Промоција на „Пред и по танцот“ од Владимир Мартиновски

16.10.2012 09:49
Промоција на „Пред и по танцот“ од Владимир Мартиновски

На 17 октомври (среда) во клуб-ресторанот МКЦ во 20:00 часот ќе се одржи промоција на новата поетска книга на Владимир Мартиновски, „Пред и по танцот“, во издание на Кликер книги.

За книгата ќе зборуваат Лидија Капушевска-Дракулевска и Влатко Галевски, а песни ќе читаат Ана Голејшка и Иван Шопов.

На оваа разиграна промоција не ги заборавајте и чевлите и партнерот за танцување.

 

VALSA DAS SOMBRAS
(стихови за фадо)

          Сенките одамна играат
по свое: додека некои

          итаат, сенките им стојат,
додека некои мируваат,

          сенките им се развлекуваат
до крајот на видното поле.

          Додека моите мисли
лебдат над куќата, а твојот образ

          тоне во перницата,
ене ги нашите сенки

          се прегрнале и го танцуваат
својот valsa das sombras.

ОкоБоли главаВицФото