Видовити разгледници од 1900 година

05.10.2012 12:41
Видовити разгледници од 1900 година

Не толку одамна, идеите како летечките машини (авиони) или емитувањето движечки слики (телевизија), се чинеше дека се само некои чудни и речиси невозможни предвидувања за иднината на љубителите на научната фантастика.

Отсекогаш луѓето биле фасцинирани од иднината, па се обидувале да ги насликаат сите тие необични иновации што таа ќе ги донесе. Жил Верн пишувал за вселенски, воздушни и подводни патувања во доцниот 19. век, пред да бидат измислени патувањата по воздух и подморниците, и пред да бидат создадени направи за патување во вселената. А да не го споменуваме и Леонардо да Винчи, кој направил концепти за хеликоптер, тенк, концентрирана соларна енергија и калкулатор уште околу 1500 година.

Секоја генерација има своја слика за светот во иднина и секако, најдобро е да се осведочи нејзиното остварување. Затоа сакаме да ви покажеме колекција на видовити разгледници, во изработка на компанијата Хилебрандс околу 1900 година, што инаку е водечка во германското производство на чоколада. Овие симпатични цртежи покажуваат како ќе живеат луѓето во 2000 година. Веројатно не успеале да ги предвидат модните трендови, но ајде да видиме колку биле прецизни во предвидувањата за технологијата.

Емитување

Беспотребно е да се каже, имаме телевизија и радио насекаде, дури и во нашите мобилни телефони.

Брза прошетка по вода

Веројатно нема да користиме балони, но сигурно имаме скии и скутери на вода.

Куќа што ја придвижува воз

Има повеќе од 35000 трејлер-паркови во САД со големина од 5 до 1000 места за домување.

Лични летечки машини

Веќе имаме комерцијален Џетпек што се продава за 75000 долари.

Лични воздушни бродови

Комбиниран брод и локомотива

Конструирањето подводна железничка пруга веројатно дека, и покрај сè, не е добра идеја, но сепак имаме некои возила-амфибии.

Полициска машина за надзор со Х-зраци

Насекаде имаме камери за надзор.

Машина за контролирање на времето

Русите и Кинезите веќе покажаа дека е можно до некој степен, но ова предвидување можеби е за 2100 година.

Летни одмори на Северниот пол

Дефинитивно е можно, ако имате нешто повеќе пари.

Движечки под

Главно се користи на аеродроми, но може да се види и во зоолошките и музеите.

Градови покриени со кров

Не сме сосем сигурни за ова, но веруваме дека може да се спореди со трговските центри.

Подводни туристички бродови

Имаме прилично напреднати туристички подморници, достапни за патниците што можат да платат.

Извор: boredpanda.com

ОкоБоли главаВицФото