Полицијата спречи закажана тепачка помеѓу фановите на Епл и Самсунг

14.09.2012 11:21
Полицијата спречи закажана тепачка помеѓу фановите на Ејпл и Самсунг

Полицијата денес успеа да спречи однапред закажана тепачка помеѓу фановите на Епл и Самсунг, која требаше да се случи на паркингот кај салата „Борис Трајковски“, а информацијата за тепачката произлезе од редовите на Епл фановите.

Како што дознаваме од извори од полицијата, на паркингот во 11 часот се насобрале околу 50 Самсунг и 30 Епл фанови. Многу од нив биле вооружени со стапови, камења и стари „Nokia 3310”, кои во споменатите хулигански кругови се сметаат за едни од најубиствените оружја.

- Кога пристигнавме, слушнавме пцовки и дофрлања како „Пичко, на кого ти слаб процесор?“ и „Мајка ти е со слаба меморија, мајмуне!“. Атмосферата беше на граница на инцидент и може да се каже дека интервениравме во последен момент – вели полицискиот извор за Окно.

Тепачката, како што дознаваме, во полицијата ја пријавила група Епл фанови кои го почитуваат iPhone 4, а во тепачката требаше да учествуваат фановите на вчера промовираниот iPhone 5. Овие две фракции внатре во Епл групата се формираа уште пред некој месец, кога беа објавени првите неофицијални податоци за новостите во моделот iPhone, а карактеристично е дека станува збор за две најсурови хулигански групи.

Епл фановите ги предизвикаа оние на Самсунг преку еден интернет форум, каде што се водеше жестока расправа за тоа кој на кого му ги украл патентите. Расправата, како што дознаваме, не можела да биде решена вербално, па затоа била закажана тепачката.

Вандалите се приведени, а како што дознаваме, освен споменатото оружје, биле одземени и три светлечки меча. Уапсените ќе бидат сослушани, после што ќе им биде одреден притвор за да не влијаат на сведоците.

Ова инаку не е прва тепачка од овој вид. Полицијата, да потсетиме, пред неколку месеци успеа исто така да спречи уште една тепачка, која ја закажаа фановите на Windows и ОS, оперативниот систем на Епл. Полицијата во текот на акцијата одзеде преку 70 Huawei таблети и мобилни телефони кои требало да послужат како оружје за тепачката.

Преземено и адаптирано од njuz.net

auuu , ja imav nkoia takva,

auuu , ja imav nkoia takva, ene mi ja onde :)) poklon od sicilijanec! ko ovakvo e ,, kako se vika to :))..ce...na od ..odiseja

епл. не „ејпл“.

епл. не „ејпл“.

 фала на исправката.

 фала на исправката.

ЛОЛ, њуз.нет се мајстори!

ЛОЛ, њуз.нет се мајстори!

Што не кажа некој порано

Што не кажа некој порано ?
Таман скоро најдов една стара Нокиа, со ромбоуден облик, таман како Шурикен можеше да ми послужи... лол...