Оргазам

12.09.2009 16:21
dm4.jpg

Катјуша се плашеше од тој збор. Тоа беше грев, грев на кој што беше страшно дури да се помисли, но кога таа мислеше на него, во стомакот се јавуваше некакво си страшно и слатко чувство.

Таа го научи зборот од Вик, кој седеше наспроти неа во канцеларијата и, кога околу нив немаше никој, водеше разговори за сенешто. Неговите разговори беа ужасни и непријатни, но подоцна, по некое време, и` се посакуваше уште да ги слуша.
Сите негови разговори беа за гревови – за она, на што, како што велеше мајка и`, може да се размислува само после свадбата, и никако не смее да се разговара. Но сепак, Вик сосема слободно зборуваше за тоа, со што неверојатно ја бунеше Катјуша.

Таа беше подготвена да разговара само за свадбата што не беше ниту на повидок затоа што не постоеше втората половина, неопходна за таа света процедура, но која што таа можеше да си ја замисли како на јаве. Дури ја сонуваше, сè како што велеше мајка и`: на почетокот несмасно додворување со цвеќиња, поезија на месечева светлина, потоа скромен бакнеж во образ, втор, трет... и ете ја неа, со звуците на свадбениот марш оди облечена во снежно–бел фустан, а околу неа цвеќиња, цвеќиња... Вик им се смееше на овие нејзини мечти и и` нудеше такви работи, што таа се вцрвуваше и ја губеше способноста за говор.

За среќа, или за жал, таа не поминуваше долго време во канцеларијата, два–три часа по факултетот. Тоа сепак беше доволно, приквечер имаше малку луѓе и таа можеше без прекин да разговара со Вик. Во пар наврати тој дури ја имаше фатено за рака – но, тоа не беа оние несмасни допири за кои што таа мечтаеше, туку допири што бараат, возрасни допири. Таа не можеше мирно да мисли и да зборува од нив, и само глупаво се насмевнуваше. Вик и` говореше гадости и и` раскажуваше уште поголеми гадости од неговиот живот но таа, наспроти очекувањата, не пропаѓаше во земјата од срам туку се вцрвуваше и сакаше уште.
Токму Вик ја имаше прашано дали таа се допира таму долу. Таа веќе имаше слушнато за тоа, од книги и од телевизијата. Еднаш нејзините пријателки и` зборуваа за тоа, но таа едноставно си ги покри ушите и не ги сослуша.

Тоа беше грев, уште поголем од останатите, тоа беше едноставна примитивна безосетна похотливост што не доаѓа предвид дури ни по свадбата. Нејзе и` се чинеше дека луѓето кои што се занимаваат со тоа веќе не се луѓе, туку се животни. Таа сакаше истото да му го каже на отецот на исповед, но јазикот и` откажа и постепено таа се убеди себеси дека такво нешто едноставно не постои. И ете, токму за тоа ја прашува маж, гледајќи ја директно во очи и без капка срам.
Првиот пат таа побегна, вториот пат едноставно рече „не“. Третиот пат, тој и` рече:
– Штета. Тоа е толку едноставно. И толку пријатно. Едноставно го ставаш прстот и почнуваш.

Притоа, тој така ја погледна, што нејзе ја фати грч, сè до нозете. Таа не знаеше што да му одговори, се спреми да си оди дома и до самиот пат повторуваше: „Тоа е толку едноставно...“ Нејзе таа работа не и` се чинеше едноставна, таа се плашеше да се допира себеси таму доле, а неизбежните гинеколошки прегледи уште од училишното време завршуваа со хистерија во прегратките на мајка и`.

Мајка и` не беше дома, беше ноќна смена. Нејзините ноќни смени стануваа сè почести – таа се повикуваше на годишни одмори, на неопходноста да ги менува другите доктори и на некаква мистериозна дисертација. На Катјуша и` беше здодевно, но не се бунеше.
Во фрижидерот пронајде чинија со јаготки, се смести во фотелјата, го вклучи телевизорот и се обиде да си ги прибере мислите. Јаготките завршија неочекувано бргу, на екранот немаше ништо интересно, а мислите сè уште не и` излегуваа од главата. Заедно со гласот на Вик.
„Дали да му се јавам, веројатно е сè уште во канцеларија“ – неочекувано за себеси си помисли таа. И се исплаши од својата желба.

Наместо на Вик, таа и` се јави на мајка и`, пријатно си позборуваа и таа веќе беше готова да оди на прошетка, кога започна да врне. Подоца, таа токму дождот ќе го обвини за сè што се имаше случено. Катјуша реши да се истушира. Водата секогаш ја измиваше од неа не само целата нечистотија, туку и сите сомнежи, навреди и лоши мисли. Така беше и овојпат: и` исчезна сè од главата, во душата и` стана лесно и пријатно. Таа ги движеше рацете по своето тело, вртејќи се под топлата струја и сосема случајно допре онаму...

„Тоа е толку едноставно“ се сети таа и сакаше да ја тргне раката, но наместо тоа започна споро да го движи прстот нагоре–надолу. Беше навистина пријатно, отприлика како кога мајка и` да ја чешла нејзината коса. Иако, од тогаш има поминато многу време...
„Уште само секунда и готово“, си рече себеси, но сепак продолжи. Од некоја причина, нејзе не и` беше срам, напротив – пријатните чувства нараснуваа, таа се фати себеси дека тешко дише, како после трка на сто метри. Таа ја присобра сета своја волја за да застане да го прави тоа – и ненадејно почувствува дека во неа зрее нешто сосема необично, нешто од што таа смртно се преплаши. Таа сфати дека тоа е границата, после која што таа ќе биде друг човек, од мало девојче ќе се претвори во возрасна девојка, опфатена од ниски страсти...

Таа дури си ја тргна раката и сакаше да излезе од кадата, но чувството долу ја наведе да запре. Таа повторно посака да ја доживее онаа блажена состојба, во која што беше пред малку. По секунда колебање, таа повторно застана под тушот и ја спушти раката долу. Блаженството се врати веднаш, беше долволно само да го помрдне прстот и некаде таму долу започна да нараснува вулкан. Таа веќе не беше свесна за тоа што и` се случува, веројатно, сега да влезеше мајка и`, таа сепак не би можела да се запре. Таа се наоѓаше на граница со експлозија и чувствуваше дека тоа трае. Во нејзиниот мозок се појави забранетиот збор, таа како да ја премина границата и на почетокот само го замисли, а потоа и го изговори наглас:
– Оргазам.

Вулканот експлодира истиот момент. Таа беше опфатена од таква бура од чувства, што едва остана при свест. Таа сфаќаше дека сладострасно се грчи на дното од кадата, но не можеше ништо да стори. Конечно, запре. Блаженството заминуваше споро, но таа веќе не сакаше да го продолжи, дури напротив, слаткиот замор ја влечеше да си легне во чистата постела.
Таа не се ни облече, ионака беше сама дома, а цврсто затворените завеси не им дозволуваа на љубопитните погледи да продрат внатре. Не и` се размислуваше за случката и таа едноставно ги исклучи тие мисли.

Откако си легна, Катјуша почна да чита, но главата и` беше некаде далеку. На крајот, таа ја остави книгата настрана, се сврте на грбот и почна да размислува за добри работи. Обично во ова време таа мечтаеше за мажачката, клупата во паркот под месечевата светлина и стиховите. Но сега, некако само по себе, и` се размислуваше за нешто сосема поинакво – дека еднаш има наидено на пар што стенка во темниот влез и со чудење си ја препозна колешката од класот, дека на матурската забава момчето од соседниот клас ја стегаше во темниот агол и и` ја истутка блузата, и нејзе и` беше одбивно и привлечно слатко во исто време... Катјуша осозна дека раката сама и` се движи кон тоа место, таа првин ја тргна, а потоа си го кажа истиот збор...
– Оргазам.

Овојпат сè беше побргу и посилно. Или можеби само така и` се причини. Но таа се освети затоа што садовите во соседната соба заѕвечија од нејзиниот крик, а таа самата речиси падна од креветот.
Наутро Катјуша не отиде на факултет. Поточно кажано, таа се подготви да оди, и дури стана, но потоа повторно прилегна само на минута, отспа половина час и, кога се разбуди, посака повторно да го почувствува вчерашното.

Дали од спиење или од нешто друго, но овојпат тоа траеше подолго, иако чувствата не беа ништо помалку пријатни, макар што не беа толку длабоки како вчера. Таа дури малку се подисплаши, што ако тоа е еднаш и засекогаш, што ако таа никогаш повеќе нема да го почувствува она, поради што се вика на цел глас...

Лежејќи во креветот Катјуша конечно се сети на факултетот и за мајка си. Се ближеше пладне, немаше никаква смисла да тргнува на факултет, но таа не сакаше да ја лаже мајка си – тоа беше голем грев.
До доаѓањето на мајка си Катјуша изработи правилна, од нејзино гледиште, причина за неодењето на настава. Таа помисли дека сè што и` се има случено е некој вид на болест и затоа, оправдувањето со болест беше сосема природно. Патем, болеста беше одлична причина да не се оди на работа бидејќи таа се плашеше дека Вик, од самиот нејзин изглед, сè ќе сфати.

Размислувајќи за ова, таа си помисли дека нема да може да го направи тоа во присуство на мајка и` и затоа реши да проба уште еднаш.
Навистина, на почетокот Катјуша почувствува слаба болка и дури малку се загрижи, но потоа, откако се наведна и успеа да види, таа сфати дека нежната кожа и` е малку надразнета. Таа со слични надразнувања се бореше на едноставен начин: спасоносната хидратантна крема ги отстрануваше сите непријатни чувства во рок од пар часови. Така и сега, таа истисна малку крема на дланката и почна да ја втрива во кожата. И застенка, осознавајќи колку е тоа попријатно отколку само со рака.
Кремата се впи докрај. Немаше ниту спомени за неа, кога Катјуша од моменталното блаженство викна на цел глас и целото тело и` се грчеше додека таа со бедрата цврсто си ја стегаше дланката. Штом само дојде на себе, таа сфати дека лежи сосема гола на фотелјата, во предизвикувачка поза; таа бргу скокна знаејќи дека сега ќе пристигне мајка и`.

Мајка и` се задржа на работа и беше замислена. Таа не обрна внимание на блесокот во очите на ќерка и`, за што Катјуша и` беше благодарна, иако и помалку навредена. Тие вечераа и мајка и`, заморена после дежурството, отиде да спие.

Катјуша, како и обично, отиде да се тушира. Впрочем, не како и обично, овојпат таа имаше своја тајна. Единственото од што стравуваше е, да не ја разбуди мајка си со своите викотници, и се воздржуваше колку што можеше, но во последниот момент не издржа и почна да завива, од утробата, низ цврсто стегнатите усни.
За среќа, мајка и` имаше цврст сон. Рано наутро таа си замина на работа, од навика туркајќи ја Катјуша, која ниту мислеше да оди на факултет, туку долго се излежуваше во креветот, толку долго што стигна да огладни, и го стори тоа уште четири пати, секојпат изговарајќи го, сè погласно, тајниот збор: „оргазам“.

Катјуша конечно заспа, заморена од непрекинати активности. Свиткана на својот кревет таа го сонуваше Вик, како нежно ја прегрнува. Вик стануваше сè поупорен, таа, како и обично, глупаво се смееше и си мислеше што ќе се случи понатаму.

Ненадејно Вик силно ја фати таму доле. Неговите прсти, што досега беа толку нежни, ненадејно станаа цврсти како метал – тој ја отвори устата и Катјуша со ужас ги виде неговите заби, пожолтени од пушење. Таа се обиде да се оттргне, но тој цврсто ја стегаше и неговите прсти продираа сè подлабоко во неа... Тоа ја здоболе, таа повторно го погледна в лице, извика од ужас и се разбуди.

Се стемнуваше. Нејзе и` беше ладно, низ подотворениот прозорец доаѓаше провев, нејзината кожа беше студена. На душата и` беше мачно.
Катјуша слушна некаков звук. Според се`, гласот на мајка и`. Чудно, таа ретко водеше гости дома. Уште почудно е, што не ја разбуди.
Катјуша стана, се истегна. Долу сè ја болеше, таа се сети на сонот, се фати со раката, веќе од навика. Имаше чувство дека долу има огромна модринка. Таа мислеше да погледне, но се сети дека може да влезе мајка и` и да ја затекне во таква поза.

Внатре и` беше мрско. Отприлика така се чувствуваше во детството, кога ќе украдеше нешто од својата братучетка. Катјуша ненадејно помисли дека она, што таа го правеше три дена по ред, е страшен грев, кој што нема да може да се измоли со никакви молитви. Најдоброто нешто, што таа сега може да го стори е, за сево ова да и` раскаже на мајка си, инаку нејзе секако ја очекува страшна казна...

Катјуша почувствува сврбеж на дланките. Рефлексивно се почеша и дури потоа ги погледна. Се скамени од ужас: низ кожата на дланките очигледно се пробиваше одвратно темно крзно.

Катјуша врисна и ги затвори очите. Седна, ги отвори очите и повторно си ги погледна дланките. Крзното не исчезна; напротив, се чини дека стана уште погусто. Катјуша се обиде да се смири, но единственото нешто што и` падна напамет по желбата да вика на цел глас беше, да отрча во купатилото и да го избричи одвратното крзно.
Таа скокна, направи два чекора. Како и обично, се погледна во огледалото. Остана да стои скаменето, гледајќи во одразот.

Во огледалото, тоа не беше таа. Поточно, тоа беше таа, Катјуша, но сосема поинаква. Дваесеттина години постара, со некоја ужасна шминка на лицето, со ретка обоена коса... длабоко паднатите очи зрачеа похотливост, сините жилички на носот ја означуваа употребата на алкохол. Но, најбитното е... Катјуша затрепери и се фати за срцето – среде косата на тилот јасно се гледаа мали рогови.
Катјуша гласно викна и, едвај задржувајќи се на нозе, излета зад вратата.

Таа влета во собата на мајка и`, провалувајќи ја заклучената врата, не прекинувајќи со викањето. Изгледот на мајка и` ја сопре на место: таа седеше на кревет со некој маж. Мајката беше со разбушавена коса, со откопчан пењоар, под кој што се гледаа градите и белиот стомак.

Кога ја виде Катјуша, таа се обиде да го закопча пењоарот, но во тоа и` пречеше раката на мажот. Веќе наредниот момент таа заборави за пењоарот. Катјуша падна пред неа – и пред мажот – на коленици, почна да ја удира главата по подот, неповрзано изговарајќи нешто за крзно, рогови и, за целиот ужас на мајка и`, за оргазам... Таа се прпелкаше пред двајцата возрасни луѓе, кинејќи го ластикот на гаќичките и туркајќи го прстот онаму, од каде што и` доаѓаше блаженството, ја бушавеше косата викајќи за роговите и и` ги туркаше на мајка си своите дланки, говорејќи за крзното, молејќи да ја спаси... Конечно, таа падна на грб, се фати со обете раце долу и почна да се грчи во нареден оргазам.

Час подоцна Катјуша беше на пат за болница. Белокосиот доктор рече некаква таинствена реченица на латински и со прекор заниша со главата, обраќајќи му се на некој непознат. Мајката на Катјуша, збунето стоејќи пред прозорецот, со расејан поглед го следеше амбулантното возило и си мислеше дека би било добро да се напие валеријана, а можеби и коњак. Заборавен од сите, нејзиниот нареден љубовник во соседната соба се грчеше од смеа.

Превод од руски: Павел Попов

Илустрации: Kimiko Kitaoka

Останати преведени текстови од Павел Попов:

Дмитриј Пригов: Сметки со животот

Игор Јаркевич: Песни

Едуард Лимонов: За демократијата

Игор Јаркевич: Црвената роза на љубовта

Сергеј Ејзенштајн: Како станав режисер

ОкоБоли главаВицФото