Се отвора првата џамија за ЛГБТ лица и жени

23.11.2012 13:58
Се отвара првата џамија за ЛГБТ луѓето и жените

Здружението „Хомосексуални муслимани во Франција“ најави отворање џамија во којашто ќе биде дозволена заедничка молитва и за жените и за мажите. Освен тоа, во неа ќе се одвиваат и церемонии за озаконување на истополовите бракови.

Кон крајот на овој месец во Париз ќе се отвори првата џамија во Европа каде што ќе се одржуваат венчавки на истополовите партнери/партнерки. Основачот на здружението „Хомосексуалните муслимани во Франција“, Лудовик Лутфи Захед, којшто е геј и муслиман, порача дека во новата институција ќе биде овозможено и мажите и жените заедно да се молат, а наскоро и истополовите бракови да ги озаконат своите врски.

„Во „нормалните“ џамии, жените мора да седат во задните редови, покриени со шалови или марами, а хомосексуалците се плашат да влезат во нивните простории поради потенцијалната агресија и насилство кон нив“, изјави Захед за турскиот портал Daily Hürriyet.

Она што го поттикнало на оваа идеја е сознанието дека неговите колеги геј мажи и муслимани немаат место на коешто би можеле да ја практикуваат својата религија без да бидат дискриминирани.

Захед е првиот муслиман и геј што се венчал со својот партнер во Париз. По потекло е од Алжир, а моментално ја истражува темата на исламот и хомосексуалноста во рамки на својата докторска дисертација. Неговата прва книга „The Koran and the Flesh“ беше објавена во март оваа година.

По долгогодишна внатрешна борба со сопствениот идентитет, што вклучувала и експериментирање со будзимот, Захед се одлучил да замине на аџилак во Мека и на тој пат повторно го открил исламот.

„Сегашната исламска елита се противи на хомосексуалната ориентација, а всушност, нема ништо ниту во исламот ниту во Куранот што не ја одобрува ваквата ориентација. Напротив, со векови муслиманите немале ништо против хомосексуалноста, а денес ја сметаат за зло“, вака Зехад ја опиша положбата на хомосексуалноста во исламот, што инаку, е најбрзорастечката религија во Франција.

Новата џамија ќе почне да функционира во просторите на еден будистички храм во Париз и ќе биде центар на модерниот живот на сите муслимани што не сакаат хомофобијата, мизогинијата и нетолеранцијата да бидат дел од нивната религија.

„Многу муслимани чувстуваат дека не можат отворено да разговараат за некои теми додека претходно не се консултираат со имам. Ова е една од причините поради кои џамии како оваа се основаат и во Северна Америка, на иницијатива на прогресивните муслимани, а верувам дека истото ќе се случи и во Франција“, изјави Захед.

„Ако пророкот Муахед денес беше жив, сигурен сум дека ќе ги вечаваше хомосексуалните парови“, заклучи Захед, којшто ја озакони својата врска во февруари годинава.

Извор: crol.hr

ОкоБоли главаВицФото