Европски ден на борба против трговија со луѓе

18.10.2012 10:52
Европски ден на борба против трговија со луѓе

Во земјите од Европската унија, 880 000 луѓе се жртви на принудна работа, вклучително и сексуална експлоатација, покажуваат проценките на Меѓународната организација на трудот. Тоа значи дека од 1000 жители на ЕУ, 1,8 луѓе стануваат жртви на принудна работа, соопшти Европската комисија, по повод 18 октомври, Европскиот дена на борба против трговијата со луѓе.

Комесарката на ЕУ за внатрешни прашања, Сесилија Малстром, по тој повод денес ќе присуствува на конференција чија цел е планирање на идните акции и поттикнување на соработка во борбата против трговијата со луѓе. На коференцијата, која ја организираат Европската комисија и кипарското претседателство на ЕУ, ќе учествува и министерката за внатрешни работи на Кипар, Елени Мавру и координаторката на ЕУ за борба против трговија со луѓе, Мириа Василидау.

Европскиот ден на борба против трговија со луѓе го установи Европската комисија во 2007 година.

Кривичното гонење на одговорните за трговија со луѓе и понатаму е на ниско ниво, а најновите податоци покажуваат дека бројот на осудени за трговија со луѓе во 2010 е помал отколку во 2008, соопшти Комисијата.

Резултатите од најновото истражување на Евробарометар покажуваат дека 93% од Европејците сметаат дека членките на ЕУ треба да соработуваат во борбата против трговија со луѓе.

Извор: radiosarajevo.ba

ОкоБоли главаВицФото