Фејсбук јакна за гушкање

10.10.2012 09:17
Фејсбук јакна за гушкање

За најактивните и „најнавлечени“ корисници на Фејсбук, на кои не им е доволно кога некој ќе им кликне „like“ на профилот, американската дизјанерка Мелиса Кит Чау, во соработка со Енди Пејн и Фил Ситон, сите студенти на Универзитетот МИТ, дизајнираше јакна која го прегрнува корисникот секогаш кога ќе биде „лајкуван“ на Фејсбук.

„Јакната овозможува да ја почувствувате топлината, охрабрувањето, поддршката или љубовта што ја чувствуваме кога некој нè прегрнува“, вели Чау. Таа објаснува дека дошле до идејата за време на обичен, неформален разговор за врските на далечина и ограничувањата на видео повикот преку Скајп.

Оној што ја носи јакната може да возврати на прегратката така што ќе ја издише, под услов и другиот корисник на Фејсбук да носи иста таква јакна.

Извор: guardian.co.uk

ОкоБоли главаВицФото