Победете ја депресијата со помош на читање

11.09.2012 08:51
Победете ја депресијата со помош на читање

Филозофот и есеист Ален де Ботон е идеен зачетник на терапијата на лечење со читање фикција, која ја промовира во својата лондонска фирма The School of Life.

 

Идејата за библиотерапија, наводниот лек за депресија и анксиозност која ја претстави авторот Ален де Ботон лежи во читањето соодветна литература, што писателот ја промовира и практикува преку својата организација The School of Life, со седиште во Лондон. The School of Life вработи сопственик на книжара, доктор и уметници кои ја сакаат книжевноста и кои на читателите им препорачуваат книги врз основа на претходни разговори со нив за нивните животи, грижи и историја на читање.

Тоа и не е најнов процес, ако се земеме во предвид дека уште во античка Грција книжарите биле опишувани како „места за лечење на душата“, а во Втората светска војна персоналот во болниците имал навика на ранетите војници да им чита за време на закрепнувањето. Сепак, The School of Life е првата организација која ги наплаќа своите литературни препораки. На нивниот блог може да се прочитаат прашања и совети на активните библиотерапевти.

Во еден пост, студент на уметност прашува како најлесно да се сноси со креативната блокада и неможноста да создаде оригинално дело. Библиотерапевтот Ела Буртхаунд му препиша терапија со романите „Големите очекување“ на Чарлс Дикенс, „Џек Магс“ на Питер Чери и „Конференција на птиците“ на Фарида уд-Дин Атар. Уметницата во интервју на страницата The Browser ја објаснува својата работа како библиотерапевт:

„Како лек со задоволство препорачувам ескапистичка фикција. Ако некој се чувствува обесхрабрено, можеби сака да прочита книга која ќе го одведе на сосема друго место, како романите на Џили Купер или Дик Францис, за да се извлече од моменталното расположение. “ Сликарката вели дека постојано чита, па дури и додека прави други работи настојува да слуша аудио книги за што подобро да се образова. Смета дека терапијата со читање подеднакво е успешна како и психотерапијата.

„Кога читате фикција, всушност преземате дел од карактеристиките на авторот и неговите ликови. Автоматски живете друг живот низ книгата. Влегувајќи во психата на друга личност, темелно се менувате. Можеби тоа е краткорочно влијание, но живеејќи го тој долг живот, барем на кратко, можете да ја изменете сопствената личност.“

Библиотерапевтите во The School of Life се пресретнале со различни прашања. Било да станувало збор за изгубеност на адолесцент и барање смисла и сопствен идентитет, за романтичар во потрага по онаа вистинската или средовечна жена загубена во досадата на конзервативниот брак, можете да сметате на тоа дека советниците ќе најдат книга која ќе влијае на промената на вашата перспектива и перцепција. Всушност, на секој агилен читател позната му е возбудата која доаѓа за време на идентификацијата во описот на доживувањета на некои свои (воглавно неединствени) потешкотии во квалитетна литаратура. Според тоа се водел и Алан де Ботон, писателот на бестселерите „Филозофија на утеха“, „Архитектура на среќата“, „Размислување за љубовта“, „Сексот, шопингот и романот“ и „Уметноста на патувањето“.

Авторот благодарејќи на есејот „Како Пруст може да ви го измени животот“, книга која спојува фикција, филозофија и слеф-хелп, стекна многу обожаватели ширум светот. Изјави дека академската заедница никогаш нема да му опрости што го направи Пруст достапен, но особено смета дека книжевноста мора да има поголемо влијание од воодушевувањето на дел од стручната критика.

„Идејата дека културата е буквално прибежиште во кое можеме да пронајдеме одговори, необично е занемарена“, објаснува идејниот зачетник на библиотерапијата и додава дека „културата стана активност која луѓето обично ја практикуваат како гости, понекогаш проаѓаат на минување.“

Тешко е да се процени дали може одредена литература, без дополнителна стручна помош, самостојно да излечи нечија депресија, но докажано е дека позитивното мислење му помага на секого. Во магазинот Psychology Today се вели: „Една од најсилните акции во борба против депресијата е вашето разбирање колку критичен може да биде квалитетот на размислување во задржување или дури во интензивирање на депресијата – така што најбрз пат до промена на начинот на кој се чувствувате е токму промената на начинот на кој размислувате.

Ако заменувањето на содржината на мислите помага во намалување на депресијата, зошто тогаш и книгите не би биле дел од тој процес?

Извор: 6yka.com

Слични содржини

Психологија / Наука / Култура
Книжевност / Психологија / Теорија
Графички Дизајн / Книжевност / Психологија / Стрип

ОкоБоли главаВицФото