Перформанси внатре во скулптурите на Викторин Мулер

14.11.2012 19:30
Перформанси внатре во скулптурите на Викторин Мулер

Понекогаш ја нарекуваат „перформативна скулптура“, уметницата од Швајцарија Викторин Мулер ги комбинира скулптурата и перформансот и постигнува зачудувачки ефекти. Нејзините големи скулптури од PVC наликуваат на духови, светат во темнината и исчезнуваат во сенките. Самата Мулер мирно стои внатре во нив. Насловот на нејзиниот последен перформанс Wild at Heart фрла ново светло на нејзината работа. Во него, Мулер привремено се сместува во некој дел од диво животно – во срцето, матката, стомакот, душата. Иако се едноставни, нејзините перформанси комуницираат со публиката, искажувајќи, како што вели самата Мулер „нешто што не е кажано и не ни може да биде изговорено, туку едноставно постои“.

Извор: http://beautifuldecay.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото