1029 hPa
93 %
1 °C
Скопје - Нед, 14.12.2025 10:59

Иднината, барем тука кај нас, не е ништо друго туку долг пат во минатото и исправање на "историските" грешки. Бесполезно да се исправаат минатото и иднината. Полезно е да се исправа сегашноста.
"Иднината е непредвидлива, исто како и минатото". Веројатно не е најпрецизно исцитирана оваа реченица, ама суштината на реченицата што ја изговара јунакот од филмот "Збогум на XX век" (во толкување на Владо Јовановски) е таа. Не знам што сакале со неа да кажат авторите на филмот, Александар Поповски и Дарко Митревски, зашто филмот е и онака пренабиен со симболика па може да се толкува буквално на милион начин, ама сепак денес, во втората деценија од XXI век, се чини дека нејзината смисла е повеќе од јасна. Значи, ако авторите алудирале на историските контроверзи од минатиот век, едноставно, произлегува дека ние сè уште не сме го напуштиле минатото столетие. Ако некој и може да докаже дека не сме во XX век, тогаш многу полесно ќе му биде да докаже дека сме во XIX, отколку во XXI век.
Зошто оваа, ниту нова, ниту оригинална, мисла ми паѓа на памет токму сега и токму тука на мојот редовен септемвриски годишен одмор на албанскиот брег на Јонското Море? Затоа што на 1 септември во една од локалните кафеани во туристичкото селце Ксамил, на крајниот албански југ, се одржува, ај да кажеме, своевидна селска прослава - го слават завршувањето на туристичката сезона. Да ја ставиме на страна нејасноста на причините зошто би се славело нешто што се нарекува крај на туристичката сезона, да го оставиме на страна и начинот на кој се прославуваше тој крај - што би се рекло, сплет на фолклорни мотиви плус новокомпонирана народна музика, во изведба на нешто што многу претенциозно се нарекува "Оркестарот на Ксамил", всушност тројца средновечни мажи во перлон кошули и чудни токи на каишите (кларинет, синтисајзер и вокал) - да ја прескокнеме и свадбарската атмосфера што владееше кај локалните свечено облечени, па дури и нападно дотерани мажи жени... Она на што ми запна окото (увото) беа две-три песни, на кои, за волја на вистината, присутното население не се запали премногу, ама не ни премалку. Гостинот од соседната маса, инаку еден пријатен и љубезен Албанец, за една од песните ми вели дека е од Косово, нарачана по желба на гости од Косово, и дека зборува за "природната потреба" на Косово да се приклучи кон матицата земја - Албанија. Втората песна, која предизвика најмногу еуфорија, колку што успеав да разберам, имаше некои стихови од типот "Балканот пишува нова историја, се создава голема Албанија". Со мојот сосед Албанец се согласуваме дека е можно сите балкански држави да ги остварат своите историски аспирации - само ако се преселат на Марс. Таму, веројатно, има доволно територија за правична прераспределба и хумана размена на територијата и населението, што би рекол Љупчо Георгиевски.

На шега, на смеа, му велам на мојот нов пријател дека ќе нарачам да ми ја отсвират и отпеат "Парчете ја, делете ја... Македонија од три дела пак ќе биде цела". Човекот прилично сериозно ја сфати мојата желба, па некако музичарите сфатија дека меѓу кафеанскиот аудиториум има и гости од Македонија веднаш громогласно не поздравија и во наша чест почнаа да свират некакви чочеци. Морам да кажам дека музиката што ја одбраа за да ги поздрават претставниците од источниот сосед (иако далеку од тоа дека стануваше збор за македонски фолклор) беше сосема соодветна како климакс на свадбарската вечер. Имаше нешто трогателно во тој миг на масовно превиткување на испотените пијани тела по импровизираниот подиум за игра. Беше тоа токму реченицата на јунакот од "Збогум на XX век" - иднината е непредвидлива, исто како и минатото. Затоа, ајде да се напиеме за сегашноста. Секој со својата идеја за она што се нарекува патриотизам, национален интерес и слични будалаштини... и секој со своето шише пиво во рака. "Да живее голема Албанија", "Да живее голема Македонија", "Голема Грција"...
И не е точно дека нема апсолутни вистини. Тие се само со кус временски рок. Оние што не толку одамна биле херои, сега се апсолутни предавници. И обратно: оние што денес се апсолутни херои, утре ќе бидат предавници. Оние што денес се лустрирани, утре ќе ги лустрираат лустраторите. Оние што вчера ја пишувале историјата, денес ја бришат.
Рамбо Амадеус во едно свое интервју вели дека би ја укинал историјата како школски предмет - таа е, прво, некаков конгломерат, некаква збирштина на крвави борби, набивани луѓе на колец и на серија масовни убиства (при што не е најјасно зошто тоа се прави); и, второ, таа учи само на омраза, и тоа на онаа опасна омраза на блискиот свој, која е прекриена со религии, нации, интереси... Според Рамбо, децата би требало да учат предмет иднина, да видат како може да биде, само ако...
Мислам дека и тоа е погрешна теорија. Иднината е секогаш врзана за минатото, а не за сегашноста. Иднината, барем тука кај нас, не е ништо друго туку долг пат во минатото и исправање на "историските" грешки. Бесполезно да се исправаат минатото и иднината. Полезно е да се исправа сегашноста.
Зашто, иднината е непредвидлива, исто како и минатото. Единствено е сегашноста опиплива и подложна на моделирање.
извор: globusmagazin.com.mk
Слики: Miju Lee
фали пцуење у дозирани
Испратено на 10 септември 2012 од физичарфали пцуење у дозирани ритмични фрејмови, не еуфемизми, фали избегнување на генеричкиот тип на наслов според мене, на пример николо аманити има мошне смешни и глупи наслови на кои сум се смеел со моја пријателка, онака бучно и заразно, мислам нема проблем што стоиш во својата писателова територија, но јас барам од тебе да ја поминеш маргината и да ја побараш идната универзалност, според тричковски (моментално господарот на прстените-колумни. .мк realm), мислам дека и лани пишуваше за албанија, односно престојот во албанија, така што ова би му дошло ко продолжение, исто фали експеримент и промена, кога велаим промена, промената мора да е континуирана и експериментална, кога велиш иднината тоа не е лош мотив за идни пишувања, како би било на пример, наесто капитализам, .мк да продолжеше во соц. реал. комунизам до денешен ден, јас се кладам дека најголем дел од ликовите кои денес ги глеаме јако би се упикале у комунистичката партија, на пример аџиев би бил отварач на врати у секторот за футуристика, он ќе слуша шо зборат тамо напредните умови кои предвидуваат сценарија за анти-лустрација, што би било кога би паднал комунизмот пред налетот на други системи итн. боцковски би бил советник на премиерот вечно трансплантираниот бранко црвен. фрле би бил советник на претседателот ѓорѓе ајванов, значи сите овие кликови-ликови би работеле сложно и би го бранеле комутатизмот, али хамети би бил министер за труд и сптаијално би-педална нулти-комутација така-речи системи за напредно разговарање со врачови птици и орли, он ќе го праи софтверот и би бил предлагач на закон со кој на сите етникуми итн. поентата ми е: треба да ја најдеме поентата. на сликар му е потребно 20 години. не рековме за сегашните вмрофци, ставерески би бил министер за финансии нема дилема, груевски би бил директор на развојни зони, место сегашниот мизо, со правење групашења за симнување на црвен. они го симнуваат црвен со помош на фрле, но нив им се придружува шеќер ни јала ни пила како и ма.крадули-краду, а претседеател на собрание би бил бучукофски итн. би било доста интересно, не знам свирка кај би била тогаш, она гарант у алеата на гадафи гробовите и у посета на братскиот иран, јеботе, хехехе..
ај здрао, чит.