Драг мој плукачу

16.09.2009 10:21
4.jpg

По десеттина текстови објавени на „Окно“ мислам дека е редно да им се обратам на моите најверни читатели: плукачите. Знам дека има и други, помалку или повеќе верни, ама сепак времето и трудот кој плукачите го вложуваат се, барем за трошка, ако не и појќе, поголеми од останатите високо респектирани и понизно почитувани веб-читатели. Коментарите кои трудољубиво ги оставаат, муабетите кои ги шират врз основа на скромниве исписанија, лековитиот ефект кој моиве тастатурни цеденки го запоседнуваат во нивните животеци, поттиците за „дискусии“, и друго, сведочат во прилог на нивниот вреден труд и посветено време, така што тоа мора да се одбележи соодветно и да им се укаже заслуженото внимание.

И еве, и сега, драг мој плукачу, ги читаш внимателно овие редови, гледаш да фатиш некоја реченичка, пасус ли, запирка, извичник, кај ќе ми плукнеш меѓу редови, мислејќи дека ми го знаеш „типот“, да ме фатиш колку сум тапа тапосана, а ти некрунисан цар и неоткриен Ајнштајн од твоето маало или село. Колку ти имаш повеќе да кажеш, ама ете никој не ти дал шанса, па не дека им љубомориш на другите што станале јавно да кажат некоја реч, туку чисто да викнеш јасно и гласно, о свету колку си неправеден!

Уште пред да почнеш да читаш мислиш дека си ме прочитал со самото тоа што се среќаваме сега и овде? Мислиш дека знаеш сè, си го разбрал земјичево македонско и дека фиоките на твојот ум, во кој си ги сложуваш работите, можат да го соберат секој партал, како мене, на кој ќе наидеш и дека можат да зберат и соберат сè што ќе ти падне пред поткренатиот нос?

И си мислиш, уф, кога би нашол место не само да плукнеш, него и да р'кнеш еден онака солиден шлајм, да си олесниш на ждрелото, а да ме нагрдиш и исмееш мене пред другите, е тоа би било вистинска премија. И наместо да си плукнеш во дланките и да сработиш нешто со кое ќе се погордееш пред себе си и пред другите, нешто што ќе остане сведоштво на твојот човечки творечки дух, ти си одбрал мене да ме честиш со своите благородни секрети, мене да ме плиснеш в лице, божем да ме растрезниш од моето умствено пијанство, и да ми кажеш стани скапанице пијана и прибери се во својата дупка, од кој што си излегол пред другите луѓе. Да се усрамам што сум се одважил да изречам нешто што не го заслужува твоето одобрение и амин?

И не разбираш дека твоите плуканици се само механички секрет и реакција на медиумските ѕвона и пропагандите на твоите спин-доктори обучени да третираат пациенти исклучиво по методи излезени од школата на Павлов. Доктори кои те клукаат и бубачат со средства за кои тврдат дека ти се лек, а ти не гледаш дека со нив те трујат и ти ја гнијат душичката чесна. Наместо да живееш здраво и право, направиле од тебе агресивен волк во човечка кожа што гледа само да касне и да повреди некого, кој тоа бездруго и го заслужува.

И ти објасниле чичковците од телевизиите и весниците кои ти ги љубиш, и на кои ти летаат пеперутки в стомак, дека има само една Вистина, дека сите други се отпадници и предавници, дека зад границите на нивното разбирање има само пустелија. Те поднаучиле тие доктори, како престижните шизици од твоето детство од маалската клупа, ти го објасниле светот и те научиле како да мразиш, како да преѕираш, како да плукаш и да маваш, како совршенството влеано во тебе е едновалентно и не треба да влегува во никаква соединенија со други единки. Овој свет треба да биде место каде ти и твоите ќе се распостелате и ќе се размножувате век и векови, и сè додека не е така, тебе ќе ти биде тесно.

И гледаш да ме клацнеш удолу, а ти да скокнеш угоре на својата си клацкалка во детинестото ти игралиште наречено живот. И би сакал, и копнееш тивко, со финтите присобрани од основно школо да се користиш цел живот и да им се потсмеваш на другите кои во твоите очи се нужно поинфериорни од тебе со самото тоа што не ги делат твоите мисли и ставови, нели? Ни треба книги да читаш, ни доктори на науки да слушаш, што има ти да читаш морони како Жижек, Кундера, Фуко, Киш, ти нив со твојата исконска просветеност ќе ги порекнеш со две-три плуканки и ќе ги сместиш кајшто им е местото, сосе оние што се бафтосуваат со нив. Светскиот заговор и книгите од Едни Македонци, за тоа како Пиринеи потекнуваа од Пирин, Велс од Велес, итн. се книги доволни за цел живот. А твоите ставови и мисли се непорекливата Вистина, за која не смее да се расправа или да се поставуваат прашања, таа е трајна и неизречива, сè што ќе се каже нужно е погрешно заради простиот факт што е различно од неа.

Во суштина се плашиш дека јас, или кој и да е друг со кого не се согласуваш, работи против тебе и твоето племе, дека ќе им го смени умот на луѓето, па твоите соплеменици ќе изгубат работа од државните јасли и служби. Не се вознемирувај, не ми е тоа мислата и целта. Целта е скромна, не да менуваме влади и елити, туку да си кажеме што не чини во земјава, па ако тој кој ја води има слух и послуша нека го, нека постои на позициите кои ги запоседнал, а ако не слуша нека се поттргне, сепак ова не е османлиско и со „сус бе ќерата“ да се затвораат сите обиди народов да си каже нешто. Сега ако некој нè излажал дека сме биле демократија и имало право на слобода на говор, тогаш, признавам ние сме си криви што кукурикаме наоколу без врска.

И така, мој пријателе плукачу, животот е многу покомплексен од твојот далтонистички поглед на светот. Животот е нешто што ти тешко дека некогаш ќе го осознаеш во своја чиста форма и бистра содржајност, тешко ако не го отвориш својот ум за различноста, исплашен да го видиш и чуеш она што не ти милува, затворен во својата пештера од сенки. Луѓето излегле од пештерите и создале цивилизација, а гледаш цивилизацијата од тебе сочинила единка која создала пештера во својата глава, човек кој се користи со племенски нагони да општи со својата околина. Да, да, понекогаш и употребуваш и фини зборови, како деконструира, или асосцира, но таа не го затскрива твојот поимски примитивизам. Јас, или сум од твоето племе или треба да гнијам, да ме нема, да не ти го вознемирувам твоето паланечко спокојство. Како бубачка „безобразно“ излезена од некоја дупка, која треба да се сплеска и фрли в канализација. Тоа е твоето сфаќање за различноста, и тоа е твојата човечка толеранција: има луѓе како тебе, и има разни инсекти и штетници кои наоколу само прават зулуми на вистинските луѓе како тебе. Ги прогласуваш за секти и безверници, како што ќе ти налетаат на волејка, од кај и да се, им пришивап етикети на другите, како тетка во Тетекс.

А јас па тебе не те вознемирувам со навреди по твоите партиски форуми, по твоите телевизии, весници, блогови, комотно си водиш муабет таму, ете ти ги твоите гуруа, веќе никој не им пречи и „мрчи“, сами се останати во своите медиумски трла со своите „верници“,си се фалат едни со други и се крепат дека ете тие се елитата која треба да го води ова општество, која треба да го создава и шири јавното мислење, а сè друго треба да молчи или да се исели од оваа земја. Твоите гуруа се тие што лесно се справуваат со оние со кои не се согласуваат, ќе им го исклучат телефонот, ќе им го избришат коментарот и потоа ќе ги исплукаат и ќе ја раскажат авторизираната историја и ќе ја објаснат сегашноста. Токму тие, твоите гуруа, оние кои те хранат со етикитетите кои ти така либерално ги користиш не трпат дијалог, си канат свои гости, си канат партиски активисти да делат бумбари. Една земја, една мисла, едно племе, едно трло, што ќе ни е плурализам?

Јас те поканувам да комуницираме, повели кажи нешто издржано, објасни, цитирај, аргументирај, не ти бришам коментари, не ти спуштам слушалка, не губам верба во твојата човечност, ама мораш да признаеш дека кога на човека ќе му втиснеш вжежен жиг и потоа го исплукаш, сето тоа оди малку потешко.

 

Слики: Тимоти Камингс

Што воопшто им се придава

Што воопшто им се придава значење на такви духовни гниди?

Како што можев да забележам

Како што можев да забележам твоите текстови не се многу коментирани, за разлика од да речеме текстовите на Вуна.

Ме  хејтат  брате .....  ево 

Ме  хејтат  брате .....  ево  една  прикаладна   песница  за  разочараниот   соросоид   кој    изгубил  контакт   со  колективот  http://www.youtube.com/watch?v=4dOqBtVayTE

Normal 0 false false false Mi

Normal
0

false
false
false

MicrosoftInternetExplorer4

/* Style Definitions */
table.MsoNormalTable
{mso-style-name:"Table Normal";
mso-tstyle-rowband-size:0;
mso-tstyle-colband-size:0;
mso-style-noshow:yes;
mso-style-parent:"";
mso-padding-alt:0cm 5.4pt 0cm 5.4pt;
mso-para-margin:0cm;
mso-para-margin-bottom:.0001pt;
mso-pagination:widow-orphan;
font-size:10.0pt;
font-family:"Times New Roman";
mso-ansi-language:#0400;
mso-fareast-language:#0400;
mso-bidi-language:#0400;}

Статистиката е немилосрдна:
Сите 18 текстови на Копач во Окно до сега имаат вкупно 7 коментари.
4 од нив се пофални, 3 критички без ниту една вулгарна навреда.
Овој текст со неговите 4 коментари заклучно со овој не го бројам.
Патетичен и евидентно проѕирен обид за самопромоција во маченик (или шехид на „босански“ јазик).

drag moj plukacu

Сирот маченику, совест на народов македонски, еве ти од нас Едни Македонци, едно линкце. Мозеби и овие сироти академици не го читале оној глуп Кундера или јадниот Киш, Мозда се бавеле со поинтелегентни работи...што мислис а ? Изгледај ги сите делови па ке муабетиме ако сакаш.

http://www.youtube.com/watch?v=VpsyfzcMw_M

ОкоБоли главаВицФото