Во моделите лежи тајната на архитектурата

19.10.2012 09:32
Во моделите лежи тајната на архитектурата

Еден од најголемите „low-profile“ архитекти на чии дела секогаш бесконечно им се восхитуваме, швајцарскиот архитект Петер Цумтор, моментално одржува голема ретроспективна изложба во Брегенц.

Но, станува збор за макети на неговите реализирани и нереализирани дела изложени во стара пошта во Брегенц, кои се базираат на неговата позната реализација, Kunsthaus.

Просторот од двесте квадратни метри е исполнет со различни модели изведени во дрво, глина, метал и поставени на полици кои посебно за таа прилика ги дизајнирал самиот архитект. Станува збор за негова прва самостојна изложба по 2007 година, а самите модели се дел од збирката која веќе со години ја собира Kunsthaus во чест на архитектот. Следната година, музејот подготвува тематска изложба која делата на Цумтор ќе ги сумира во темата „Архитектурата и пејзажот“.

Изложбата на овој великан е отворена до 28 откомври, па доколку имате можност, секако препорачуваме да ја посетите.

Извор: pogledaj.to

Слични содржини

Јавни простори / Уметност
Јавни простори / Историја
Јавни простори / Балкан / Уметност
Јавни простори
Јавни простори / Уметност

ОкоБоли главаВицФото