Хакерите удрија по Израел

21.11.2012 10:00
Хакерите удрија по Израел

Повеќе од 44 милиони обиди за хакирање се забележани на сајтовите на израелската влада, откако војската започна со воздушни напади на појасот Газа.

Наводно, само еден од нападите успеал да урне еден сајт, и тоа само на десет минути. На мета биле сајтовите на израелскиот премиер, претседателот и Министерството за одбрана, како и оние поврзани со одбраната на земјата.

Официјалните сајтови на израелската влада обично забележуваат неколку стотици обиди за хакирање дневно. Доаѓаат од целиот свет, но повеќето се од Израел и од палестинските територии.

И Израелите и Палестинците сè поинтензивно го користат интернетот и социјалните мрежи како оружје во воените судири. Израелците се активни речиси на сите платформи, додека Хамас и другите милитантни палестински групи го користат Твитер.

Може да се очекува дека бојното поле сè повеќе ќе се сели во доменот на виртуелното и дека хакерите, по финансиските институции, сè повеќе ќе се свртат и кон другите мети на кои можат да им нанесат штета.

Извор: tportal.hr

Слични содржини

Свет

ОкоБоли главаВицФото