мавтање со сатар и одвојување на големи парчиња. Обична нијанса може да биде пресвртна или драматична. Употреба на синонимен збор може да го наруши разбирањето. Да не зборуваме како зборовите одѕвонуваат различно во илјадниците туѓи уши! Некои софистицирани, некои груби, глуви... Не си го менувам мислењето туку така. Но уважувам разумни аргументи. Размислувам за секој збор, за секоја формулација. Велам - можеби несоодветно, не погрешно. Се трудам да (до)објаснам. Ниеден текст не е затворен. Коментарите, меѓу другото, служат за тоа. Нов век е. Медиумите се други. Интерактивноста е важна димензија на текстуалноста. Не сум месар, не сум апсолутен арбитар. Го кажувам своето мислење и се трудам тоа да биде артикулирано, поинакво, провокативно и со стил.

Seedno. Posle tolku napisani

Seedno. Posle tolku napisani kolumni i tekstovi, covek, neli, bi se steknal so iskustvo da znae da si go odmeri zborot ili da go izbere najadekvatniot opis na nestata ili jasno da si ja kaze mislata. A interpretacii i misinterpretacii na tugji zborovi, tekstovi, misli i idei ke ima sekogas. Vo sprotivno, stavi si opcija "edit" do tekstot, pa koj kako zalae - zatni mu ja muckata!
Tuku, velam jas - mnooogu gnev i loshotilak, mnogu! A ne me poslusa za sladoledot.

Таквите багови во

Таквите багови во резонирањето не се регистрираат од просечниот груевист.
Ај сето тоа, зошто упорно и упорно го конзумираат Окно?

Ne sum nicij apologet;

Ne sum nicij apologet; edinstveno sakav da go iskomeniram Popovski bidejki so negovata kolumna celosno se soglasuvam. Na slicen nacin ja pocituvam i mislata na Koljo a zgora na toa se divam na energijata koja ja dava da se bori so ova ludilo koe na zalost stanuva nasa sekojdnevna realnost. Mozebi ludite sme jas i Koljo sto mislime na ist ili slicen nacin. I da e od lukrativni motivi od negova strana, no bar pokazuva rbetnistvo.
Sakav da kazam deka gi razbiram i Popovski i Stefanovski koi smetaat deka trosenje na energija da se smenat rabotite vo MK e zaludno.Daj boze da gresam i taa borba da ne e donkihotovska. Zatoa i Popovski veli deka gledajki vesti na televizija krisum se smee, da ne ispaden lud, zatoa sto mozebi poveketo se vo pravo.
I ovaa i prethodnite garnituri se samo simptomi na edna nerazviena nacionalna svest a pred se na nerazvieno ili pogresno nasoceno vo razvojot opstestvo. Se sto se desava e ogledalo na istata taa svest. A ovaa bolest mora kauzalno da se tretira inaku ima opasnost od recidiv. Toa bara revolucija, vo svesta ili ulicna ako sakate. Samo so kogo i kade?!

Bash fino. Vidish, da ne

Bash fino. Vidish, da ne veruvash, komentari polni so sochustvo, razbiranje, izvinuvanje, obid za konstruktiven razgovor i nema pcovki.

Плум, немој да ми кажеш дека

Плум, немој да ми кажеш дека си од вмро! Баш вие сте културни, толерантни, демократи, не лажете, не крадете...

Geze, te pozdravuvam so

Geze, te pozdravuvam so nekolku strofi B. Dylan,

We live in a political world
Where courage is a thing of the past
Houses are haunted
Children unwanted
The next day could be your last.

We live in a political world
In the cities of lonesome fear
Little by little
You turn in the middle
But you're never sure why you're here.

We live in a political world
Turning and trashing about
As soon as you're awake
You're trained to take
What looks like the easy way out.

Па, па, па. Вмровец, па го

Па, па, па. Вмровец, па го слуша Боб Дилан. Евидентен прогрес!

Еве уште малку од чичко Боб:

Man gave names to all the animals
In the beginning, in the beginning
Man gave names to all the animals
In the beginning, long time ago.

Next animal that he did meet
Had wool on his back and hooves on his feet
Eating grass on a mountainside so steep
"Ah, think I'll call it a sheep".

Shto se vregjash taka

Shto se vregjash taka lesno?
Me prashuvash dali sum VMRO?
Sho da ti kazam?!Da gi opcujam treba?
Samo sakav da gi pofalam vozdrzhanite i korektni komentatori, bez ironija, na shto si naviknal, pretpostavuvam.

Дарко го брани проектот Шкупи

Дарко го брани проектот Шкупи 2014... аии паша зот, а ми беше сомнителен со текстот кај другар му офнет, каде што плука по Париз како бил за нигде и прљав и смрдел, и сега Скопје е боље од Париз!? Ц, ц, ц...

Еве ги, според мене,

Еве ги, според мене, демагошките, контрадикторни, конфузно иронични или божем идеалистички парчиња од интервјуто на Ацо Поповски за Граѓански:

Јас не мислам дека власта прави нешто лошо со своите постапки. Јас ја почитувам власта во нејзината далекувидост. Народот не го бидува. Нас ни е добра власта, ние треба да си го смениме народот. Власта е мудра и совршена. Мене таа бескрајно ми се допаѓа. Таа одлично го детектирала прагот на газниот мускул. И сега пенетрира ли, пенетрира. Па, не можеш да му се лутиш некому затоа што те насадил, кога ти си му ги отворил портите на рајот. Се’ е на распродажба затоа што светот стои на правилата купи-продај. Треба да го смениме светот. Кога наместо економијата ќе владеат законите на природата, ништо нема да биде на продажба.

Би сакал да ги видам професорите како секоја недела освојуваат по еден објект од СК014. Во секој случај, сакам искрено да им честитам на владата и на градоначалникот на Скопје за СК014. Тие покажаа дека кога нешто ќе смислиш и кога имаш план, можеш да направиш што сакаш. По цена на другите тоа да не им се допаѓа. По која било цена. Важно е да ти се допаѓа тебе, ти кој го градиш. Им благодарам за тоа, затоа што јас ќе го направам истото кога за десет години ќе станам градоначалник на Скопје. Ќе го направам Скопје по мое! Даскал наместо воин!

Треба нова војна. Оваа последнава не ја бидуваше за ништо. Победија лошите сои знамето на демократијата. Овој свет не е добар. Економијата мора по секоја цена да биде замената со екологија. (...) Ме прашуваш дали би се согласил на компромис.. Ние сме земја во која е искована формулацијата - разумен компромис. Оттуку па натаму се’ е полесно.

а за иронија си слушнал?

а за иронија си слушнал?

Кога иронијата е конфузна таа

Кога иронијата е конфузна таа се претвора во демагогија. Та така интервјуто на Ацо цело време се клацка помеѓу конфузна иронија и демагогија. Повиците да се сруши светот најчесто изгледаат депласирани дури и кај декласирани осумнаесетгодишњаци, а камоли кај ценетиот припадник на општествената елита, Ацо Поповски.

„Кој мисли како мене, нека ме следи“ - со вакви испразни бомбастичности преполно е интервјуто на Ацо. Но, и покрај лошата иронија и демагогија, тоа интервју барем не е толку перфидно и ниско како тоа на Дарко. Во таа смисла, не ги изедначувам, но наоѓам одредени сличности меѓу нив и ги критикувам.

Коља, во ред, мислам ти си со

Коља, во ред, мислам ти си со овој културно-публицистички бекграунд, па можеби ти е предизвик да се занимаваш со она што го натрупале некакви (извикани, тнр) културни дејци. За мене овие шутраци не заслужуваат никакво внимание, но еве доколку крцкаат државни фондови - секако дека е легитимно да се опсервира нивниот ангажман. Но овоие моронштини што ни ги посредуваше, како цитатот од извесниов А.П. се кал и измет и убава илустарција на дилентатизам и безвредност. Апсолутно, ментални мастурбации на некој никаквец. Ти дури им укажуваш чест, што ги сметаш доволно сериозни за било каква анализа.

Не ги анализира, Коља се

Не ги анализира, Коља се обидува да добие внимание (зашто е attention whore) со тоа што ќе изнуди одговор од оние кои ги плука во текстот.
А дали пак тие ќе го сфатат сериозно и ќе му посветат внимание со тоа што ќе му вратат нешто слично во некој нивен нареден текст, е тоа е друга работа.

Ми се чини дека навлегуваш во

Ми се чини дека навлегуваш во мотивот на Поповски, затоа што, јасно, без него секоја анализа би била бескорисна.
Меѓутоа се сведува на прагматично избрани јазични конструкции и дали успешно го артикулира ставот што го има - тој избрал да соработува со институциите на системот(не го погани изворот од кадешто пие, но сака да плукне, крадешкум)
А ако е откриен, вели-плуканицата моја чисти,благородна Е.

instituciite na sistemot i

instituciite na sistemot i fondovite ne pripagaat na vlasta tuku na graganite na rm. toa sto se izvrte logikata na gledanje na rabotite deka vmro e drzavata e drug problem. ottuka se site pogresni zaklucoci.

Нема ни институции, па ни

Нема ни институции, па ни систем. Има башибозук и јавашлак, а тоа на модерниве ’комити’ им прилега, ото се наследници на ајдуците од отоманското време, а за нив да се биде Турчин наместо Турчинот било императив.

shiteating=шитинг

shiteating=шитинг хахахахахахахах авторот е лудило од полиглот.

Конечно некој се осмели да ги

Конечно некој се осмели да ги деконструира овие пулени (а воедно и жртви, барем така сакаат да се претстават), кои живеат како крлежи во сите системи и се прилагодуваат како камелеони на сите „побарувања“. Милчо, а за жал и Дарко и Ацо, се опасни типови кои креираат јавно мислење а згора на се’ луѓето им веруваат.

Многу храбро Гелевски - денес дури е полесно да го критикуваш Фрујо, отколку да ги разобличиш „трговците поединци“ кои се задскриваат зад својата „дарба“. Следниот чекор е, претпоставувавм, споменици да има изградиме на споменатите, директ до Александар Велики.

прдеж, кукавица, така-речи

прдеж, кукавица, така-речи ПИЧКА, го читав сега у новамракоња со познатите му тикви и расол приказни, таквите скопско-паткофски маалско фалбаџиски и смдреш финти полу-финти комплот од безличност и денгубништво и 'комплицираното' у стваро приземно простодушно шалабајзерско друштво со гнездото на скопските шалабајзерски пиздопотпирачи Трендо (јеботе надимак јеботе грд началник на скопје, замисли која умислено-уображена замисла, на кој тоа му текнало, абе?) и него, сериозно ми се гади од пиздинската дволичност и говнојат од дистанца на арбитар, јеботе будала. тие се истите квичи-пичи курви кои стојат пред порта на влада и какаат како пари се даваат, како мора да се одработи и нек не кења, пизда една идиотска. камо бе чоече, асолен чоек уметник шо ќе види нешто у зборот ривалство или писателство? се претставуе ко режисер, и пишуе глупости и ја зема позицијата на писатели кои треба да се присутни у весниците. он знаеш шо вика, ја и ти се познаваме и немој да сереш коа те игнорирам; МОРОН! добро бе идијоту ДМ, камо жестина и животинско дивјачка смисла за полемика шо ти ја нудат овде, ПИЗДО една. пизда (он фура оној филмот на манакенки у филм, да лепат народ, една полу празна прибелешка, вака анти-фашистички)

Добро бе несреќо една, не те

Добро бе несреќо една, не те научиле да не пиеш метил алкохол?

поради шпаиз-шалабајзери

поради шпаиз-шалабајзери скопско-паткофци ко тебе пишувам (амонг адр), да те боли глаа 3 ноќи, да не заборавиш 1 година

Слични содржини

Никола Гелевски

ОкоБоли главаВицФото