Зошто “таткото” на лустрацијата јавно се откажа од своето дете?

06.09.2012 13:25
Зошто “таткото” на лустрацијата јавно се откажа од своето дете?

 

Стојан Андов беше „духовниот татко” на македонската лустрација, еден од изготвувачите на првиот закон и главен поборник на идејата за лустрација во Македонија. Имав неколку пати прилика во живо да споделувам и разменувам аргументи со г-нот Андов на оваа тема: на подготвителната седница на Уставниот суд (пред да бидат првобитно укинати одредени членови од првиот закон); на првиот разговор (“зборно место”) во ГЕМ насловен “Нашата лустрација”; на тркалезната маса во ГЕМ за “Злоупотреба на лустрацијата”, како и на дебатата “Што носи новиот закон за лустрација?”.

Интересно е да се согледа како еволуираше мислењето на “таткото” на лустрацијата: од најголем промотор на законот, до еден од најжестоките критичари на македонската лустрација.

Прва фаза: промоција и бескомпромисна одбрана на законот за лустрација

На подготвителната седница на Уставниот суд, Андов го бранеше законот не само како “едногласно поддржан од 94 пратеници во парламентот”, туку и како закон кој е донесен “според декларациите и повелбите за заштита на човековите права”.

Впрочем, и како главен предлагач на законот, при долготрајните и бурни собраниски и други јавни расправи, Андов го заложи целокупниот свој политички капитал за да го оправда законот како неопходен, демократски, и во согласност со концептот за човековите права.
На јавните предупредувања дека лустрацијата може да предизвика страдања на невини лица, Андов беше категоричен дека нема да настрадаат „лица поради кафеански муабети“, туку „оние за кои има документ и кои потпишале изјава дека ќе соработуваат со службите и кои навистина го правеле тоа“.

Втора фаза: Критики за начинот на кој се “верификуваат факти”

Откако Комисијата за лустрација гласаше за првиот “кодош” кој беше веднаш јавно жигосан, Андов укажа на две грешки. Според него, првата грешка во процесот на утврдување “факти” е системот на прегласување во Комисијата, а втората грешка е тоа што Комисијата многу рано почнала да дава информации за тоа кој соработувал со службите. Андов јавно го искритикува и премиерот за давање недопустиви изјави со кои се прекршува принципот на пресумпција на невиност.

Во разговорот на тема “Нашата лустрација” Андов потсети на строго пропишаните критериуми според кои Комисијата треба да верификува факти, без притоа да ги утврдува:

Ж.Т.: Каков вид на факти верификува комисијата?
С.А. : Ние кога мислевме кои факти да бидат одлучувачки дојдовме до заклучок дека факти можат да бидат и фалсификувани. Може некој да седне и да си разговара, да речеме, со Жарко, со Трајко... Човекот слободно си кажува што си мисли за некои работи, а од тоа тој прави белешка и ја дава после како од него пријавена. Да не се случат такви работи, кога нема никаква намера да соработува и да пренесува такви работи личноста, затоа основен инструмент е неговата писмена изјава – документ со кој тој прифаќа да биде соработник на тајната служба за таа цел (која после ќе му ја кажат и дадат). Тоа е прво. Второ, посебно од ДУИ некои ни кажуваа, дека има луѓе кои се принудени да соработуваат, уценувани се, вршен е силен притисок врз нив, итн. Затоа ставивме да има докази дека континуирано соработувал. Ако е присилуван во даден момент, да речеме, кога е во притвор, или не знам што, после треба да ја прекине соработката, ако не му е негова волја... Тие работи така ги напишавме. Втор критериум е да е континуирана соработката. И трет елемент е да имал тој некоја корист од таа работа – или да примал пари или да е видливо како кариерно напредувал или некоја друга корист добил. Тие се мерливи инструменти кои се внесени во законот.

Ж.Т.: Колку што можам да сфатам, Комисијата не е за утврдување, туку за верификување на факти?

С.А. : Само ги верификува, но не создава факти.

Ж.Т.: Значи, се поставува прашањето кој ги создава тие факти?

С.А. : Службите. Тие се во службите, каде што се остварувала соработката. Сега тие документи се или во службите сеуште (ако се оперативни), или се во архивот ако се неоперативни и дадени веќе поодамна, некои се дадени во 1991, некои се нешто после.

Ж.Т.: Дали воопшто може да се врши лустрација врз основа на “факти” произведени во службите? Односно, од една страна, ги обвинуваме службите дека се виновни за масовни прекршувања на човекови права, а од друга страна нивните “факти” ни служат како извор за апсолутна вистина во процесот на лустрација. Во други земји имавме такви примери каде што се вршеше лустрација врз основа на “факти” фабрикувани од страна на службите... Дали има можности да се преиспитаат или да се конфронтираат тие “факти” произведени во ДБК?

С.А. : Секаде лустрацијата се врши по документите кои се создавани во службите. Таму, на секој документ, или на повеќето од нив, има потпис од оној кој прифатил да биде соработник. И кога примал пари, и кога е унапредуван, и така натаму...”

Трета фаза: Предупредување за политичката злоупотреба на лустрацијата

Но, Комисијата почна да прогласува соработници без “писмена изјава – документ со кој тој прифаќа да биде соработник на тајната служба” и “без потпис од оној кој прифатил да биде соработник”. Комисијата почна да ги прифаќа како докази за „соработка“ непотпишаните, парафразирани „изјави“ од принудни информативни разговори на тајната полиција со жртвите на оперативна обработка - информативни разговори кои претставувале дел од нивниот идеолошки прогон. „Лустраторите“ почнаа да пронаоѓаат докази за „соработка“ во досиејата на жртвите, отворено и јавно признавајќи дека немаат никаков друг доказ, никаква потпишана изјава за соработка, ниту пак документ од било која служба кој потврдува дека лицето било таен соработник. Нестрпливите „лустратори“ почнаа да верификуваат „факти“ потпирајќи се единствено на податоците од досиејата на жртвите, а наредбодателите и корисниците на информации ги заборавија.
Во таков контекст, “таткото на лустрацијата” укажа дека злоупотребата може да биде многу опасна и дека може да прерасне во нова хајка на неистомисленици и политички противници. Исто така, пак ги повтори клучните критериуми кои определуваат што треба да се смета за “реална соработка”: “…овде се работи само каде што реално постоела соработка. Тоа “соработка” многу прецизно го дефиниравме. Дефиниравме дека два елемента се клучни: мора да се заснива на двостран договор – документ како основа на соработката. Значи, да е потпишан од двете страни. И, друго, да е континуирано остварувана таа соработка… Документ или постои или не постои… Има или нема соработка. Ништо друго. Еден или двајца (членови на комисија) ако приговараат, не може да се констатира…” (“Злоупотреба на лустрацијата”)

Четврта фаза: Андов - критичар на новиот закон за лустрација

Откако група пратеници предложија нов закон за лустрација, со слични одредби како оние што беа претходно укинувани од Уставниот суд, Андов јавно апелираше дека „треба да се почитува Уставниот суд“ и укажа на повеќе недоследности. Клучното предупредување на Андов беше дека предлагачите на новиот закон свесно го кршат Уставот и не ги почитуваат одлуките на Уставниот суд:

„...пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сега можат да го предложат овој закон и така како што го предложиле. Пратениците можат сѐ да предложат, според Уставот тие се овластени предлагачи. Меѓутоа, високи државни функционери не смеат априори да поддржуваат решенија што се спротивни на уставните одредби и на одлуките на Уставниот суд. Тоа е суштината.“ (Што носи новиот закон за лустрација?)

Петта фаза: Директни обвинувања за незаконска и партиска лустрација

Во неделниот „Фокус“ од 24 август 2012 Стојан Андов објави напис со наслов кој директно обвинува за незаконска „партиска лустрација“: „ВМРО-ДПМНЕ не сака законска, туку партиска лустрација и рехабилитација, за да може за сите зла да го обвинува СДСМ“. Според Андов, „потребно е веќе да се разголи во јавноста вистинската намера на ВМРО-ДПМНЕ за целта што сака да ја постигне со пасивното однесување на Владата кон проблемот на рехабилитацијата на репресираните.“ Андов укажа дека ВМРО-ДПМНЕ незаконито „си спроведуваат процес на рехабилитација под своја команда и согласно нивните дневно политички потреби“.

Без влакно на јазикот, идејниот татко на лустрацијата ги изнесе следниве обвинувања: „Новиот закон на ВМРО-ДПМНЕ, со толкувањето на претседателот на комисијата Томе Аџиев, се свртува на глава наместо на нозе. Тоа се гледа од примерот со Владимир Милчин. Комисијата, под раководство на Аџиев, упорно и беспоговорно го прогласува Милчин за кодош и покрај тоа што четирите надлежни државни институции испратиле писмено известување дека тој не е нивни соработник. Од логиката што ја застапува Комисијата на Аџиев, произлегува дека главен грев на Милчин е што се уште е жив и што јавно настапува со критики кон темелите на политиката на Владата на Груевски. За комисијата на Аџиев тоа е основната и неопростива вина на Милчин.“

Покрај директните обвинувањата за незаконска и партиска лустрација, Андов тврдеше и дека „режимот на Груевски“ се обидувал да го негира периодот на НОАВ и „да му продаде лажна вистина на народот“. Имено, во написот „Режимот на Груевски ќе ја рехабилитира политиката на Сталин?!“ (неделен „Фокус“, 20 јули 2012), Андов обвини дека „режимот на Груевски, за истакнати личности во НОАВ ги признава само оние учесници кои во повоениот период биле репресирани, т.е. апсени и судени. Тие што немале таква судбина, а се истакнале во борбата против фашизмот, априори се третирани како џелати на оние првите.“

Лустрацијата почна да го јаде „духовниот татко“

Идејниот татко на македонската лустрација беше сериозно критикуван, но и обвинуван поради еволуцијата на неговите ставови во однос на лустрацијата. На пример, колумнистот Ерол Ризаов го поздрави со „добро утро“ задоцнетото согледување на Андов дека неговиот закон ќе се користи како алатка за политичка пресметка: „Идејниот татко на македонската лустрација денес со голема горчина и резигнација констатира дека прочистувањето на нацијата се изроди во право на прогон на политичките противници. Добро утро, г. Андов. Веќе е квечерина и резето падна. Доцна е да кажете сега оти една добра намера, со благородни цели, се претвори во нејзина спротивност само поради личен и теснопартиски интерес на власта. Имаше луѓе кои истото ова го кажаа уште кога се готвеше Вашиот закон.“

Еден од парадоксите на македонската лустрација е и тоа што духовниот татко на лустрацијата беше обвинет и жигосан како „соработник на тајните служби“, токму од оние на кои им овозможи да го злоупотребат законот за лустрација како инструмент за политичка пресметка. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски го обвини својот довчерашен коалиционен партнер како „врвен комунистички кадар“ кој „ги уживал сите привилегии на тој систем и сигурно соработувал со тајните служби и тоа со југословенските тајни служби без разлика дали тоа било СИВ, дали било КОС, дали било УДБА“. Дури и оние кои предупредуваа дека „Лустрацијата ги јаде своите деца“ останаа зачудени од парадоксалниот факт дека „уличната“ лустрација (практикувана од пратеници!) почна да го јаде својот духовен татко. Секако, не помалку парадоксален е и фактот дека Стојан Андов го демантираше Николовски, посочувајќи го како доказ уверението од Комисијата за лустрација - истата комисија која ја обвини дека работи незаконито, со цел „отстранување на политичките неистомисленици од јавниот живот“.

Дури и жртвите од Голи оток почнаа јавно да го обвинуваат „духовниот татко“ на македонската лустрација. Повод за обвинувањето беше коментарот на Андов дека не е можно соработката на Павел Шатев со тајната полиција на Сталин, „да не влијае врз оценката за Шатев и за неговиот придонес на националната кауза и на развојот на демократијата во Македонија“. Според Андов, „треба да ги осудиме голооточките репресии и нечовечките постапки кон апсените, означени како информбировци, но не смееме да направиме крупна грешка, така што нашите обиди за рехабилитација да се претворат во рехабилитација на идеите и политиката на ИБ и на Сталин“ („Режимот на Груевски ќе ја рехабилитира политиката на Сталин?!“, неделен „Фокус“, 20 јули 2012).
Професорот Димче Најчевски, приредувач и автор на неколку книги за жртвите на „Голи Оток“, го обвини Андов дека „врз непроверени навестувања... со речникот на режимската антиинформбировска пропаганда, во најцрна претстава го прикажува ликот на Павел Шатев, кога тој по цена на својот живот бил вклучен во борбата против фашизмот“. Андов беше обвинет не само за игнорирање на страдањата низ кои минувале репресираните жртви од „1948“, туку и за попречување на политичките барања на жртвите: „...претставници на здружението „Голи Оток“ неколкупати лично се обратија до Стојан Андов со барање, прашањето за рехабилитација на жртвите на Титовиот режим да биде поставено на дневен ред на Собранието. Андов го условуваше нивното барање со приложување на документи за нивното судење. И покрај образложувањето дека такви документи бившите заробеници на Голи Оток не поседуваат, затоа што тие не биле судени, барањето не беше удоволено.“

Слики: Adhika Rahmani

Фељтонот продолжува: „Зошто нема рехабилитација за жртвите на Титовите чистки?“ (6)

Прва фаза: Луџе, че ве

Прва фаза: Луџе, че ве лустрирам. Втора фаза: Комисијава нешто сумњива. Трета фаза: Уставниот ми го згази законот ко шлепер жаба. Четврта фаза: А бе овие го згазија уставниот! Пета фаза: А бе овие че ме лустрират и мене.

Сто посто си можел да бидеш

Сто посто си можел да бидеш амбасадор без амин на КОС/УДБА.

моментално госпот у македоња,

моментално госпот у македоња, сум ја, мијајле шупакот над шупаците ѕвездаци, нема да чекам директиви од пастирот ко сомиќ содиќ или фашистот свиленко оф роуд прденко, шо сакам ќе праам, ќе отпуштам, запуштам, ебавам, ќе им попуштам на ШУМВИ уше пар дена, па после акција у 3 по поноч, па ќе ги слушам после тоа шо какат по планински врвови, ја ако сакам шљамкурова ќе ја ебавам, ја тоа го правам, ја шупакот владеам, недофатлиф нит па видлив, ја духот ебавам зекири шипци прженици и скратеници, ја шанкурова за газето ја штипкам и си ја пипкам, ја шупакот од мала дупка си се кикотам и прцкам, со јанкулче со шупаче железно подотворенко со цвики, ах тоа путе шупачко, ја мијајле све знам вие нишо не знаете, ја владем у мутавава идила, нема кој да ми се фати за шупакот.

Погоре заборавив да се

Погоре заборавив да се потпишам со моето резервирано име, се извинувам.

Фала ти ко брату за

Фала ти ко брату за брендирањево. Имево ми се шири ко митот за Зоро. (До скоро се глеав себе више ко Валтер, јебига, комуњарска деформација). Со дизајнериве размишљам и за еден Зоро потпис (со К, додуше, што асоцира и на Кафка, на Процес, можда?) што би го упражњавал врз некои од дебелите гзови на изродбеничките нагоени свињи што го испокрадоа народот (или V да фркнам, помодерно обележје?). Уствари, и ко Фантом почињам да се осеќам, може и некој таков знак, лобањче во муцките на груевистичките ниткови? Добра идеја! Ама све почива на усмена предаја и на ширење на митот. Ради тоа, Kolja, фали ти, ко брату, уш еднаш!

Иди бе лечи се.

Иди бе лечи се.

Едно е амин од КОС и УДБА,

Едно е амин од КОС и УДБА, друго е да си нивен соработник. И сега ДБК дава амин за амбасадори, дај и нив да ги лустрираме.

Така е пожарникар,сите 2

Така е пожарникар,сите 2 миљона у мк лустрација, па да видиме кој е шо е. И не само тоа, него сите податоци за се и секого на интернет, па да почнеме све од почеток, нек си ебе матер све.

Од примената на Законот за

Од примената на Законот за кодошизација на Македонија се гледа дека и нашата актуелна револуција се покорува на природниот Закон за јадење свои деца. Нели Робеспјер беше обезглавен со неговото омилено средство? Нели на Голи Оток одеа најревносните следбеници на револуцијата-којашто-трае? Џабе сега „јас не мислев така“. Кој со ѓаволот тикви садел, од глава му се кршат.

Засега има само закани дека

Засега има само закани дека че го лустрираат првиот лустратор. Лустрацијата ја користат како средство за закана и заплашување. Маалски силеџии. Лустрираат и жртви за да ги заплашат и нив. Да не им текне да им побараат закон за рехабилитација и отштета.