Малечок пинг-понг стан

24.10.2012 11:09
Минијатурен пинг-понг стан

Дизајнерот и архитект Даниел Аршам, во својот стан од дваесет и седум квадратни метри го извел експерименталниот проект наречен Box/Box, кој траел речиси два месеци. Клучен елемент во неговиот мал животен простор се топчињата за пинг-понг.

Употребувајќи дваесет и пет илјади пластични топчиња со бели и сиви нијанси, Аршам го претворил станот во вистински пикселизиран рај. Ваквиот пинг-понг дизајн чинел околу сто и седумдесет долари од квадратен метар.

Оваа мала компактна соба/стан, всушност е спална соба споена со канцелариите на дизајнерската компанија во која работи Даниел, а во која се влегува по скали.

Со користењето на интересна текстура и монохроматска естетика, Аршам покажува дека животот во Њујорк неретко значи прилагодување кон исклучително мал животен простор, но тоа никако не смее да биде причина за да страда дизајнот.

Аршам се досетил и да ги прекрие топчињата, кои инаку се многу запаливи, со заштитен, незапалив слој, за да се спречат какви било несреќи.

Извор: http://www.mymodernmet.com

ОкоБоли главаВицФото