Gum Election: Кога гумата за џвакање избира

01.11.2012 10:30
Gum Election: Кога гумата за џвакање избира

Gum Election е уметнички проект на Стефан Хаверкамп и Џејмс Купер кој им овозможува на гласачите да го искажат своето мислење за кандидатите и пред да дојдат до избирачките места.

Проектот е започнат во 2008 година, за време на предизборната кампања, а враќањето го доживува во текот сè уште актуелната предизборна кампања на Барак Обама и Мит Ромни.

Сите кои имаат мислење за овие кандидати, без разлика дали се Американци со право на глас или набљудувачи од остатокот на светот, својот став за тоа кој е полош во кампањата можат да го искажат со лепење на гума за џвакање на постоечкиот плакат на кој се насмеани двајата кандидати за претседател на САД.

 

Повеќе информации за проектот и за неговиот развој може да прочитате овде.