Малку поинаков соновник

09.11.2012 09:18
Еден малку поинаков соновник

Анаконда - Таблетите за зголемување на пенисот кои сте ги нарачале од Њу Мексико нема да дејствуваат.

Ѓорѓе Балашевиќ - ќе одите во војна.

Бог или Дедо Мраз - треба да се избричите.

Величе Шумуликовски - ќе поскапат дрвата за огрев.

Чаша од кристал - ќе добиете шестка на лото или ќе најдете кесичка со кокаин пред Балет.

Ќебе - фелацио.

Ѓавол - средба со Сатаната, Никола Груевски ќе одигра важна улога во вашиот живот.

Есма Реџепова - Ќе ја украсите кацата за зелка со сатен.

Хероин - ќе поскапе хероинот.

Хортензија - ќе ви се разболе снаата.

Корнишони - секс со повеќе странци, неочекуван и против ваша волја.

Крилест лав - треба да склучите договор за животно осигурување.

Љубе Бошкоски - сте налутиле некого и треба да му се извините.

Пердика Први - некоја улица ќе се преименува во Аминта Трети.

Господин Господин Стефан - ќе имате проблеми во љубовта.

Јован Вранишковски - ќе го преградите станот на два дела.

Сладолед Руменко - можеби вагината не е вашиот примарен избор?

Одење на фризер - ќе пеете на Мак Фест.

Амди Бајрам - на фудбал во маало ќе дадете гол со пета, ама ќе примите гол со глава.

Тастатура на која недостасуваат буквите W, A, S, и D - никогаш нема да се искачите на Килиманџаро, занимавајте се со хортикултура.

Тастатура на која недостасуваат буквите A, I, D и S - проблеми со контрацепцијата.

Вулва, вагина - ќе ви се расипат шампињоните во фрижидерот.

Цане николовски - ќе запознаете згодна жена по име Жаклина.

Фудбалска топка - Вардар ќе биде подобар од Хоризонт Турново

Паштета - непознати сторители ќе ви ги отстранат ноктите и ’рскавицата.

Карнекс паштета - непознати сторители ќе ви ги отстранат ноктите и ’рскавицата додека скокате со падобран

Дебела индијанка после промена на полот - провладин колумнист ќе ве спомене во некој текст или ќе мисли на вас додека се самозадоволува, или корморан ќе направи гнездо врз вашата глава.

Бурек - ќе добиете попуст на справа за вежбање, ако се јавите во следните триесет минути.

Јогурт - треба да купите бурек; и справа за вежбање.

Клавир - пожелно е да го запишете детето на бокс.

Талат Џафери - затишје пред бура; ако е на говорница, затишје и бура.

Коњ - ќе зачестите со решавање крстозбор.

Леси - пребеганите пратеници ќе се вратат во матичните партии.

Благица Павловска - ќе помине година цела, тешка ко планина, додека да се стабилизирате на емотивен план.

Зградата на правниот факултет - ќе имате привид на споменикот на Јустинијан после пушење марихуана.

Адаптирано и инспирирано од: tarzanija.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото