Збор за глупоста или воинот на клекнат коњ

05.09.2012 13:47
Збор за глупоста или воинот на клекнат коњ

Иако исправен пред најголемото зло во историјата, чекајќи смрт во гестаповска ќелија, Дитер Бонхофер упорно тврдел дека глупоста, а не злото, е најопасниот непријател на доброто. Глупоста, за разлика од смисленото зло, е ирационална и практично непробивна за рационални аргументи: таа не се потпира на факти и нема јасна мисловна или мотивациска структура. Поради тоа најтешко се справуваме со глупаците, зашто тие не се „ограничени“ со никакво рационално знаење, објективни факти или етички норми, што ги прави секогаш задоволни со самите себеси и горди на своите глупоштии. Токму поради „ослободувачката“ неспособност да го разликуваат доброто од злото, глупаците се кадарни - со ведрина и без чувство на вина - да извршат и најчудовишни злостори.

Правејќи го веројатно највиспрениот рационален продор во сфаќањето на глупоста, Бонхофер забележува дека таа суштински и не е проблем на интелигенцијата, туку дефект на човечноста. Испаѓа дека глупавоста воопшто не е вродена, туку дека одредени прилики ги тераат луѓето да станат глупави. Тоа значи дека глупоста е повеќе социолошки отколку психолошки феномен, вид на внатрешен одговор на делување на надворешни влијанија во одредени историски ситуации. Овие ситуации се без исклучок врзани за претензиите и остварувањето на моќта и власта во човечките заедници. Оттука, колку е посилен и поагресивен развојот и концентрацијата на општествените сили на моќта – било таа да е од политичка или религиска природа – глупоста повеќе ги зафаќа луѓето. Токму поради оваа инхерентна поврзаност на глупоста и вишокот нелегална моќ, авторитарните општества изгледаат како глупави општества владеани од глупаци.

Врската помеѓу нелегалната концентрација на моќ и глупоста е веројатно единствената метафора со која може да се објасни феноменот на „проектот Скопје 2014“. И овој „проект“ настанал во интимата на еден кошмарен ум, како чиста есенција на глупоста, но вистинска глупост станал дури откога насилно се социјализирал и со злоупотреба на власта прераснал во општествена состојба измолкната на разумот. Во обидот да ја дефинираме нашава ендемска глупост, ќе се фокусираме на споменикот на Александар III Македонски, зашто тој е логото на „проектот“ и триумфално ја предводи чудовишната колона идиотски згради и невешто изделкани скулптури од „Скопје 2014“.

Клучното прашање за проникнување во оваа глупост е: зошто најголемиот државен споменик во Република Македонија е тој на Александар III Македонски? Се очекува дека нормална држава својот најголем споменик, на најпроминентното место во престолнината, ќе го подигне на историска личност најзаслужна за раѓањето и опстанокот на државата. Меѓутоа, шокантна вистина (која, вистина, никого не шокира) е што до денес не е изнајден и обелоденет ниту еден веродостоен историски факт кој може да го доведе во каква и да е врска Александар III Македонски со современата македонска држава. Ниту еден. Нула. Најсилен аргумент за подигање централен државен споменик во слава на историска личност која не придонела ништо за современата македонска држава, даде таткото на оваа колосална глупост, Никола Груевски. На прашањето (во интервју за странска телевизија) зошто грандиозен државен споменик на Александар, премиерот одговори: „А зошто да не?“

Трагичниот аспект на оваа несериозна изјава е што зад неа навистина не стои никаков скриен аргумент, план или каква било мисла, туку можеби само некаква матна и противречна детска психологија на инфериорност и самозадоволство, фрустрираност и ароганција... Чудовишната контура на оваа глупост која буквално ја замрачува виделината, прецизно е доловена со контрастот помеѓу големата сериозност и далекусежните последици од одлуката за изградба на споменикот и несфатливата инфантилност и бесмисла кои стојат зад таа одлука. Во таа празнина симболички исчезнува целиот македонски општествен проект, особено ако се сфати двојниот смртоносен ефект на овој малоумен споменички гест: со него првин се негираат вистинските заслужници за постоењето на оваа држава, и тоа сите одред, заедно со досега остварените општествени вредности, и потем сето тоа се заменува со едно арбитрарно и инфантилно ништо!

Материјализацијата на глупоста понатаму се однесува како поројна вода што се излива по најстрмиот дол, па својата нова државна и историска „вистина“ режимот ја изведува, консеквентно, на најглупавиот можен начин. Наместо за него да одлучува Собранието како за државен споменик, Александар е „шверцуван“ како општинско спомен обележје од локално значење (!), со што суштински се суспендирани уставниот поредок и правната држава. И, понатаму, за сите урбанистички, архитектонски и естетички одлуки во врска со споменикот, како да се водеше специјална грижа да бидат некомпетентни и спротивни на стручните стандарди, естетските норми и здравиот разум. На крајот, изработката на споменикот е доверена на скулпторка почетник која со својата прва скулптура, за жал, ја обнароди и својата раскошна бездарност. Македонија така доби гигантски споменик во центарот на Скопје со уметнички вредности кои не ги надминуваат квалитетите на пластичните коњаници што се продаваат како играчки на панаѓури. А на плоштадот ни „заседна“ грда, безживотна и аматерски изделкана фигура на воин закачен на трапав и отечен коњ, кој - очигледно во голема неволја - со предните нозе се фатил за невидлива слива и од голем зорт сосем неприродно потклекнал на задните, за да си ја олесни утробата... Национален резил од интергалактички размери!

Темната, бездимензионална длабочина на оваа наша споменичко–идентитетска глупост може да се опише, или барем да се обележи по рабовите, преку неверојатните контрасти и апсурди од кои е сочинета. Тоа се контрастите помеѓу изборот на овој антички јунак за македонска државна икона и неговата апсолутна ирелевантност за современата македонска држава; помеѓу значењето на локацијата и тоталната некомпетентност и бездарништво ангажирани во нејзиното уредување; помеѓу неизмерната штета за општеството и инфантилната гордост на починителите. Вистинските димензии на оваа глупоштија се веројатно недофатни за здравиот разум, но нејзините последици се веќе сосем конкретни и безмилосни. Зашто, кога ќе стане државен стандард и ќе се реализира како државна агенда – глупоста незапирливо станува злостор. Институционализирана во државна политика и излиена во бетон и бронза, оваа колосална глупост предизвика колапс на вредносните системи во земјава, дисфункција на правната држава и длабоки поделби во општеството, а со тоа прерасна во вистинско велепредавство и злостор против македонското општество и култура.

На крајот, како да се бориме со глупоста? Бонхофер тврди дека подучувањето или дебатата со глупаците е губење време и енергија, зашто глупоста не е создадена од рационална супстанца, па не може ни да биде надбиена со рационални аргументи или факти. Глупоста и глупаците се непобедливи додека владеат надворешните прилики што ги создале. Совладувањето на глупоста е затоа можно само со ослободување од неа, при што тоа е можно само како последица на елиминација на приликите во кои глупоста можела да царува. Затоа ослободувањето од глупоста што ја дави Македонија е можно единствено со соборување на режимот на Груевски и со расчистување на „Скопје 2014“ надвор од градот, во форма на градежен шут.

Колажи: Свирачиња

Кој кур им текна да градат

Кој кур им текна да градат ствари бе?
Шо не изградија нешо велелепно како „Тифани“(автор: Грчев), баш на некоја стратешка локација за да не може да се гради подземен премин!

И до кога со тоа „Македонци и Македонија“?! Не разбирате ли дека сте Словени, ама дојдени од север дишејќи со цевче и одејќи по дното на Дунав?? Пред тоа овде немало луѓе кои ви се претци, овде имало само покемони неприпитомени !

„...до денес не е изнајден и обелоденет ниту еден веродостоен историски факт кој може да го доведе во каква и да е врска Александар III Македонски со современата македонска држава. Ниту еден. Нула.“ - Грчев
(очекувајте горниот пасус да биде стотина пати реобјавен во грчки со цел да се покаже дека сепак има Македонци како Грчев кои ги почитуваат грчките наци идеали)

Наполно се сложувам со

Наполно се сложувам со авторот на колумната дека глупоста е феномен. Невозможно е човек со толку малку капацитет да биде професор. Или беше возможно? .... Како и да е, еве еден предлог за авторот, а и за сите што ја читаат оваа колумна. За да не испаднам пристрасен , ви предлагам да погледнете еден проект завршен пред неколку месеци во Џексонвил - Флорида. Проектот чини 300 милиони долари или колку цел Скопје 2014 проект заедно, според кажувањата на опозицијата. Напишете - Jacksonville courthouse на Google и притиснете на Images. Ќе го видите проектот, архитектурата и ако побарате малку по сајтовите малку ќе видите дека проектот чини 300 милиони долари. После може да продолжиме да зборуваме за глупоста и едуцирано да ја лоцираме.

Meglena, ili imas seriozen

Meglena, ili imas seriozen problem so poloviot identitet pa zboruvas vo maski rod ("pristrasen") ili, zlato, sedis vo nekoja kancelarija i komentiras tekstovi na internet pod razlicni iminja/nikovi. Ja da sum ti sef odma bi ti skinal 30% od plata za vakva nevnimatelnost.

„И, на крајот, како да се

„И, на крајот, како да се бориме со глупоста? Бонхофер тврди дека подучувањето или дебатата со глупаците е губење на време и енергија, зашто глупоста не е создадена од рационална супстанца, па не може ниту да биде надбиена со рационални аргументи или факти“.

Меглена, крајно неблагодарно

Меглена, крајно неблагодарно е да се споредуваме со земја чијшто (само) воен буџет изнесува 600 билиони долари... ова е сосема надвор од контекст и нема допирни точки со тоа што се случува во Скопје. Без разлика колку чинат нашите и нивните проекти, факт е дека СК2014 е проект којшто нема ниту економска, ниту естетска оправданост. СК2014 е политички проект на ВМРО-ДПМНЕ и има за цел да ја зацврсти нивната политичка моќ и влијание во земјава, по можност за следните неколку генерации. Ова е проект создаден од длабока фрустрација на оние коишто мислеа дека можат подобро од Југославија, коишто сметаа дека некој друг треба да владее во земјата (можеби фашистите, оние благонадежните од исток?!), и најмногу од се`, од тие кои беа свесни дека немаат речиси никаков придонес и заслуги за развитокот на оваа земја.

Никола, мојот коментар е

Никола, мојот коментар е примарно за дизајнот на проектите, за кои пишуваше, нели големите експерти, дека никој веќе не ги прави и се одраз на како што вели авторот на нечија детска психологија на инфериорност и самозадоволство. Јас на тоа не сакам да коментирам, меѓутоа ви порачувам да го видите проектот Jacksonville courthouse и потоа пак да едуцирано да ја прочитате колумната од почеток и донесете свој заклучок дали треба овој проект да оди во градежен шут, или време им е на таканарачената квазелита да си купат огледало и да соберат храброст да го стават пред себе со ширум оторени очи.

Meglena toj argument ne

Meglena toj argument ne drzhi:Videte ima sudska zgrada vo Florida, shto stilski nalikuva na skopskata.(pa i cifra 30...$)
A za fantazmite i frustraciite na tvorecot na Tifani drug pat.

Скоро се удавив во лајната

Скоро се удавив во лајната што сите овде ги истурате на Окно. Ама меглена, многу сакам да слушнам што ти се допаѓа во овој проект. Ама искрено. Само немој со страњата како што се ништо не се градело и слично. Ајде да видиме.

На ова прашање јас имам само

На ова прашање јас имам само еден одговор. Со кого се споредуваш и која ти е референцата? Ако ти се референца сликички на интернет со проекти од Дубаи и слични дестинации, и архитектонски магазини со убави визулени дизајни, тогаш никогаш и ништо нема да ти се допадне. По тоа мерило 99% од планетава е кич. Меѓутоа ако ти е референца твојата околина и поблиската територија, тогаш јас би ви предложил еден друг предизвик. Напишете овде кој град во радиус од 400 км има поубав центар, и нешто на што вреди да се угледаме и да го користиме како урнек. Нешто за што би рекле, ех да можам да живеам во тој град би се чувствувал десет пати поубаво. Чисто како лакмус, да видиме дали „страшниве“ критики на Грчев држат вода.
Шарлатани како Грчев и компанија, кои само на овој начин можат да бидат релевантни во дискусиите, мислам дека полека, полека си го наоѓаат своето место во нашето секојдневие како нужно зло, во смисла на инсекти, вируси и сл., нешто што константно ни го гради и одржува нашиот имунитет. Да им веруваа и нивните сопартијци, ке ги повикаа ако ништо друго, да направат проект за Струмица, па да ни ја покажат на Youtube, како урнек за да видиме дека има и друг начин. Сигурен сум дека никој нема да плука по нив. Македонија е земја на креативни и вредни луѓе, кој знаат да го ценат трудот. За несреќа Грчев не е во таа група на луѓе и таа своја природа многу убаво е опишана со неговиот повик на рушење. Со такви луѓе не се оди напред. Тие сакаат да останат таму кај што се, засекогаш. Статус кво. Па така дури и Гелевски ке ви напише колумна како празниот простор на плоштадот у ствари во себе имал уметност, која ја сфакаш само кога ке го изгубиш. Ма дај...значи, тоа е до таква мера одлепено, што изгледа не се лепи повеќе.

Хиќо Евреите исто ги

Хиќо Евреите исто ги споредуваше со вируси и стаорци што надираат низ канализациите. Ама ни ко следбеници на Хиќо изродбениците не можат да се помрднат повеќе од историска фарса, од улогата на (додуша опасни) комедијанти.
Вечерва прв пат прошетав низ Жена парк (главно ги избегнувам сите дестинации на изродбеничкото лудило) и по стоти пат не можев да верувам дека такво нешто е можно. Кич е благ и нежен збор. Според потфатите на црни Грујо ќе се пишуваат прирачници за естетски и архитектонски идиоти. Меглена е еден од тие идиоти. Да расправаш сериозно за потфатите на Малиот-Големиот (Златниот-Црниот), изродбеничкиот пастир, значи да си зашлакан со мокар супер смрдлив џогер у глаа. Меглена ти е отприлика тој џогер. Хипер фанатик. Скроз кул во неверојатната забеганост и верноста спрема злото. Они си живеат во виртуелниот свет на убавите и прастари македонски антички градби. Сето тоа е прекрасно. Најблагародни намери, наивен ама среќен народ, исполнети срца со љубов, естетска возвишеност и идиличен патриотизам. Тоа што ни луѓе со два молекула сива маса веќе не ја пијат таа приказна (ниту кога било ја пиеле, само беа многу многу исплашени), не ги попречува мегленчињата, груевчињата, локалните хитлерчиња да зборуваат за естетика (оф мори мајко), за 400 километри радиуси, за Америка ко споредба итн. Крај сите неверојатни зла што ги направи груевизмот за шест години, крај сите недоброени милијарди евра што ги испокрадоа (неколку стотици милиони евра Фамилијата испокраде само на СК014 и на реклами и кампањи), Меглена упорно збори дека некаков Грчев не го сакале ни во СДСМ (а ни во Струмица), дека некаков лудак Гелевски (баш вчера од добронамерен вмровец фотографиран како група шинтери го заловуе накај Бардовци, чак и Миленко ја видел сцената) лупетал (лудакот Гелевски) за убавините на празниот плоштад (ха ха ха, какво будалче, остајте го бе!, он више му користи на наш Грујчо од што му штети:) итн. Велам, бар е весела трагедијава, т.е. фарсава.

Добро бе полуден, зошто мораш

Добро бе полуден, зошто мораш да даваш квалификации на лугето околу. Се чувствуваш несигурно ли, што ли е? Убаво поставив прашање, па еве нека е и од локалното хитлерче, со кого се споредувате? Прашањето е примерно, затоа што компарацијата како метод ја наметнаа Грчев, Гелевски, Тричковски, Фрчко, со цел да се осветли демек фашизмот, кичот, моронството и самоуништувањето на Македонците. Со што го споредуваш „кичот“ која е референцата? Кажи ми репер, за да знаеме за што дискутираме. Многу долг коментар напиша за да го избегнеш одговорот на прашањето. Каде во околината е подобро?

A zosto bas 400 km?

A zosto bas 400 km?

Дистанцата од 400 км а

Дистанцата од 400 км а ербитрарно избрана, меѓутоа преставува некоја далечина која со денешните лични превозни средства, односно со свое ауто може да се достигне во два правца во еден ден. Односно далечина до каде може да се „добаци“ и да се вратиш дома во еден ден со денешно стандардно превозно средство. Тоа некако и би ја дефинирало во поширока смисла зоната на некакво меѓусебно влијание и мешање на култури и заеднички менталитет. Во однос на население таа област покрива околу 20-тина милиони жители, па и во тој контекст споредбата добива смисла. Или на крајот на краиштата да го преформулираме прашањето. Кое е најблискиот град на кој треба да ни е урнек, најблискиот град кој го избрал правиот правец на развој, според критичарите на Скопје 2014? Многу едноставно прашање...

Лажен Грчев, ако ти си глуп,

Лажен Грчев, ако ти си глуп, а судејки по твојот коментар тоа и си, а тоа го објават грчките весници...значи ли тоа дека си паметен?...не сум сигурен во тоа...

Ако го реобјават тоа во

Ако го реобјават тоа во грчките медиуми (со наднаслов „Скопјаните се освестија“), тогаш тоа ќе покаже дека ставовите на Грчев не се разликуваат од ставовите на грчките нацисти, иако самиот се обидува да ги продаде како левичарски кај публиката.

Интересен факт: слични пишанки на Героски, често се реобјавени во грчки медиуми, но под авторско име „Бранкос Геропулос“. Тоа зборува многу за честа која ја имаат таквите луѓе, а воедно објаснува и зошто синот на Героски се срами да каже кој му е татко.

По аналогија сите Грци, како

По аналогија сите Грци, како на пример од грчкиот Хелсиншки комитет и др. кои овде се објавуваат се грчки предавници?

Сеуште не сум видел некој од

Сеуште не сум видел некој од „ грчкиот Хелсиншки комитет“ да напише дека ја поддржува идејата за Обединета Македонија, односно да ги застапува екстремните идеи од македонската страна онака како што Грчев ги застапува екстремните грчки ставови.

Веројатно е најправедно да се осудат екстремните ставови на двете страни, и затоа ми пречи тоа што Грчев директно изнесува ставови кои воопшто не се разликуваат од наци-грчките, и истовремено е свесен за тоа.
Практично, се обидува да ја фрли секоја навреда која ќе му дојде на памет врз едната страна (македонската), замижувајќи пред розевиот слон во собата - грчкиот нацизам кој успева да наметне конфликт со небулозно формализирана причина која во основа е остварување основно човечко право (сувереност, име) на другата страна - Македонија.

Се надевам сега ти е појасно

Ти си екстремист, батка, и

Ти си екстремист, батка, и тоа од најрадикалните фашисти, налик оние од Златна зора. Зашто си фашист? Затоа што го жигосуваш Грчев како ЕКСТРЕМЕН прогрчки лобист (види, богати, Грчев не е дури ни умерен предавник, туку екстремен!?), иако Грчев не е никаков прогрчки играч, туку највисок можен македонски патриот. Зашто е највисок македонски патриот? Затоа што се бори против фашизмот и тоа се бори на најсоодветното место кајшто човек треба да се бори против фашизмот: во својот двор и меѓу „своите“.
И уште малку за екстремноста: против „антиквизацијата“ (т.е. хеленизацијата) на Македонија од страна на груевистите против се сите разумни, толерантни и добрососедски ориентирани луѓе и во Македонија и во Грција (комплет со Хелсиншките комитети во двете земји). Исто така, сите разумни, толерантни и проевропски луѓе и во Македонија и во Грција се против Златна зора, на пример. Така што, ти, батка, слуго на груевистичкиот назаден националистички режим, реши се конечно во кој табор припаѓаш: во оној на фашистите македонски (кои сонуваат за интегрална Македонија) и грчки (кои сонуваат требење на славофоните и луѓето од исламот) или сепак припаѓаш на страната на Грчев и другите толерантни и разумни луѓе.

Izborot, na kraj, shto go

Izborot, na kraj, shto go nudish e priglupo proizvolen.
Neka, toa zboruva za tesnogledosta.

Се согласувам дека изборот на

Се согласувам дека изборот на крај е „приглупо произволен“. Тој избор произлегува од логиката што ја нуди македонскиот фашист кој Грчев го обвинува за екстремно грчки ставови. Кога си има човек работа со фашизмот, Милкмен, работите веднаш стануваат црно бели и „приглупо“ фатални: или си со фашизмот или си против него.
Одвратното кај македонскиве фашистчиња околу Груевски е што се маскираат, што се фалшиви и одвратни лицемери и манипулатори. Тие би ги набивале Албанците на ражен, исто како и Златна зора, но малку им е прпа, а плус Бичиклиски и Димовски им рекле дека треба да се глуми ЕУ лудило, „као, знаете, и ние сме за ЕУ, а, а, капирате?:)“ и си намигаат меѓусебе, „еј како ги дупиме сите!“ Златна зора бар се отворени фашисти, знаеш со кого имаш работа. Ова се кукавички гниди длабоко залегнати во фотељите.

Ограничени ти се погледите,

Ограничени ти се погледите, можеш да ѕирнеш само колку што ти дозволуваат уздите со кои те држат впрегнат. „Изборот“ кој го нудиш покажува колку погрешно гледаш на твојата околина. Или можеби не знаеш како аргументирано да возвратиш, па едноставно враќаш со обиди за улична навреда и глупости кои и тебе не ти се логични :)

Но те разбирам, сепак не можеш да плукнеш во лицето на оние кои те финансираат за да ги пишуваш твоите глупости овде, обврзан си да им дадеш безрезервна поддршка на платените глупаци со моронски ставови, дури и кога пропагандата која ја шират спакувана како нивни „лични ставови“ е само фино спакуван оксиморон. Грчев бил левичар, па истовремено уште и патриот (?!), а човекот реално шири грчки нацистички ставови.

Единсвената толерантност која ја покажува Грчев е толерантноста кон грчките денешни фашисти (оние кои затвораат/убиваат неистомисленици и не признаваат туѓо малцинство).
Сепак, поддршката која Грчев им ја дава не е ништо ново, да те потсетам дека Грчев прв истрча да биде автор на знамето кое го имаме денес, откако истите тие грчки нацисти решија дека не им се допаѓа и мораме да го смениме.

Сега, и јас ти нудам избор (иако одамна ја имаш избрано страната што носи повеќе пари, но бара и поголем квазиинтелектуален курварлук):
припаѓаш на оние кои не се плашат да размислуваат со своја глава и вистински ги сакаат луѓето кои живеат околу нив (без императив за омраза кон останатите), или припаѓаш на оние кои едноставно ги интересира личен профит па затоа шират пропаганда од страната која ќе им плати повеќе и решаваат да остават некој друг да им смисли „личен став“?

Не е се' во парите, Коља.

Батка, шириш, по

Батка, шириш, по преродбенички обичај, одвратна демагогија димензионирана за имбецили. Прво со најтешка можна артилерија го прогласуваш Грчев (не за обичен) за екстремен грчки платеник (а на таквите се знае што им следи; на умерените предавници метак у чело, на екстремните ритуали на мачење, пред да ги наденат на кол). Послe тоа кукаш, ко најситна фашистичка пизда, дека некој некој „улично те вреѓал“?! Батка, tи си пизда и фашист у едно - тоа е карактеристиката на македонскиот фашизам, што е кукавички и притворен, скриен.
Што се однесува до парите, па зарем груевистите ќе зборат кај се парите? Сите пари во оваа земја се кај Фамилијата! Птица (со евро у клун) не може да пролета без да ја застрелаат стрелците на партијата! (Ако го гутнеш еврото, ќе те распараат на обдукциска маса, за да го извадат). За кои црни пари, збориш, бе, батка?! Груевистите се натоварени ко бродови! А ако не си груевист и нешто ти ѕвечка у панталоните - мисли му ја!

А да, и за мислењето со своја

А да, и за мислењето со своја глава: од десет области со Грчев веројатно ќе се разликуваме во мислењето во барем пет. Со просечен глупав сдсмоевец од десет области ќе се разликувам во шест до осум.
За разлика од тоа, кај фашистичките преродбеници владее поклопување десет од десет! Сите исто мислите, зашто мислите ви ги импрегнираат у глава Миленко, Мирка, Јанко, Бичиклиски, Димовски, Грујо и останатите корумпирани ѓубриња. А и тоа е одлика на фашизмот - тотална хомогеност.

Толкав Текст само за да каже

Толкав Текст само за да каже „Долу Влада“...Очигледно Грчев добро ја владее теоријата а и праксата на глупоста.

Грчев е Славомакедонец. Не би

Грчев е Славомакедонец. Не би требало да се навреди, ова е негово тврдење.

Боље славо-Македонец него

Боље славо-Македонец него Грко-Македонец. Боље словенизација на Македонија отколку хеленизација и антиквизација. Ако толку ви се свиѓа Ацо Македонски ко татко на нацијата, ене ви го Тесалоники, и таму им е татко.

Да беа Гркомакедонци ќе ги

Да беа Гркомакедонци ќе ги уништеа спомениците на Словените (што ги нема). А тие наместо тоа им изградија споменици.

По стоти пут, „антиквизација“ не е еднакво на „минус словенизација“.

Eden kup komentari pod

Eden kup komentari pod tekstot se zhiv dokaz deka gluposta, caruva! Koi trolovi se sobrale, mozhe chovek za bilo shto da pishuva tie postojano kje si verglaat edna ista pesna i vednash kje ja izmestat temata: ovoj e predavnik, onoj raboti za Grcite,Grujo e bog site drugi ne chinat....i taka vo krug, se' toa, pa toa! Ej, jadni makedonchinja

Македонците , за жал, се уште

Македонците , за жал, се уште се многу неуки, и се чуваат во незнаење систематски од страна на сите влади, кои сметаат дека тоа незнаење, не е без добра причина, како еден од основните услови на сопствената моќ.
Овие несигурни, болни души, кои ги изгубиле своите пресметки со историјата и во моментов на кој припаѓаат не се ни во сегашноста ни во иднината!
Како бледи фантоми вечно суспендирани помеѓу небото и земјата,
Во иста позиција меѓу политиката на социјализмот и капитализмот.
Тие немаат ниту моќ ниту желба ниту решеност да ги следат своите мисли, и го губат времето во болка, во постојано настојување да се помират противречностите,
инфериорноста на Грчев како Money Idealist е ужасна мистерија која е необјаснива , односно апсурдна, а само апсурдот признава без објаснување.
Очигледно дека смета дека е од суштинско значење за неговата среќа и животот е да се откаже од своите, и да ги врати, ако може, овие луѓе, наивни, слепи, глупи, да ги претвори сите во искрени верници со зборови.
.
Credo quia absurdum

За Мегле, Да не си ти Јанко

За Мегле,

Да не си ти Јанко од Јади Бурек. Тој а виде дека некаде во светот некој изградил некоја статуа или некој кич објект одма го плеска како аргумент дека СК2014 е супер работа.

Или само ги користиш финтите на Грујо (ѓоа ментор ти е) кој не споредува со Германија, Франција итн., за време на кризава, демек подобри сме биле во растот, не сме отпуштиле никого, не сме ги кренале даноците, не сме намалиле пензии итн.

Да се споредуваш со нации кои вртат цифри од кои глава боли, во било кој поглед, е безмалку инфантилно.

Еден единствен факт кој не треба да го заборавиш е дека СК2014 е неуставен антимакедонски проект, протнат цвикаторски под маса, се со страв дека македонскиот народ ќе го исвирка таквото монструозно дело.

Наместо убаво образложен и гласан во собрание како национално обележје власта ни откри дека тоа ти бил само некојси проект на општина Центар.

Грујо за промена на името би преферирал референдум, ама за промена на македонската историја не мора. Тоа и општина Центар и град Скопје можат да го „средат“ со градба на споменици и промена на имиња на улици.

За таков крупен зафат треба(ше) да се прашаат 500.000 неопределени и 400.000 опозициски гласачи во Македонија.

Како и да е, македонската младина продолжува експоненцијално да си емигрира, бројот на бугарски пасоши вртоглаво расте, како врват годините внатрешната етничка тензија не се намалува, наталитетот опаѓа, македонскиот народ е поделен како никогаш досега (патриоти, кодоши, антички, словени, ВМРОвци, СДСМовци, итн).

Крајниот ефект после 21 година (11 спрема 10) некако не ми изгледа розов. СК2014 е само „цреша на врвот од тортата“.

Во дискусиите цело време

Во дискусиите цело време мешаме баби и жаби. Еве неколку факти кои даваат поинаква светлина на состојбата.
Прво, За инфатилноста на споредбата со градежните цени во Америка - просечната цена на чинење на квадратна фута во Америка е помеѓу 100 - 120 долари по квадратна фута. Преведено во евра му доаѓа околу 1000-1200 евра по метар квадратен. Тоа значи дека споредбата на цените на објекти кај нас и во Америка е реален и на место. Друго е прашањето кој процент во таа цена се однесува на материјалот, а кој процент на работни саати. Во Америка се гради побрзо и поефективно така да иако градежните работници се платени повеќе, помалку време трошат на изработка на производот, така што производот $/час x работен саат е скоро сличен со Македонија и е компаративен.

Второ, историјата на Македонија не може да се промени со два споменика. Да можеше Бугарија, Грција и Србија ќе го направија тоа после Балканските војни. Она што вие го велите е дека не им текнало да направат голем споменик на центар на плоштад на цар Душан или цар Борис за да ја завршат работата со посрбувањето или со побугарувањето на Македонија. Тоа е инфатилно. Да помислиш дека доволно е разгледница од Токио да му покажеш на некого и да очекуваш да стане Јапонец. Во Грција им ги сменија имињата, па пак не иде.

Трето, споменикот се вика “Воин на коњ“. Зошто собрание би гласало за споменик “Воин на коњ“. Кога ке решат да го именуваат споменикот со некое друго име, тогаш ке треба да разговара собранието. Од кај знаете дека споменикот не е споменик на Јустинијан, или на Аминта, или пак на било кој воин кој водел војни на нашето тло. Монети со Јустинијан во слична поза качен на коњ постојат.

Ова последното значи дека ние интимно сите знаеме кој е симбол на Македонија, штом и без да го именуваат велиме дека се работи за Александар Македонски. Така што оваа моронска идеја за рушење покажува неискуство и глупост на неколку нивоа. Моронски е да не можеш да разбереш дека од сега па за на век Александар Македонски ке стои на центарот на плоштад, бил таму физички или не. Сега може и да го тргнете споменикот од таму, симболот пак ке остане на истото место. Затоа што најверојатно бил таму и пред да дојде споменикот.
Следниот ниво на глупост е дека со таква акција ќе создадете непријатели за навек, а сакате да ја освоите власта и да го насочите народот во правиот правец, кој во овој момент само вие го знаете, а нешто многу срамежливо им го кажувате на луѓето.
А на крај најголемата глупост е деке ке се дрзнете да фрлите во воздух народни пари. Пари кои веќе се вложени, и за кој има каков таков (зависи дали ви се допаѓа или не) поврат. Туристи доаѓаат, се фотографираат пред споменикот, на CNN не покажуваат само џамии кога зборат за Македонија, се фрли светло врз бугарското и грчкото фалсификување на историјата за сметка на Македонија и ред други работи.

И за на крај да не заборавам, малку е иронично со име Блоу Џоб да дискутираш за наталитетот на Македонија.

Пак ме изнасмеа бре Мегле. Ми

Пак ме изнасмеа бре Мегле. Ми се обраќаш као демек со Бранко химселф разговараш. Кога ќе наидете на контра став, одма мора тој став да се обои како опозициски. Чувај боже, тоа никако не може да биде размислување на неутрален граѓанин. А може и Бранко ги пишува коментариве на Окно. Што велиш?

Како и да е гледам мумлаш за некои цени во Америка, платени саати итн. Каква врска има тоа со градбиве кај нас. Остај ја ти Америка. Видела жабата го потковуваат коњот, па и таа кренала нога.

Вистина историјата не се менува наеднаш со два три споменика. Се менува со градба на споменици, документарни филмови, телевизиски емисии, реклами, менување на имиња на улици, менување на содржина на учебници, градба на музеи, агитација итн... со еден збор ПРОПАГАНДА. Целта на таа пропаганда не сме јас и ти. Погоди која е таргет групата? И со сето тоа не може да се промени историјата, но семето на поделби е фрлено. Има моментум.

Споменикот се вика „Воин на коњ“ поради истата тактичка цвикаторска причина спомената во претходниот коментар. Од пусти страв да не биде дочекан на нож, дај да го викаме официјално „Воин на коњ“ и да му го тутнеме на општина Центар.

ОкоБоли главаВицФото