Купување книги од библиомат

22.11.2012 11:03
Купување книги од библиомат

Антикварницата The Monkey's Paw во Торонто стекна меѓународна слава откако во содржините што ги нуди вклучи и автомат со користени книги, со цел да го изненади секој читател кој е доволно храбар да купи книга на тој начин.

За цена од два долари, автоматот, т.е. библиоматот исфрла книга која читателот не може да ја одбере однапред, па претставува изненадување за него.

Машината која нуди неконвенционален начин на купување книги е дизајнирана од Крег Смол и сопственикот на антикварницата Стивен Фаулер. Таа е изработена од стари материјали, а трошоците за изработка изнесувале околу 1.000 долари - многу помалку од сумата која е потребна да се купи еден стар кафемат.

Како точно функционира библиоматот може да погледнете на видеото.

The BIBLIO-MAT from Craig Small on Vimeo.

Извор: artinfo.com

ОкоБоли главаВицФото