1017 hPa
87 %
9 °C
Скопје - Пон, 17.11.2025 10:09

Вајмар е германски културно-историски град par excellence. За време на ткн. „вајмарска класика“ често е нарекуван со имиња како Мит-Вајмар, Космос-Вајмар. Во него живееле и работеле духовни гиганти како Гете, Хердер, Шилер, Виланд, Ниче. Книжевникот и преведувач Анета Земан, која до сега објави повеќе мали публикации за Вајмар, се зафати за пишување на монографија за Вајмар во временски период од камената доба до денес. (Annette Seemann: Weimar. Eine Kulturgeschichte/Vajmar. Kulturna istorija, C. H. Beck Verlag, Minhen, 2012).
Станува збор за синтеза на повеќекратни аспекти на културната историја на овој град кои ја опфаќаат неговата општа и политичка историја. Најважните етапи од развојот, осветлени низ испитување на случувања и личности, авторката ги развива во хронолошка релјефна панорама на Вајмар низ девет поглавја – од Праисторија, Време на вера, 1250-1756, Златна доба, 1750-1807, Време на преиспитување, 1807-1846, Сребрена доба, 1846-1901, Модерна доба, 1901-1925, Кафена доба, 1925-1945, Црвена доба, 1945-1990, до Шарена доба, од 1990. Авторката раскажува за најзначајните протагонисти кои оставиле неизбришлив печат во историјата на Вајмар – за Лутер кој во повеќе наврати проповедал таму, а кого авторката го нарекува „медијална ѕвезда“, со оглед на тоа дека Вајмар станал еден од катализаторите и стратегиски јазол на Реформацијата, за Јохан Себастијан Бах, кој во 1798 во него пристигнал во својство на „дворски органист и камерен музичар“, за книжевните кружоци основани за време на германскиот барок во 1662, за легендарната саксонска војвотка Ана Амалиа (1739-1807), која била широкограда мецена и космополит по убедување и силно ги поддржувала културните и воспитните идеали на просветителството. Цензура на патот на културниот процут претставува смртта на Гете во 1832 година, со која започнува самракот на славата на Вајмар. Од тој момент само гробовите на Гете, Шилер, Виланд, Хердер, која авторката анахронично ги нарекува „закна за новиот мултикултурализам“, сведочат за митолошкиот топос на германската книжевна класика. Подоцна во музиката на тоа речиси култно место ќе пристапат и Франц Лист и Рихард Вагнер, аналогно и Гете и Шилер, кои биле органски приврзаници на вајмарската традиција. Авторката критички известува дека граѓанскиот слој во Вајмар со ксенофобијата се противел на новата култура во музиката. Очигледно, контрукцијата на културниот канон во Вајмар бил комплексен и полифоничен процес во кој естетските категории не биле секогаш доминантен критериум, туку и завидливоста понекогаш имала силна улога. Земан пишува за Ниче, кој своите последни денови се до својата смрт ги поминал во Вајмар, како и за неговата сестра Елизабет Ферстер Ниче и нејзината кобна улога во иструментализацијата на делата на Ниче од нацистите. Но нацистичкото враварство наскоро го зафатиле не само Ничевото дело, туку и целиот Вајмар – само неколку киломтри од центарот на Вајмар бил поставен и концентрациониот логор Бухенвалд.
Со Вајмар генетички е поврзан и Баухаусот – олицетворение на класичната модерна, која е основана таму, за подоцна да биде преместена во Десау. Уставните дебати за политичката историја на Германија поврзани се со националниот парламент, односно со првата германска република од 1919, позната под името Вајмарска република. Можеби историјата и културната аура на Вајмар ја карактеризираат склоноста за длабоки поларизации и радиклани промени, повеќе од каде и да е. Овде често се судирале две спротивставени струи. Може да се каже, судејќи по грандиозниот број на идејни струии и спротивставување на почетокот на 19 век дека Вајмар не бил само кутлурна метропола на Германија, туку на цела Европа. После големата историска промена со падот на Берлинскиот ѕид, Вајмар во 1999 е прогласен за европски културен град на годината. На културно-историските постаменти на традцијата почива и современиот обид за препородување на духот на културата во Вајмар после падот на комунистичиот џин. Музичката школа прерасна во конзерваториумот Франц Лист, високата школа за архитекти и градежништво од 1996 се вика Баухаус-универзитет, со цел да се воспостави културен континуитет. Многу културни форми настојуваат да ја оживеаат продуктивната парадигма на вајмарската неокласика. Оваа книга не е само впечатлива културна панорама, туку е и акрбичен паркур низ раслојувањето и толкувањето на повеќекратните културни кодови на некогашната германска Атина.
насловна фотографија: куќата на Гете во Вајмар
извор: danas.rs