Труп на брод како најголема галерија на отворено

02.11.2012 10:46
Труп на брод како најголема галерија на отворено

Трупот на бродот Duke of Lancaster, кој се насука во бура во 1979 година и со децении остана напуштен на западот на Велс, доби можност за нов живот кон средината на октомври оваа година, кога група уметници одлучи да го „оживее“ цртајќи на него.

Проектот Black Duke of Lancaster го покрена групата графити артисти DuDug кои го „насели“ трупот на бродот со двајца весели пирати, а наскоро треба да им се придружат и други уметници од повеќе европски земји.

Идејата е пропаднатиот брод, чии страни претставуваат непрегледно платно за уметниците, да стане најголемата галерија на отворено во Британија, но и туристичка атракција поради која луѓето ќе доаѓаат во овој крај.

Повеќе фотографии од проектот може да погледнете овде.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото