1009 hPa
82 %

15 °C
Скопје - Чет, 15.05.2025 22:59
Феликс Баумгартнер, моментално најпознатиот авантурист во светот, кој скокна од височина од триесет и девет километри, ги коментираше проектите на НАСА и најавите за нови експедиции на Марс.
Тој смета дека станува збор за потполно бесмислено расфрлање со парите на даночните обврзници кои никогаш не би ги потрошиле истите на тој начин. Баумгартнер верува дека луѓето би биле позадоволни ако тие пари се потрошат на нешто што има врска со спасувањето на Земјата.
„Треба подобро да се разбере Земјата, затоа што не може да се ипраќаат луѓе на Марс, кој е предалеку, а и она малку што ќе го научиме за Марс ќе нема никаква практична примена“, вели Феликс Баумгартнер.
Неговиот скок чинеше дваесет и девет милиони долари, а сè беше финансирано од Ред Бул.
Извор: http://www.businessinsider.com