Потврдена уставноста на геј браковите во Шпанија

07.11.2012 10:33
Потврдена уставноста на геј браковите во Шпанија

Уставниот суд во Шпанија ја потврди валидноста на законот од 2005 година за венчавање на хомосексуалните парови и ја одби жалбата на владејачката десница да го промени законот усвоен од социјалистите.

Уставниот суд во Шпанија ја потврди валидноста на законот од 2005 година за венчавање на хомосексуалните парови и ја одби жалбата на владејачката десница да го промени законот усвоен од социјалистите.

Одлуката доаѓа во момент кога француската социјалистичка влада сака да предложи во парламентот нацрт закон за хомосексуални бракови, за што расправаа и црквата и десницата.

Со овој закон, Шпанија стана една од првите земји во светот која дозволи хомосексуални бракови. Таков закон веќе е усвоен во Шведска, Холандија, Белгија, ЈАР и Норвешка.

Поранешната шпанска социјалистичка влада на претседателот Хозе Луис Запатеро во 2004 година започна кампања за легализација на истополовите бракови, кои треба да вклучуваат и посвојување деца. По долгата дебата, законот е изгласан во парламентот на 30 јуни 2005 и објавен е на 2 јули 2005. Истополовите бракови во Шпанија официјално станаа легални на 3 јули 2005 и подразбираат право на посвојување деца, што е можно само во десетина земји во светот.

Конзервативната Народна партија на Шпанија поднесе жалба на законот три месеци откако тој стапи на сила.

Уставниот суд, кој деновиве официјално ги соопшти деталите за својата одлука, ја потврди валидноста на законот и ја одби жалбата. Помеѓу 2005 и 2011 година, во Шпанија се склучени повеќе од 20.000 хомосексуални бракови, што е 1,8% од сите бракови во земјата.

Лицата од ист пол можат да склучат брак во пет земји во ЕУ - во Холандија од 2001, во Белгија од 2003, во Шпанија од 2005, во Шведска од 2009 и во Португалија од минатата година. Регистрираните партнерства претставуваат можност за пријавување на паровите без традиционален брак, кој постои во четиринаесет земји членки на ЕУ - Австрија, Белгија, Чешка, Данска, Германија, Финска, Унгарија, Ирска, Луксембург, Холандија, Словенија, Шведска и Британија. Регистрираните партнерства во сите четиринаесет земји се отворени за истополовите парови, додека во Белгија, Франција, Луксембург и Холандија може да се регистрираат и хетеросексуалните парови.

Извор: e- novine

ОкоБоли главаВицФото