1017 hPa
82 %
16 °C
Скопје - Нед, 09.11.2025 13:59

Членови на здружението Zagreb Pride се собраа пред амбасадата на Република Македонија во Загреб во знак на солидарност со ЛГБТ лицата за кои, како што се наведува во соопштението на Zagreb Pride, условите за живот во Македонија се исклучително тешки.
Zagreb Pride наведува дека секојдневно добива информации за кршење на човековите и граѓанските права на ЛГБТ лицата, особено откако на пролет е основано ЛГБТ движење во Македонија, за напади на активисти, за говор на омраза и закани, како и медиумскиот линч на кој тие се изложени.
Европската Унија неколку пати апелираше македонските власти да ја внесат сексуалната ориентација во антидискриминацискиот закон, бидејќи македонската влада е единствената што одбива да го направи тоа, се наведува во соопштението на Zagreb Pride.
Извор: http://www.abrasmedia.info