Македонски народни партизански песни

11.10.2012 10:17
Македонски народни партизански песни

 
Ајдете браќа,
cите содружно,
да ги скршиме
ропските синџири
Сите содружно
в бој да тргнеме,
в бој за слободна
Македонија!
Доста е ропство,
доста тиранство,
доста трпевме
клети фашисти!

***

Абре Македонче,
каде се спремаш?
Борба те чека,
борба за слобода.
Момци накитени,
моми наредени,
в борба ми влагат,
борба за слобода.
Нека разберат
крвави фашисти:
македонско име
нема да загине!
Cоветска Русија
и Македонија!
Советска Русија
голема држава
и она ми брои
двесте милиони.

Таму нема веќе
гол и бос да одеш,
многу да работеш –
пак за леб да трпеш.
Таму нема веќе
гадове буржуи,
и клети шпиуни.
Советска Русија
и Македонија!

***

Aj што ми e мило и драго
млада партизанка да станам,
на Пелистерска планина,
на Лавчанската корија,
кај дванајсетте кладенци.
Таму си клетва зедовме
со фашисти да се биеме,
слобода да добиеме
за ваша Македонија!

Давај ме, мила мамо, давај ме
за што ме срце, мамо, тргнало:
млада партизанка да станам,
Козјак планина да идам,
Карпуш војвода да видам.
Пушкоитролезот да носам,
клети фашисти да косам.

***

Другари, верни другари!
Кога ќе вие сјодите,
крај село да помините,
на мајка ми да кажите –
што Панде падна загина
од тешки бумби фашиски.
Мајка ми да ме жалеи
дури и гледат очите,
либето да не ме жали,
оти ми беше неверно.

собрал и редактирал: Блаже Конески

Пред крај на јуни 1943 година, во Македонија се појави првата збирка, „Македонски народно­ослободителни песни“ редактирана од Коста Рацин, непосредно пред неговата смрт. Збирката, која што содржеше дваесет песни пеани од партизаните и народот во оние денои кога народното востание сè повеке се разгоруеше, беше печатена во примитивната партизанска печатница „Гоце Делчев“ во Лопушник (Кичевско). Тиражот беше многу скромен ­ неколку стотини примерци ­ од простите причини што не се располагаше сo многу хартија и што „капацитетот“ на дрвената печатница не позволуеше повеќе. Тоа беше прв обид да се соберат во една печатена збирка оние песни сo кои што умираа нашите борци, песни во кои што се викаше нашето село, нашиот град на решителна „борба за народна Слобода”.

Дел од предговорот на Владо Малески ­ Тале

Слика: Ѓорѓе Андреевиќ - Кун