Метрото како најголема јавна читална

12.10.2012 11:41
Метрото како најголема јавна читална

„Сите ние се читаме самите себеси и светот околу нас за бегло да видиме што сме и каде сме. Читаме за да разбереме или за да почнеме да разбираме. Читањето, речиси како и дишењето, е наша важна функција“, пишува аргентинскиот публицист Алберто Мангал во својата веќе култна „Историја на читањето“. Читањето нè облагородува, забавува, едуцира, растажува, и покрај изобилството цитати за функцијата за читањето со книгата навистина никогаш не сме сами.

Од друга страна, најновата анкета со која се истражува колку често се чита во Хрватска, е прилично поразителна. Дури 40% од Хрватите читаат максимум една книга месечно.

Еден куриозитет, барем за просечниот хрватски жител, е посетата на некоја европска метропола (на пример: Лондон, Берлин, Њујорк...) и неизбежното возење со некој облик на јавниот превоз. Освен поинаквата перспектива на градот, неговата потајна и повалкана подземна страна, она што на патникот намерник лесно му паѓа во очи е завидниот број практикувачи на таа, во Хрватска речиси заборавена дисциплина, читањето. На седиштата, подовите, потпрени на прозорците, на вратите на метроата, тие се секогаш со книга во рацете. Без оглед на должината на патот, без разлика дали станува збор само за две станици или возење до крајот на градот, навикнавме да ги гледаме локалните жители во потполно контемплативна состојба, независно од количината на врева и дистракција, сосема внесени во своето хартиено четиво.

Менталните патувања овде навистина коинцидираат со оние физичките, а свесно или не, со отворањето на книгата, презентирањето на нејзиниот наслов и автор на јавно место, неминовно даваме свој јасен став за животот.

Токму читањето во метро, и тоа во њујоршкото, ѝ станало главна опсесија на фотографката Оурит Бен-Хаим, да го покрене амбициозниот проект Underground New York Public Library, увидувајќи дека станува збор за најголемата јавна читална во тој град. Авторката дипломирала компаративна книжевност, па нејзиниот однос кон луѓето кои читаат во метро е многу повеќе феноменолошки отколку фотографски.

Имено, дневно ажурираниот блог донесува фотографии на луѓе кои читаат, но задолжително со името на авторот и насловот на книгата. Доколку авторката случајно не добие информација за која книга станува збор, тогаш бара помош од голема група пријатели да ѝ помогнат да ја детектира книгата - според корицата. Дискусиите кои се развиваат на страницата често знаат да бидат и непредвидливи, а се претвораат и во форум за книги.

Извор: pogledaj.to

Слични содржини

Јавни простори / Фотографија / Книжевност
Јавни простори / Книжевност
Јавни простори / Фотографија
Јавни простори / Фотографија

ОкоБоли главаВицФото