Извртени приказни за деца

08.11.2012 13:04
Извртени приказни за деца

Авторот Боб Стак си поигрува со корици од детски книги.

Bob Staake, е автор и илустратор на повеќе од 50 книги за деца. После толку многу работа за да се проникне во умот на најмладите, тој решил (баш детски, но малкуцка морничаво) да си поигра; ги земал кориците од класичните книги за деца од периодот 1940-1960 година и со својот специфичен хумор ги направил „опасни“ и наменети „само за оние над 13 години“. Со едноставни но ексцентрични шеги и малку прилагодени илустрации Стак успева, на пример, малите слатки вовчиња да ги претвори во заканувачки пили, а безопасните детски ситуации да ги претвори во вознемирувачки настани. Но, знаете што? Додека вие ги разгледувате „Лошите книги за мали деца“ јас одам дома за да си го прегрнам моето препарирано милениче.

Слични содржини

Графички Дизајн / Книжевност / Уметност
Графички Дизајн / Уметност
Графички Дизајн / Книжевност / Уметност
Графички Дизајн / Стрип / Уметност
Графички Дизајн / Книжевност / Уметност
Графички Дизајн / Уметност
Графички Дизајн / Уметност

ОкоБоли главаВицФото