Родителски совети од Сузан Сонтаг

03.10.2012 10:23
Родителски совети од Сузан Сонтаг

Сузан Сонтаг, американската есеистка, публицистка и светска интелектуална икона која е позната по борбата за човекови права, уште во септември 1959 година ја претставила својата листа од десет правила за воспитување на деца. Зад правилата, се гледа суптилното, но опипливо почитување на драгоцениот дар на „детинестото однесување“. Инспирација за десетте правила на Сонтаг ѝ бил нејзиниот син Дејвид Риф.

1. Бидете доследни.

2. Немојте да зборувате (смешни работи) за него пред другите, во негово присуство.

3. Не го фалете за нешто што секогаш не би го прифатиле како добро.

4. Не го казнувајте строго за нешто што му било допуштено да го прави.

5. Дневна рутина: јадење, домашна задача, капење, миење заби, соба, приказна, кревет.

6. Не му дозволувајте да ве монополизира кога сте со други луѓе.

7. Секогаш зборувајте добро за неговиот татко (без гримаси, воздишки, нетрпеливост итн.)

8. Не ги обесхрабрувајте детските фантази.

9. Направете да биде свесно дека постои светот на возрасните кој не го засега.

10. Немојте да мислите дека она што вие не сакате да го правите, и детето нема да сака да го прави.

Извор: roditeljski.info

ОкоБоли главаВицФото