Анонимуси повеќе не го поддржуваат Асанж

13.10.2012 11:28
Анонимуси повеќе не го поддржуваат Асанж

Причината за разидувањето помеѓу Викиликс и Анонимуси е тоа што Викиликс на интернет почна да објавува над двесте илјади страници од документите на Стратфор, добро позната „безбедносна агенција“ која тесно соработува со американската влада во тајните операции. Но, документите беа скриени зад pay wall, така што секој корисник прво мора да донира одредена сума пари за Викиликс, за да може да добие пристап до документите.

Потегот не би бил толку лош, ако Викиликс не ги добиеше документите токму од Анонимуси, кои со хакерски напад ги украдоа од Стратфор.

Анонимуси се огорчени и преку социјалните мрежи јавно порачуваат дека Викиликс и Асанж повеќе ја немаат нивната поддршка и дека ваквиот потег на Викиликс е чисто предавство и срамота.

По жестоката реакција на Анонимуси, Викиликс го отстрани paywall, но Анонимуси и понатаму не сакаат да имаат никакви односи со нив и велат дека им е доста од „кревање на Асанж до ѕвездите“ и собирање пари за него.

Во секој случај, одлуката на Викиликс е непромислена, затоа што губењето на поддршката од најсилната хакерска активистичка група, воопшто не е паметно за организација која се занимава со дејност како Викиликс.

Објаснувањето на Анонимуси може да го прочитате овде.

Извор: metro-portal.hr

ОкоБоли главаВицФото