Хулиганите однапред се извинуваат ако претепаат некој што не е геј

19.09.2012 12:14
Хулиганите однапред се извинуваат ако претепаат некој што не е геј

Скопје, 19 септември 2012 година

Хулиганите од Македонија денес издадоа соопштение во кое однапред се извинуваат ако за време на наредните недели претепаат некоја личност за која ќе се посомневаат дека е геј, а подоцна се утврди дека не е така. Во соопштението до медиумите хулиганите однапред жалат доколку се случи ваков немил настан и се надеваат дека граѓаните ќе имаат разбирање за таквиот пропуст.

- Едно е да се седи дома и да се коментира кој е геј а кој не е, а сосема е поинаку кога сте на улица, во еден дел од секундата треба да се направи проценка и да се интервенира. Со оглед на тоа дека во наредните денови очекуваме зголемени активности, можно е да се појави некој пропуст, а ние однапред жалиме за тоа, се вели во соопштението.

- Ситуацијата ќе биде значително олеснета кога нашите членови би делувале самостојно, затоа што тогаш ќе можат да ги анализираат движењата, гардеробата и фризурите на луѓето кои се на улиците, но може да се случи нашите членови да бидат во групи и само еден ако рече: „ајде да ги претепаме оние педери!“, тогаш веќе нема простор и време за подлабока анализа, тогаш мора да се делува, стои во соопштението на хулиганите.

- Хетеросексуалните граѓани треба да направат сè за да бидат препознатливи, односно да ја истакнат својата хетеросексуална определба. Тоа значи да избегнуваат светли бои, да носат кратки маици само доколку се боди билдери, да престанат да носат карирани и пругасти панталони, торбите кои ги носат преку рамо да ги заменат со ранци, да престанат да се смеат и почесто да шетаат со стегнати тупаници, се вели на крајот од соопштението.

Адаптирано од: http://www.njuz.net/