1029 hPa
74 %

-1 °C
Скопје - Вто, 11.02.2025 21:59
Скопје, 11 октомври 2012 година
Учениците од основните училишта сè подоцна стапуваат во сексуални односи, покажаа резултатите од истражувањето кое го спроведе Институтот за утврдување на границите за полова зрелост. Истражувањата покажуваат и дека основците, кога станува збор за првиот секс, сè повеќе заостануваат зад средношколците затоа што во сексуален однос стапуваат само седум проценти од седмоодделенците и осмоодделенците, наспроти 14 проценти од учениците во прва година од средните училишта.
Професорот Сексољуб Методолошки ни изјави дека процентот на основци кои имале сексуален однос, од година во година е сè помал и дека полека го губиме чекорот со земјите од регионот, кога станува збор за сексуалната активност на нашите основци.
-Македонија, според бројот на малолетнички забременувања со години го држеше приматот во Европа, а сега не сме повеќе ни први во регионот. Причината за тоа се пред сè основците чија сексуална активност е на загрижувачки ниско ниво.
Последните податоци покажуваат дека просечната девојка првото сексуално искуство го има дури на 15 години, а тоа, мора да признаеме е поразително, напоменува Сексољуб.
Според неговите зборови, постојат повеќе фактори кои влијаат на тоа.
-На прво место е стравот од осуда од околината, па потоа сокривањето на сексуалниот чин од своите врсници итн. Потоа, тука се и сексуално преносливите болести за кои децата се исклучително добро информирани. Исто така, присутен е и стравот од абортус, истакнува нашиот соговорник.
-Тоа се чувствителни години, кога младите се бараат себеси и кога се изложени на разни влијанија. Ако постојано гледаат серии и филмови кои носат порака дека за првиот секс треба да се чека вистинската личност, тогаш не треба да не чуди тоа што состојбата станува алармантна, заклучи професорот Методолошки.
Адаптирано од: http://www.njuz.net/