ХДЗ против улица Милан Младеновиќ

25.10.2012 15:37
ХДЗ против улица Милан Младеновиќ

Одборниците на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) во собранието на Загреб најавија дека на седницата закажана за 25 октомври (четврток) ќе побараат одложување на точката на дневен ред во врска со именување на улицата по Милан Младеновиќ.

Според зборовите на претседателката на одборничкиот клуб на ХДЗ, Маргарета Маѓериќ, оваа партија е против тоа една улица во загрепската населба Јакушевац во Нов Загреб да го добие името Милан Младеновиќ.

На прес конференција, Маѓериќ изјави дека групата ЕКВ не била многу популарна во Хрватска, ниту имала толкаво значење за да добие своја улица во главниот град.

Наведувајќи дека членовите на ЕКВ биле наркомани, Маѓериќ оцени дека при именувањето на улиците треба да се внимава и на таквите критериуми, за да не им се испрати лоша порака на идните генерации.

Милан Младеновиќ роден е во Загреб, беше член на Шарло Акробата и ЕКВ, групи кои оставија длаока трага во југословенската музика. Неговото име веќе го носат улици во Земун и Подгорица, додека платото пред Домот на младите во Белград неодамна го доби неговото име.

Извор: B92

ОкоБоли главаВицФото