Инциденти на Маршот за живот

18.11.2012 13:18
Инциденти на Маршот за живот

Скопје, 18 ноември 2012

Непосредно пред почетокот на Маршот за живот најавен за пладне, пред споменикот на Мајка Тереза, неколку неодговорни и нестрпливи учесници се соблекоа и започнаа жесток секс.

Тие не можеа да го дочекаат крајот на маршот и веднаш се впуштија во активно создавање живот, за доброто на Република Македонија.

Наместо да ги спречат, организаторите им се придружија, па наскоро околу споменикот и спомен домот на Мајка Тереза, живот создаваа повеќе од 715 двојки.

Немоќната полиција залудно се обиде да ги спречи, а неколку припадници на МВР и самите земаа учество во несекојдневниот чин.

„Знаете, не им е лесно на припадниците на МВР. Секојдневно се соочуваат со разулавени толпи и недостиг од секс, па разбирливо е тоа што наместо да воведат ред, одвреме-навреме ќе подебнат некого“, изјави министерката за внатрешни работи, Гоца Жандармерска.

Уапсени се и неколку ЛГБТ активисти кои се обидоа да го искористат општиот хаос и оргија за незабележливо да започнат полов однос со учесници на маршот од ист пол.

Екипата на Пара вести дознава дека вистинската мета на ЛГБТ активистите биле членовите на владата, но тие не присуствуваа на маршот затоа што се семејни луѓе и немаат многу време.

Поради неодложни божји работи, не можеа да присуствуваат ниту претставници од МПЦ, но владиците испратија писмо со поддршка и примероци од својата сперма во осветени чашки. Чашката на Зоран Вранишковски не беше прифатена од организаторите на маршот.

Координаторот Мироглуп Пендрековски вчера весело најави: „внимавајте, стотици детски колички ќе го нападнат плоштадот. А по една година, уште повеќе социјални случаи.“