Суперчовек

11.10.2012 12:34
Суперчовек


Последната инсталација на Wellcome Collection од Лондон „Суперчовек“ ги истражува необичните начини со коишто луѓето низ историјата се стремеле да ја подобрат, прилагодат или зголемат способноста на своето тело. Дебатите за етичноста на унапредувањето на нашите тела стануваат исто онолку раширени во секојдневието колку што се таквите помагала во спортот. Со вклучувањето на објекти како што се очилата или вештачките заби, кураторите на „Суперчовек“ го преиспитуваат прашањето за тоа колку нашите животи се веќе технолошки унапредени, што го поттикнува општеството да се плаши од технологијата.

Со најразличните артефакти, од механички екстремитети до спортска опрема и со провокативната комбинација на историски, технолошки и уметнички перспективи, изложбата беше особено привлечна за заинтересираните за дизајн, но поеднакво и за филозофско и деликатно истражување за тоа што значи да се биде човек во ерата на „трансхуманизмот“.

Погледнете повеќе овде.

Извор: core77.com

ОкоБоли главаВицФото