Мрестење на краповите (Демагогот-тезгарош)

04.09.2012 13:07
Мрестење на краповите (Демагогот-тезгарош)

Општо е познато дека бетер од комунистот е само антикомунистот. Но, дали има дабетер од комунистот и антикомунистот? Ми се чини дека има. Неговото име е демагог-тезгарош. Кои се карактеристиките на демагогот-тезгарош? Со мала помош на Виктор Иванчиќ и Радомир Константиновиќ, накусо ќе ги набројам. Како прво, демагогот-тезгарош е мајстор е за „јадење гомна“, т.е. за шитинг (shiteating): проговара од гола нужда, а јавноста е задолжена за тегобните активности на варењето. Второ, демагогот-тезгарош троши огромна енергија на целата паланка да и’ објасни дека тукашниот олош е само олош од нужда. Трето, демагогот-тезгарош својата личност му ја изнајмува на тековниот режим (rent-a-person), како за потребите на режимот, така и за своите лични потреби. Четврто, името, презимето и интегритетот на демагогот-тезгарош имаат својства на меур од сапуница. Петто, тој го еманира духот на колективната волја, духот на колективизмот кој нè зема под свое, кој нè штити од сè , а пред сè од самите нас. Шесто, тоа е дух кој се обидува својата коб да ја преобрази во своја привилегија. Седмо, демагогот-тезгарош е вешт и интелигентен, но обично една работа не зема предвид - очите.

За веселите и корисни особини на демагогот-тезгарош уште еднаш станав свесен некни, читајќи го интервјуто на филмскиот режисер Дарко Митревски во неделникот „Граѓански“. Такво количество на перфидна ситнотрговска манипулација одамна немам прочитано. (Лажам, блиску до високите тезгарско-демагошки нивоа на Митревски претходната недела се доближи друг филмски режисер, Ацо Поповски, исто така во интервју во истиот неделник.)

Та така некогашниот „партизан“ Дарко Митревски ќе рече:

„Но, што покажаа опонентите на овој проект? Иста таква анимација со некои подобри идеи? Или, пак, распишаа конкурс ’Анти-Скопје 2014’? Или, пак, истапија со архитектонски решенија што ќе понудат поинаква опција за Скопје? (...) Не. Тие само биле (и сè уште се) протов ’Скопје 2014’! Но, дозволете да забележам - да бидеш само против не е доволно. Да бидеш само против не носи плодови. Да бидеш само против - не е доволно за да станеш рамноправен противник.“

Цитираниот пасус го објаснува моето тврдење дека Дарко Митревски е демагог-тезгарош. Или, скратено: подлец. Не само што Митревски го амнестира и безочно му се упикува на груевистичкиот режим за грст сребреници (вистина, чаршијата вели дека грстот е бабачки), туку ги множи со нула сите оние кои вака или онака му се спротиставиле на монструозниот проект СК014.

Та така Митревски продолжува:

„Муабетот ми е: сè додека слушаме исклучиво гласови ’против’, во дебатата за проектот ’Скопје 2014’ ќе бидат вклучени само оние од власта и оние од опозицијата - и никој кој не е партиски определен нема ниту да посака ниту, пак, да може да заземе страна бидејќи втора страна (односно, втора опција) во моментов едноставно нема. Кога ќе има две страни кои наместо ’против’ се залагаат ’за’ - едната за едно, втората за нешто сосема друго - дури тогаш ќе имаме цивилизирана дебата, па ќе можеме да кажеме кое ’за’ повеќе ни се допаѓа.“

Што да му каже човек на Дарко Митревски, некогашниот добро платен пропагандист на СДСМ, за ваквите нискости, подлости и перфидности кои произлегуваат исклучиво од среброљубие?! Илјадниците текстови на стотици компетентни луѓе пред сè од сферите на уметноста, архитектурата и урбанизмот Митревски ги гази и левтерно ги поништува како „нестав“, како бедно квичење кое воопшто не се ни слуша (не постои), а камоли да произведува некаков ефект. И тоа е крунскиот аргумент на Митревски: неговото глувило е немост на светот. Неговата сељачка лукавост треба да биде ем морална норма ем закон за преживување, ем оправдување за двете. Неговата кукавичка алчност треба да биде жолтиот пламен во „непрекинатата ноќ на сметководителите на станицата на втората зона“. Притоа Митревски, иако божем се поставува во безличната „средина“ („не сум ти ја ни партизан ни германец, не сум ти ни чифутче нит фашистче“), јасно ја избира страната на оние (кои го плаќаат, се разбира) кои „барем нешто градат“ (за разлика од другиве злотвори и такуѓере неградители - што фино ни го објасни Ацо Поповски претходната недела - кои Скопје го држеа оковано во пранги педесет години со „ќустендилски“ - според Горазд Чаповски - празниот плоштад. Патем, памти ли некој дали во славното „Досие Скопје“ на Дарко и Ацо (некогашните Мирко и Славко) имаше барем троа пософистициран и покомплексен прилог за градот, надвор од мангупските финтички и продавањето маалски сентименти?! Се спомна ли во „Досие Скопје“ некоја важна скопска зграда или некаков архитект? Да се спомнеа, можеби на народот баш и немаше да му биде сеедно уништувањето на Це-Ка?! Можеби по некој „од народот“ ќе продумаше по некој срамежлив збор против СК014, ако имаше некаков урнек претходно, некакво знаење, став и храброст?! Не ли ви се чини дека кичерската носталгија „по старо Скопје“, која наголемо ја ширеа Дарко Митревски и Данило Коцевски, е многу важна состојка и мотив за СК014?!

Дарко Митревски и Ацо Поповски, како извежбани трговци-поединци, политичарчиња-за-себе, т.е. демагози-тезгароши, совршено знаат да се позиционираат во СРЕДИНАТА. (И двајцата произлегуваат од локалната школа на демагози-виртуози која овде има долга традиција). Феноменот на средината, за кој зборуваме, минатата година феноменално го објасни Зоран Димитровски, главниот уредник на „Дневник“: „Вистината, се разбира, секогаш е некаде на средината. Груевски не е ниту Хитлер, ниту Александар.“ Истото го вели, горе-долу, и Дарко Митревски: „Дај, бре, скопски фолиранти и соросоиди, олабавете, Грујо не е ни Хитлер ни Александар, туку некаде во средина!“’

Тој феномен за кој подлецот мисли дека е добитна комбинација во сите времиња и сите простори („Те поздравувам, Чаршијо, на сите четири страни“ - се изговара секој ден, како утринска молитва) Ролан Барт го нарекува нит-нитизам (neither-norism). Станува збор за вазалска и анестетичка стратегија на преживување во лоши времиња (а овде сите времиња се лоши, што значи дека нит-нитизмот е вечен и универзален). Божем во моментов ги отфрлаш и ВМРО и СДСМ како две страни на една иста сосема девалвирана монета; но монетата всушност ја буткаш в џеб. Тајно им намигаш и на едните и на другите. По хаустори, крчми и темници лижеш шеќер од дланките на двете (понекогаш лижеш и нож, пот, страв, но битно е да си со двете, со „народот“, во средината). Јавно си нит-нитист, ги отфрлаш „екстремностите“ и заземаш позиција на објективен и неутрален судија, оној што ја застапува самата правда. Но, како што забележува Барт, дури и ако светот на овој начин навистина може се сведе на судир на спротивности, не постои неутрално место од коешто може да се суди за тој судир: „нема спас ни за судиите, и тие самите и тоа како се определени“. Во потрагата по оваа невозможна неутрална позиција, демагозите-тезгароши се обидуваат да се сместат те во „научната објективност“, те во аисторичноста на личното искуство, те во „неутралноста и естетичноста на културата“. Истото школски го прави Дарко Митревски, самиот совршено артикулирајќи ја сопствената морална ништожност: „Менталитетот на мојот народ е моја лична болка. Болка за која немам лек, а по вокација не сум повикан да имам решение“.

Ваквото морално самоубивање на Дарко Митревски (но и на Ацо Поповски, Столе Попов, Милчо Манчевски, Горан Стефановски - да се задржиме во пригодава само на дел од најизвиканите режисери и сценаристи) во Србија го нарекуваат „мрестење на краповите“. Фразата е искована во времето на офанзивата на руските и партизанските сили врз Белград 1944 година, во текот на која Радио Белград имал емисија за тоа како се мрести крапот. Така и Милошевиќ во време на егзодусот од Краина и Босна имаше сплетови на народни песни и игри на РТС и на другите режимски медиуми. Ние си ги имаме турските серии и - ќе биде, голем е господ - филмовите на овдешните режимски љубимци, нашите кустурици и драгоевиќи. Се разбира, многу брзо се видело дека мрестењето на краповите не може да го спречи преминувањето на Белград во други раце, но тоа е веќе друга приказна.

На крај, наспроти бладањата и нискостите на Дарко Митревски, сакам да го истакнам својот придонес низ годиниве ЗА едно цивилизирано, отворено, космополитско и демократско Скопје кое, меѓу другото, може да се создаде со борба ПРОТИВ гламуризацијата на простаклукот наречена СК014. Значи, не правев макети од пластелин, ниту цртав „поубави“ скопски згради од оние на пастирот, туку читав и пишував, го правев она што го знам и се борев за својот град онака како што знам. Напишав педесетина текстови за чудесновишниот проект на пастирот и учествував во низа граѓански акции ПРОТИВ СК014, а ЗА европско, демократско и толерантно Скопје. Покренав едиција која се вика „Градот“ и во која досега излегоа седум наслови. На „Окно“ постои рубрика или категорија Јавни простори во која се пренесени стотици текстови за добрите светски примери како еден пристоен град, насочен кон потребите на своите граѓани, треба да изгледа. Притоа, ризикувајќи и самиот да бидам прогласен за демагог, сепак ќе соопштам дека не сум земал хонорар за речиси ниту еден текст што сум го напишал за СК014. Неделникот „Глобус“ кајшто пишував до пред две години беше банкротиран една година пред да згасне, а на „Окно“ волонтирам четири години и пишувам бесплатно.

Уште поважно е да се нагласи дека баш и не сум толку осамен и невидлив, како што инсинуираат подлите демагози-тезгароши. Младите луѓе од Прва Архи Бригада, на пример, имаат акции кои се состојат во обиколка на важното модернистичко архитектонско наследство во Скопје. Го прават тоа за луѓето да можат да го сочуваат барем споменот и знаењето за најдобрите згради во градот, кои се уништени или допрва ќе бидат уништени од варварскиот груевизам. Распеани Скопјани пеат и снимаат спотови против лудилото на еден забеган режим. ГЕМ одржува дебати и објавува манифести и прогласи. Стотици други луѓе, главно професионалци, повторувам, јавно го дигнаа својот глас против СК014. Десетици странски медиуми исто така со загриженост или иронија известувале за варварството што им се случува на скопјани.

Сето тоа е недоволно? Океј, недоволно е. Па, што со тоа, по ѓаволите?! Сите ние ќе испоцркаме. Сите ние сме предодредени за пораз. Дури и нашето величествено фараонче ќе биде сместено во своето јадно саркофагче декорирано ва лажна антика. Но, родени да губиме, наспроти тоа, ние треба да се бориме да победиме!

Колажи: Свирачиња

Раперот е супер, и јас би

Раперот е супер, и јас би метил-алкохол земал за такво истресуење!

Darko Mitrevski,koga veli

Darko Mitrevski,koga veli deka kriticharite na Sk 2014 ne ponudile drugi reshenija, ochigledno pokazhuva totalno neznaenje ili pak e mnogu godini von Makedonija i ne znae deka PLANOVI, POSTOJAT

КАДЕ?

КАДЕ?

сметам дека станува

сметам дека станува ирелевантно дали и каде постојат планови... она што е битно е целата дискурзивна, политичка позиција на митревски и поповски и манчевски и разни други „недопирливи“ и вечни праведници. не е добро луѓе како нив, кои некогаш ги сметавме за „новите“, за „алтернативата“ на едн закоравена и зачмаена во комфор генрација, да бидат бетер од таа генерација. се нема енергија, се нема живот. заводливи фрази.... трикови, штосови... такво им е, за жал и творештвото, последниве години. што би рекле во тетатарот „ндворешни ефекти“ доминираат... па таква им е јавната и политичката позиција... како елита, блиска до бизнис и политички сектор, ама револуционери... не ја разбирам нивната концепција... а зошто мораат за револуционери да се продаваат? со боб вилсон си барем на чисто... тажно ем лажно е сето ова... би сакал да се вратат мирко и славко... но мислам дека е предоцна...

И Милчин, не го заборавај и

И Милчин, не го заборавај и Милчин.

Who the fuck is this guy

Who the fuck is this guy Gelevski?...ej "mali"..ne te uchele u maalo deka ako sakash u " trojka" za basket treba da se dokazesh...taka i ti budalo , za da mozesh da kritikuvash luge shto napravile neshto zad sebe zivotot treba i ti da napravish kolku i oni......aj zaboraviv, ti edvaj sredno zavrshi, a po se izgleda i ne te primale u niedna "trojka"

Го обожавам текстов.

Го обожавам текстов.

Текстов ќе остане во

Текстов ќе остане во историја. Секоја чест.

Таа групација која заликува

Таа групација која заликува на авангардна во скопје, и на која целиот проект ск2014 и изгледа како кич воопшто нема артикулација за припадност за да би дејствувала како некој вид на контракултура и би имала удел во донесувањето на политички одлуки. Тоа е една многу мала подгрупа што делува во склоп на матичната култура, на која веројатно припаѓам и јас, која живее во еден затвојен социјален круг кој е просторно ограничен и згора на се нема развиено свест за сето тоа. Што му е гајле на грујо за 500 луѓе што се против неговиот проект. Интелектуалецот одамана исчезна од скопје,а одлучувачки фактор стана мнозинството на малограѓанштвина што секојдневно се фотографира пред новоизградените споменици. Затоа ќе се согласам со ставот на Дарко и не ми паѓа на памет да го етикетирам или обојам партиски. Мојот совет до сите оние што се бунтуваат за ск2014 е да прошетаат преку ден низ спомениците и да увидат дека тие се општо прифатени и подржани. Зарем мал доказ ни беше новата победа на актуелната влас на предвремените избори и тоа носејќи го ск2014 на раменици. Истото ќе се потврди и на следните. Само се надевам дека ќе дојде време кога ќе бидеме во можност да правиме дислокација на сите тие начкани споменици на плоштадот.

Amin za ova.

Amin za ova.

се што пишуваш држи, уште да

се што пишуваш држи, уште да признаеше дека „авторот е соросоиден-трговец-поединец; сорос-политичарче-само-за-себе“, можда и ќе ти поверував

„...на „Окно“ волонтирам

„...на „Окно“ волонтирам четири години и пишувам бесплатно.“

па од што егзистираш, човеку?

ОкоБоли главаВицФото