Врските на католичката црква со нацизмот

26.10.2012 09:17
Врските на католичката црква со нацизмот

Црквата активно го поддржуваше напредокот на фашизмот во Европа. Во Португалија, таа го поддржуваше Салазар. Кардиналот Серехеира (пријател на диктаторот) изјави дека Салазар има божествена мисија за владеење со Португалија. Во Австрија, Црквата го поддржуваше австро-фашизмот на Долфус и Шушинг. Поглаварот Иницер му беше главна потпора на режимот. Подоцна го поддржуваше нацистичкиот Аншлус. Во католичка Полска, Црквата застана на страната на Пилудски (и неговите наследници).

Полскиот режим анектираше делови од Украина и Белорусија и со тоа промовираше насилна акултурација на двете нации. Украинскиот и белорускиот јазик беа забранети во православната црква. Многу православни (дури и свештеници) луѓе биле затворани и погубувани. Православните цркви беа уништени од страна на моќните полски католици. Таа репресија траеше речиси дваесет години (запрена е дури за време на инвазијата на Полска во 1939 година). Ватикан одобруваше со молчење. Тој притисок против украинското малцинство, подоцна ѝ послужи на украинската бунтовничка армија, како изговор за масакрот над 100 000 Полјаци во Волинија.

Во Италија, Црквата потпиша спогодба со Мусолини со која католицизмот беше промовиран во државна религија. Жртвуван беше добар дел од нивните соработници (вклучувајќи ја и Народната партија на Дон Струзо, со цел да му се помогне на Мусолини да ја зацврсти својата диктатура) и сè освен Католичката акција требаше да биде интегрирано во фашистичките организации. Ватикан вети дека Католичката акција нема да се инволвира во антифашистички акции. Откако Мусолини го потпиша Латеранскиот договор, папата го оквалификува како „човек кого го води Божјата провидност“. Во 1932 година диктаторот од Папата добива Златна мамуза, едно од највисоките одликувања кои ги доделува Државата на Ватиканскиот Град. Исто така, Ватикан ја поддржа и италијанската инвазија на Абесини и тоа под изговор дека италијанските војници се носители на христијански вредности. Тие добри „војници на Христа“ направија небројани ужаси над абесинските „варвари“ како што е, на пример, употребата на иперитот.

Во Германија, во март 1933 година, католичката партија Центрум, на чие чело беше свештеникот Лудвиг Каас, гласаше за Хитлер да добие одврзани раце (Законот за полномоштво, кој помина во парламентот ѝ даде неограничена моќ на извршната власт): Хитлер на тој начин доби мнозинство од две третини, кое му беше потребно за диктатура. Центрум (но и Ватикан) се сложи да ги затвори очите пред нацистичките злосторства, со христијанска добродушност. Подоцна, Црквата почна да преговара со Германија околу спогодбата, во тоа сценарио беше жртвувана Центрум, тогашната единствена значајна партија која нацистите не ја забранија. Всушност, таа им помогна да ја грабнат власта на 5 јули 1933 година.

Центрум беше укината со ватиканска молба (чив секретар беше Пацели, идниот Пио 12-ти), со што ширум ѝ се отвори вратата на НСДАП на Хитлер, која стана единствената партија (Германија, заради важните гласови на Центрум, потпиша спогодба со Ватикан, сè на сè, тоа беше чист клиентелизам). Хитлер во „Мојата борба“, книга во која тој ја најави својата политичка програма, се декларираше како католик. Исто така, тврдеше дека е уверен дека тој е „Божјо оружје“. Можеме да заклучиме дека идеите на Хитлер не ѝ беа непријатни на Црквата. Тој го препозна тоа, па на јавните германски школи им ја наметна секојдневната молитва на Исус, а фразата „Бог со вас“ ја пришиваше на униформите на германската војска. Го поддржуваше и протестантската црква, а на нејзино чело беше поставено наци-протестантското движење “Deutsche Christen” кое го предводеше пасторот Лудвиг Милер.

Тој и останатите верници (католици и протестанти) станаа членови на НСДАП. Бискупот Алоис Худал (член на НСДАП) ја издава книгата која ги помирува различните аспекти на католицизмот и нацизмот. Ја брани ариевската визија на христијанството. Ватикан никогаш не го осуди Худал. Подоцна, тој им помагаше на нацистите да избегаат од Европа. Во Шпанија, војниците се обидоа да изведат државен удар, но тоа се претвори во граѓанска војна.

Црквата ги помагаше, свештениците и бискупите ги благословуваа топовите на Франко, раскошно и со стиховите “Te Deum” ги славеа неговите победи против легитимната рапубликанска влада (која ги доведе пред крај привилегиите на клеириците). Војната однесе околу милион жртви, а Франко ги стрелаше сите заробеници. Се покажа дека тој ја препозна помошта на своите свети сојузници именувајќи разни членови на Opus Dei во својата влада. Влијанието на Opus Dei растеше со диктатурата на Франко, се до точката кога половина од министрите беа од редовите на оваа чесна католичка институција. Франко ги забрани сите религии освен, очигледно, католичката.

Ватикан никогаш не го осуди тој прогон. Во Словачка (која беше нацистичка марионета), семилостивиот отец Јозеф Тисо ја презеде власта и поттикнуваше насилен прогон на опозицијата, Ромите и Евреите (дел од тие жртви беа депортирани во Аушвиц). Ватикан никогаш не го екскомуницираше тој примерен свештеник (за разлика од свештениците кои ја бранеа употребата на кондомите, абортусот, прекинувањето на клерикалниот целибат итн.). Тисо му помогна на Хитлер да ја заземе католичка Полска. Ватикан не ги осуди двајцата диктатори, иако имаше сознанија дека заземањето на Полска е темел за идна инвазија на СССР (кого Црквата го мразеше). Папата буквално ја предаде Полска. Во Франција (Vichy) Црквата декламираше: „Питан е Франција“.

Таа повеќе ја преферираше вишиевската „работа-семејство-татковина“ од републиканската „слобода-еднаквост-братство“, која отсекогаш ја плашеше. Питан ја суспендираше световноста на државата, усвоена во 1905 година и ги обнови привилегиите на клериците. Во замена за тоа, тие ги затвораа очите пред злосторствата на режимот на Питан. Во Белгија, католичката црква го поддржа фашистичкото движење Рексизам (името потекнува од Christus Rex), на чие чело беше побожниот Леон Дегрел. Подоцна, нему му влијаеа идеите на Хитлер. За време на Втората светска војна, Дегрел се заврте кон службениот нацизам и ја водеше SS Wallonie, во која имаше и капелани. Отецот Сириел Вершаев стана капелан на SS Langermarck (оформена од страна на фламанските Белгијци) и тие, остатокот од своите животи го поминаа надвор од земјата.

Во Хрватска, Црквата во целост (и активно) ги поддржуваше злосторствата на Анте Павелиќ. Убиени се околу еден милион луѓе (Срби, Роми, Евреи, хрватски антифашисти итн.). Страшните злосторства на усташите ги шокираа дури и нацистите, сојузниците на Павелиќ. Свештениците учествуваа во усташкиот геноцид. Побожните отци, исто така, го промовираа насилното преобратување на Србите во католицизмот, под закани со мачење и смрт. Многу православни црвки се уништени, а православниот клер трпеше страшна свирепост од побожните усташи. Режимот на Павелиќ го создаде страшниот концентрационен логор Јасеновац, во кого беше и садистот Филиповиќ („Братот на ѓаволот“). Чуварите во Јасеновац ладнокрвно ги убиваа жртвите со ножеви, секири, чекани и со други сурови методи. Брзица, чуварот во Јасеновац, обезглави 1000 заробеници.

Павелиќ и останатите побожни усташи успеаа да побегнат од повоена Европа со светата помош од Ватикан. Досега Ватикан никогаш не замоли за прошка заради соработката со Павелиќ. Во Словенија, бискупот Грегори Розман водеше страшна пронацистичка милиција. На крајот, Розман побегна од својата земја, баран како воен злосторник (како и побожниот усташки бискуп Иван Шариќ). За време на Втората светска војна Ватикан беше многу добро запознаен со нацистичките злосторства. Папата Пио 12-ти помисли да ги осуди нацистите, но се откажа заради својот тврдоглав антикомунизам, мислејќи дека руската победа би била полоша од нацизмот (Ватикан ја држеше инвазијата на Хитлер врз СССР со „крстоносен поход против болшевизмот“). Во пораката која беше испратена преку радио на Божиќ 1942 година, Пио 12-ти го критикуваше комунизмот, а не Хитлер и неговите слуги (Тисо, Павелиќ, Питан, Франко, Мусолини...). Во божиќната порака говореше за „стотиците илјади луѓе кои без вина, а понекогаш само заради националните или расните мотиви, биле предодредени на смрт или на прогресивно истребување“, но не ги споменуваше ниту нацистичките жртви, ниту нацистичките крвници.

Во 1943 година нацистите го окупираа Рим. Нацистичкиот терор дојде пред вратата на Папата. Тие ги прогонуваа Евреите, комунистите и другите групи. На 23 март 1944 година група герилци ја нападна нацистичката команда и уби 33 освојувачи. Овој херојски чин Ватикан долго го критикуваше како терористички. Германскиот одговор беше ладнокрвно убиство на 335 Италијани во Арденските јами под команда на Ерих Приебке. Светата Столица едноставно жалеше за луѓето што беа жртвувани „наместо виновниците“. Со други зборови, Папата не се противеше на тоа што стреланите беа членови на италијанското движење за отпор.

Пио 12-ти не го загрижуваа жртвите на нацизмот или нацистичката окупација, туку партизаните кои се бореа за ослободување на Италија. Се плашеше дека брзото заминување на Германците можеше да го препушти градот во рацете на комунистичките борци. И покрај тоа, Ватикан им помагаше на некои бегалци пред нацистите кога увиде дека германскиот пораз е неизбежен. По војната, Ватикан им помагаше на Менгеле, Ајхман, Приебке и на другите нацисти да побегнат од Европа преку познатата мрежа за бегство наречена “Ratlines”. Црквата ги поддржуваше и диктатурите во Латинска Америка.

Во Аргентина соработуваше со репресивниот систем, а свештениците дури учествуваа во измачувањата и убиствата на противниците, вклучувајќи ги и таканаречените „летови на смртта“, каде противниците беа фрлани во морето. Исто така, Црквата ја поддржуваше репресијата над малцинствата (Јеховините сведоци и хомосексуалците, на пример). Католичките дисиденти, како на пример бискупот Ангелели, беа убиени, а Црквата само молчеше. Исто така, Црквата го поддржуваше Пиноче, Сомоза, Штроснер, Трухилио и другите фашисти од регионот.

Извор: http://pt.indymedia.org

Слични содржини

Општество / Европа / Став / Теорија
Општество / Европа / Култура
Општество / Европа / Став
Општество / Европа / Теорија
Општество / Европа / Музика

ОкоБоли главаВицФото