Операција „Француски клуч“

18.09.2012 11:21
Операција „Француски клуч“

Ослободувањето од секој репресивен систем на вредности наметнати преку политичката моќ има елементи на револуција! Таков ќе биде и проектот „Ослободување на Скопје 1945-2012“. Проектот кој предизвика интерес ќе има хардверски дел, операцијата наречена ФРАНЦУСКИ КЛУЧ, и софтвер - проект на лично ослободување, дешокирање и нормализација, наречен: MAKE LOVE, NOT BAROK, или: „Рашколувано знаење за барокот“.

Операцијата „Француски клуч“ мора да расчисти со некои од најлошите споменици во „Скопје 2014“, кои како пранги не можат да бидат третирани никако поинаку – освен како суровина за вистинска уметност. Значи, тие нема да се уништуваат или фрлаат, туку ќе се третираат како основа за концептуален уметнички чин.

Операцијата ќе ја изведува полетна уметничка младина и ентузијазирани граѓани, организирани по принципот на вмровски тројки (од 19 век): три групи со француски клучеви в рака, со нив оди една група со шмиргл-шајбна и една тројка со апарат за заварување.

Ослободувачкиот процес, хепенингот, ќе започнува со анархичната самонаредба во форма на радосен восклик: РАСТРТУЈ ТОА СПОМЕНИЦИТЕ! Уметничкиот холокауст „Скопје 2014“ почнува да се деконструира со радост за тоа достојна; имено, најпрвин со собирање на грозоморните скулптури од новата зграда на МНР и „Мостот на уметностите“, сосе четирите од Триумфекалната капија. Од нив осумдесетина, на три мета-локации на влезовите во Скопје, ќе се направат три пирамиди на уметничко ѓубре, низ кои ќе се инсталираат телевизори кои емитираат Low-Fi ТВ сигнал, со тн. снег и пречки (изминативе децении тоа често е правено, во насока на тн. треш-арт и кон видео перформансите на Нам Џун Пајк, Микеланџело Пистолето, Ж. Вангели и сл.).

За Триумфекалната капија, како посебен проблем, ќе биде замолен (преку директна спогодба), концептуалниот и ленд–арт уметник Христо Јавашев – да ја обмота со целофан ( како што стори со германскиот Рајхстаг).

Фамилијата скулптури Филипови или Александрови оди туто-комплето во Градскиот парк, каде се инсталира како луна парк. Околу нив тобогани, клацкалки и електрични аута на општа радост на децата.

На „Мостот на уметностите“ на упразнетите постаменти замолени се да доаѓаат личности од „Распеани Скопјани“, со песни и рецитали од Гинзберг, Буковски, Керуак, Фант , Шпато, Маџиров и тоа кога ќе им се кејфне за тоа. На еден постамент може да се појавиме и Јас и Милчин во поза на споменикот на ослободителите на Москва.

Проектот ќе биде обмислуван ад хок преку предавања на слободните универзитети на скалите на кејот, за рашколуваното знаење за барокот и самоослободувањето. Мото ќе им биде она што Квнтин Крисп го вели: Погледнете во себе и запрашајте се дали има нешто во Вас што сеуште не сте го отвориле.

Под-хепенинзи низ целиот град ќе бидат понудени а ла карт: водење љубов на некој од коњите или лавовите; ќе биде етаблирана традиционална Геј-парада која ќе завршува со геј танци околу копјата на македонската фаланга и ќе кулминира со ставање цветче во газињата на фалангистите... И сè такви слични радосни акции!

Некои од скулптурите ке се префрлат во други градови на Македонија (Самоил - Охрид , Гемиџиите - Велес итн).

Мошне важно, драги мои, ќе биде редизајнирањето на Музејот на македонската борба, со одел во подрумските простории (подумот е ИД–от на таа борба, според С. Жижек ) во која ќе биде поставката на восочни фигури под наслов: МАКЕДОНСКИТЕ ФАШИСТИ. Тие ликови ќе бидат во сив гранит издлабени заедно со имињата на 1200-1300 Македонци, цветот на македонската граѓанска интелигенција - убиени од фашистите или по нивна наредба (Ванчо Михајлов, Тодор Александров и сл.).

И така натаму и слично на тоа: Револуцијата, како што знаете, драги мои, тече!

Пс 1. Организирам тури во Хотел Родина, Софија, за врели журки, зад затворени врати! Цена поволна!

Пс 2. Друже Н.Младенов, ни ги испокрадоа колумниве по вмровски сајтови и телевизии. Наплатуваш ли нешто од вмровскиве вљубеници во моиве колумни?! Да земеме некоја пара за плати на новинари страдни!

Извор: Фокус, 18.09.12.
Слики: Jaime Treadwell

WUI - Writing Under the

WUI - Writing Under the Influence.

P.S. а на паркингот кај Луна

P.S. а на паркингот кај Луна Паркот ќе има наредено жени, кои ЉДФ ќе ги шамара, а у позадина ќе каскаат коњи со рејбан цвикери.

Зарем фашистиве мислат дека

Зарем фашистиве мислат дека со градење музеи, мостови, споменици, објекти на културата... ќе ги оттргнат граѓаните од нивната основна животна цел - да гласаат за СДСМ!
Долу Македонија!
Удри на се' изградено од ВМРО!
Да живее СДСМ! Да живее Црвенковски! Да живее Фрчковски!

Немојте така, па Шврчковски

Немојте така, па Шврчковски во првите две министерувања беше влезен во владата како независен, ви се молам, каков СДСМ? Тој е интелектуалец пар екселанс, што се гледа од текстов.

А, ќе заборавев, и претседателски кандидат беше независен, само од СДСМ.

Фрчко, спремен си за тотален

Фрчко, спремен си за тотален ремонт. Кај тебе француски кључ не помага веќе. Може време ти е да се пензионираш. Ароганцијата жив те изеде, до степен да сам веќе не се слушаш што збориш. Подобар беше оној Фрчко со штипиките на ѕвонарки.

Avtorot na tekstov se

Avtorot na tekstov se odnesuva kako onie naivni psihodelichni rok muzichari od krajot na 60'godini koi pichat i istovremeno krkaat acid.
Rezultatot e ovoj tekst - sharenolik i neinventiven.
Drugar Frckoski ti treba da im platish na site umetnici koi pogore naprazno gi naveduvash, pretpostavuvam za da go pojachash dojamot.

Bravo Frche, maestralen

Bravo Frche, maestralen plan!!

Vidi gi samo jadnite stabski staorici na DPMNE, neinventivni i besni kao nikad, "komentiraat" na Okno. :)))

А кај се не-стаорците да

А кај се не-стаорците да речат браво како тебе. Дај да ја видиме нивната подршка за рушење. Или постоењето на не-стаорците и стаорците е само бујна фантазија на Гељо. Изгледа дека вистината е дека се работи за 5-6 шизици ( нагалено од шизофреничари), егзибиционисти, со мазо тенденции, желни за внимание по секоја цена. Тоа сето комбинирано со константно цитирање и повикување на туѓи мисли и идеи, е комбинација која добиваше пред 50 години. Изгубени сте во времето, разни килгори, разни анти-се и разни проследувачи.

a vo ime na shto kje rushi

a vo ime na shto kje rushi BE? Nikad nema da dobie mozhnost ni da gradi, a ne pak da rushi, so ovaa interpretacija na gnev!

до „од сорос“ и до сите

до „од сорос“ и до сите останати плукачи од ДПМНЕ-овските штабови

кој и да си, собери се малку! кој си ти што поставуваш дијагнози! со какво право нарекуваш кого било шизофреничар, а особено луѓе со исклучителна интелектуална посветеност. и на крајот од краиштата - каква е оваа фрустрација што се распрснала низ ДПМНЕ-овските штабови, која го труе ем членството ем сите граѓани на оваа земја.

клучниот проблем на ДПМНЕ-овската нова свежа, препородена и преродена преродбеничка гарнитура, не е само отсуството на политичка култура и на политичка артикулација, туку и отсуството на хумор! а бе да се немало ронка смисла за хумор! не ми се верува! просто жал да го фати човека. од друга страна, доколку погледнам какви зулуми направија тие деца за сите овие години, каква кражба и финансиска и идентитетска направија со своето тоталитарно владеење, си велам, па можеби и нема простор за хрумор - не за француски клучеви (кои елегантно ги предлага професорот) туку за казми лопати и динамит е време!

бедни сте, бедни ептен. ем кукавици ем насилници! бљак!

He he, zabavna e zeshtinata

He he, zabavna e zeshtinata na mozocnite otprdoci na portokolovata mladina na Okno. Frche bas gi pogodi kaj shto najmnogu boli.
Samo neznamal dali go citata i razbirate napisanoto?

Операцијата „Француски клуч“ мора да расчисти со некои од најлошите споменици во „Скопје 2014“, кои како пранги не можат да бидат третирани никако поинаку – освен како суровина за вистинска уметност. Значи, тие нема да се УНИШТУВААТ или фРЛААТ, туку ќе се третираат како ОСНОВА ЗА КОНЦЕПТУАЛЕН УМЕТНИЧКИ ЧИН.

Vtoro, ako se samo pet-shest shizici zosto tolku maka, vreme i gnev isturate na komentiranje po Okno. Ako se zelni za vnimanie, go dobivaat samo od vas!!! EVA! Pogledni samo koj prv komentira pod sekoj tekst na Okno? A? Stabskite staorci!! Eva, sho ispadna! Vie go ranite nivnata potreba za vnimanie i tie postojat samo poradi toa sto vie komentirate!!!! WTF!

И јас знам еден многу

И јас знам еден многу интересен уметнички чин во кој луѓето ги снемува одеднаш. Чиста магија. Морам да ви кажам дека или сте глупи или сте тотално деструктивни. Леснотијата со која пројде Фрчковски кога под негов надзор направија атентат на претседателот на Македонија, и за што очигледно дека ден денеска мува не го лази, ваквите шеговити приказни со модерни уметнички чинови покажуваат една тотално шлакната личност која за жал сеуште има приврзаници во Македонија. На сите тие - ако овој ви е преставник на идеите на социјалистичкото време по кое жалите, треба малку да се преиспитате. Се работи за човек кој мисли дека е заштитен од некого и никој ништо не му може. Опасно е таков човек да биде професор, а уште повеќе да му дадете француски клуч во рака.
А за на крај , за да нема недоразбирање, ова што го кажав погоре се е шала. Сите се шалиме. И јас ќе идам во тој ресторанот во Бугарија на забава. Може ке се видиме таму со Фрле и слатко ќе се изнасмееме.

Ej Frle znaesh shto bi bilo

Ej Frle znaesh shto bi bilo vrvno delo?
Ti, Milchin, Grchev i Crvenkovski vo blaga erotska pregratka, vo narkotizirana atmosfera, seto toa doloveno so maslo na kanvas od Aco Stankoski.
Aaaa da, batlerot vo pozadina, skrien pozadi e Gelevski.

Koj пациент сакал да ни биде

Koj пациент сакал да ни биде претседател...Тцтцтц

Фрчковци толку забегале што

Фрчковци толку забегале што мора преку некакви средношколски текстчиња да си ставаат мелем на лута рана (тоа што се во опозиција 100 години и уште 100 години to come).

Срценце невидено е

Срценце невидено е

Слични содржини

Јавни Простори / Став
Јавни Простори / Став
Општество / Јавни Простори / Став

ОкоБоли главаВицФото