1016 hPa
50 %

23 °C
Скопје - Вто, 20.05.2025 19:29
Во Катманду, главниот град на Непал, на 12 октомври започна првата ЛГБТ Олимпијада во светот на која ќе се натпреваруваат стотици хомосексуалци, бисексуалци и трансрдони атлетичари.
Тридневната спортска манифестација, која ќе се одржи на фудбалскиот стадион и на други спортски терени во престолнината на Непал, започна со фудбалски меч помеѓу два локални тима. За време на Олимпијадата ќе бидат одржани разни натпревари во повеќе атлетски дисиплини, тениски мечеви, натпревари во одбојка, кошарка, фудбал, како и натпревари во боречки вештини, соопшти организаторот на игрите, водечкото непалско ЛГБТ здружение, Blue Diamond.
„Среќни сме што имаме можност да ги организираме игрите“, изјави Сунил Бабу Пант, единствениот деклариран геј пратеник во Непал. Тој наведе дека за натпреварувањата се пријавиле околу триста спортисти од Непал, а ќе учествуваат и дваесет спортисти од други земји, меѓу кои и САД, Русија, Јапонија, Франција и Бангладеш.
Еде од гостите на ЛГБТ олимпијадата е Грег Луганис, двократен освојувач на олимписко злато во дисциплината скокови во вода.
Иако е конзервативна земја, Непал има една од најпрогресивните политики кон ЛГБТ популацијата во Азија. Со судска одлука, на непалската влада во 2007 година ѝ беше наложено да усвои закони со кои им се гарантираат правата на хомосексуалците. Освен тоа, властите во Непал во јуни најавија дека ќе почнат да издаваат лични карти на кои луѓето ќе можат да се изјаснат помеѓу три пола: машки, женски, трансроден.
Извор: http://sports.ndtv.com