Автомеханичар закачил календар со слики од мртва природа

05.10.2012 08:43
Автомеханичар закачил календар со слики од мртва природа

Скопје, 5 октомври 2012 година

Драган Мајсторовски од Скопје, пред неколку дена закачил календар со фотографии од мртва природа на централниот ѕид од својата автомеханичарска работилница. Овој човек вели дека неколку месеци бил без календар и дека забележал дека луѓето збунето гледаат околу себе, за да го забележат датумот за сервис на нивниот автомобил.

-Минатата година имав календар со голи девојки и повторно порачав ист таков, но сè уште ништо не ми стигнало по пошта. Пред неколку дена ми пристигна календарот, но со закаснување од неколку месеци. Тоа не беше календарот што го порачав со девојки со големи гради, туку со слики од мртва природа.

Не планирав да го закачам, но на луѓето им беше битно да го знаат датумот заради закажување на сервис за нивните автомобили, помалку засрамено ни признава Драган и ни ветува дека ќе го тргне сегашниот календар штом ќе стигне оној нормалниот.

Еден од неговите редовни клиенти вели дека бил збунет кога го видел календарот со огромна фотографија на чинија со три јаболки и две крушки.

-Се исплашив за него, затоа што овој календар најавува дека со него не е сè во ред, а не сакате да го давате својот автомобил во рацете на психички нестабилна личност, открива овој возач. Дури кога тој ми ја објасни целата приказна, сфатив дека можеби со него сè е во ред.

Сепак мислам дека тој треба да го тргне овој календар што побргу, затоа што не знам дали би имал нерви уште еднаш да ги погледнам овие фотографии.

Адаптирано од: http://www.njuz.net

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото