Плоштад Слобода: Секое дрво пресечено во центарот на Скопје е потпишано од ДОМ

10.10.2012 18:33
Плоштад Слобода: Секое дрво пресечено во центарот на Скопје е потпишано од ДОМ

На денот кога започнаа подготовките за градба на уште една административна зграда во центарот на Скопје спроти хотелот Бристол, Плоштад Слобода укажува на учеството на Демократска Обнова на Македонија во уништувањето на парковите и зелените површини во центарот на Скопје. Имено, нивниот советник Насер Хот е еден од дваесет и двајцата членови на советот на општината и пресуден член во владејачкото мнозинство од дванаесет советници. Овие дванаесет советници го изгласаа ДУП-от кој што ги избриша зелените површини на територијата на општина Центар. Без гласот на советникот на единствената декларирана зелена партија во Македонија (ДОМ), масакрите на дрвата во Скопје, вклучувајќи го и денешниот, немаше да се случат.

ДОМ претенциозно се нарекува дел од светското зелено политичко движење. Замислете како би реагирале нивните колеги од други земји на фактот што нашите т.н. зелени политичари без никаков приговор го даваат својот глас за брутално уништување на градското зеленило. Време е ДОМ да почне да го практикува она што го попува и да го спречи секое натамошно сечење на дрвата во центарот на Скопје. ДОМ мора да застане во одбрана на паркот што беше соголен денеска и да го зачува зеленилото што остана неговото место.

Досега, во мандатот на овој советник на ДОМ, без кого ова мнозинство не би постоело, од банални причини се уништени следниве паркови и зелени површини:

  • Парк спроти хотелот Бристол (административна зграда десеткатница)
  • Парк пред Домот на АРМ (црква со камбанерија)
  • Паркот Жена Борец (десетици споменици и скулптури)
  • Паркот пред КИЦ (катна гаража)
  • Паркот зад Собранието на РМ (катна гаража)
  • Двете зелени парцели околу плоштадот Македонија (хотел и градска куќа)
  • Паркот зад главната пошта (барокна катна гаража)

ОкоБоли главаВицФото