Десет случајни, а важни откритија на Google Earth

06.10.2012 09:43
Десет случајни, а важни откритија на Google Earth

1. Трупот на бродот S.S. Jasim

Во 2003 година, на гребенот Вингејт кај Судан се насука боливискиот товарен брод S.S. Jassim. Додека траела потрагата по потонатиот брод, Google Earth го забележал трупот на бродот кој е досега најголемиот труп забележан со камера.

2. Изгубената шума на планината Мабу

Британски научници се послужиле со Google Earth за да ги истражат повисоките делови на африканскиот континент, кога неочекувано наишле на зелениот појас на планината Монт Мабу во Мозамбик. Се испоставило дека ја пронашле најголемата прашума на југот на Африка која дотогаш не била документирана.

3. Античка римска вила

Италијанскиот програмер Лука Мори преку Google Maps го проучувал својот град и налетал на голем, овален облик во близина на Парма. На крајот, излегло дека пронашол остатоци од римска вила стара две илјади години.

4. Мински полиња во Камбоџа

Фондацијата ХАЛО, најголема светска хуманитарна организација која се залага за деминирање, го искористила Google Earth за обележување на сомнителните мински подрачја во Камбоџа и Ангола. Најлошото минирано подрачје се наоѓа на границата помеѓу Камбоџа и Тајланд.

5. Нови предци на човекот

Професорот Ли Бергер од Универзитетот Витсвотерсранд во Јужноафриканската Република преку сликите на пејзажите снимени од Google Earth успеал да идентификува шестотини претходно неидентификувани пештери во кои пронашол фосили и два човечки черепи. Черепите се стари повеќе од два милиони години, па така Бергер го докажал постоењето на уште еден вид предци на човекот.

6. Кратерот Камил

Разгледувајќи ги снимките од сателитот на Google Earth, еден италијански истражувач пронашол кратер кој можеби е најзачуваниот на светот. Имено, со тек на време кратерите се „истрошуваат“, но кругот од камења го зачувал обликот на кратерот Камил.

7. Античка стапица за риби

Во 2009 година, снимајќи од воздух над реката Теифи во Велс, фотографи откриле некаков необичен облик под водата. По разгледувањето на снимките од Google Earth, утврдиле дека таму во единаесеттиот век живеела заедница која изградила голема конструкција за да си го олесни риболовот.

8. Археолошки наоѓалишта и гробници

Професорот Дејвид Кенеди од Универзитетот Западна Австралија преку Google Earth ја истражувал Саудиска Арабија, во потрага по археолошки наоѓалишта. Тој смета дека илјадниците гробници и наоѓалишта кои ги пронашол би можеле да бидат стари и до девет илјади години.

9. Египетски пирамиди

Истражувачката Анџела Микол открила дека има необични купови земја во некои од јужните делови на Египет. Куповите биле еродирани, во облик на триаголник, а се три пати поголеми од големите пирамиди. Научниците допрва треба да потврдат дали станува збор за пирамиди, а Микол тврди дека тоа е „премногу очигледно“.

10. Пигмејско морско коњче

Откако Google Earth го објави и подводниот Street View, за корисниците да можат да ги истражуваат длабочините на океанот, кај Големиот корален гребен е снимено пигмејско морско коњче, на длабочина од 92 метри. Специфичноста на откритието е во тоа што овој вид е виден во водите на Малезија и Јапонија, а никогаш досега во Австралија.

Извор: mashable.com

Слични содржини

Наука / Технологија / Живот
Графички Дизајн / Наука / Технологија

ОкоБоли главаВицФото