Може прајд немаме, ама го имаме Боки 13

19.09.2009 00:15
vuna-19-09.jpg

 

Во Белград во недела, на 20 септември, ќе има парада на гордоста. Министерството за внатрешни ќе им излезе во пресрет на учесниците на парадата, со надеж дека Гробарите, Делиите и сите останати “ненамерници” овојпат ќе бидат оневозможени во намерите повторно да леат крв на недолжни граѓани.

Српската јавност веќе со недели е преокупирана со прашањето на прајдот. Како изненадување во последен момент дојдоа тв-спотовите за најава на фестивалот. Во нив настапуваат неколку познати личности, меѓу кои и легендарниот “Чика Куре”, Драган Бјелогрлиќ, кој некогаш беше прототип за тоа како треба да изгледа балканскиот мажјак. Во принцип, текстот на тие спотови оди нешто како “во мојата Србија, никој не треба да ја крие љубовта, туку напротив, на љубовта треба да сме горди”. Прилично ефектен слоган. Бјелогрлиќ порачува и дека никој не смее да биде малтретиран поради својата сексуална определба.

И не е само Србија. Летоска во Хрватска имаше прајд. Албанија најави дека ќе легализира хомосексуални бракови. Во Истанбул има прајд секоја година (годинава, во јуни, поворката имаше рекордни 3000 луѓе). Лани имаше за прв пат голем прајд во Атина, помалку успешен прајд во Софија (поворката беше нападната), а квир фестивалот во Сарајево доживеа дебакл. Меѓутоа, успешни или не, во соседството (значи, зборувам за Балканот генерално), ЛГБТ движењето полека но сигурно се етаблира на јавната сцена, и главно, има напредок по прашањето на правата на ЛГБТ популацијата. Како поддршка излегуваат јавни личности, дури и политички субјекти, и полека се рушат стереотипите и се деконструираат предрасудите.

Се разбира, тоа важи за Балканот, но не и за Македонија. Овде за политичарите статусот на ЛГБТ популацијата е апсолвирано прашање, а за јавноста табу тема: заложувањето за ЛГБТ правата, за политичарите значи губење на рејтинг и гласови, а секој оној кој би се обидел јавно да говори на таа тема се соочува со гневот на широките народни маси. Од друга страна, стигматизацијата и демонизацијата на ЛГБТ луѓето си врви сосема солидно: сеуште нехетеросексуалците важат за лош пример, а неретко се сретнува и став дека тие “сите права си ги имаат, нема што да бараат”. Иако, дури и не треба некое подетално истражување за да се заклучи дека денес сексуалните малцинства во Македонија се во потешка ситуација од етничките или верските малцинства: не постои закон за недискриминација, не можат да стапат во брак, јавно не се говори за нивните права, се соочуваат со голем социјален притисок, тешко се наоѓа работа и во голема мера ЛГБТ личностите се осудени на таен и подвоен живот (пред се’мажите хомосексуалци: скопските барови имаат политика да не примаат гејови, нема многу геј-френдли места, сеуште доминатниот модел е да се биде мачо итн).

Меѓутоа, не е проблемот само во таквиот третман на ЛГБТ прашањето од страна на некои страни во општеството. Нетолеранција, предрасуди и игнорантност има насекаде по светот во одредена мера, дури и во најлибералните средини. Значи, за очекување е дека поголем или помал дел од народот е нетолерантен или игнорантен кон ова прашање; впрочем, тоа може да се менува – со дебати, со протести, со паради, со музика, филм и литература. Проблемот е што баш таа реакција, на оние кои сметаат поинаку, изостанува, а што е уште потажно, најмногу изостанува реакцијата на најзасегнатите – лезбејките, гејовите, бисексуалците, трансџендер лицата...

Гледајќи го Чика Куре како говори за толеранција и прифаќање и за тоа како никој не смее да ги малтретира тие со поинаква сексуална ориентација, се запрашав, па добро, кој од нашите етаблирани познати личности обожувани меѓу најразлични социјални групи би излегол и така храбро и отворено би застанал зад организирањето на некој хипотетички прајд во Скопје? Јанко и Миленко, двата столба на креаирањето на јавното мислење во Македонија, одамна се изјасниле по тоа прашање – за нив ЛГБТ е декаденција. Попознатите глумци и музичари застануваат под знамето со ѕвездата од Вергина (со крстови на врат), но никој од нив не би можел да го замислам под знамето на виножитото. Писателите и уметниците, иако можеби одат најдалеку, пак се недоволно гласни. Да не бидам сфатен погрешно, има и исклучоци помеѓу глумците, музичарите, уметниците; сепак, сите тие доаѓаат од алтернативната сцена, а мејнстримот или молчи или е хомофобичен. И не е можно на цела и мејнстрим и алтернативна сцена да не излезе јавно еден јунак или јуначка надвор од плакарот и да си каже дека како нехетеросексуалец се чувствува погоден или погодена од ситуацијата со ЛГБТ правата во Македонија денес. А зад кулоарите, сите по нешто шепотат, не сфаќајќи дека со молчењето и пасивноста само го помагаат статус квото.

Во исто време, се отвара прашање во правец на некоја политичка поддршка за организација на прајд во Скопје. Дали можеби градоначалникот? Ете му добра прилика ако сака Скопје да го прави Париз. Впрочем, тој синоќа дури се појави меѓу пивопиите на Кале и покрај тоа што опивањето и воопшто пиењето не се вклопуваат во конзервативната приказна на неговата партија. Па ако може помеѓу пијаната младина, зошто да не може и меѓу ЛГБТ луѓето?

Дали можеби “преродената” СДСМ конечно ќе собере храброст отворено да застане зад правата на ЛГБТ луѓето, за легализирањето на истополови бракови и слично, или ќе продолжи да молчи од страв да не изгуби некој глас? Меѓу анти-СДСМ ориентираните струи во општеството се зборува дека СДСМ е партија која ги поддржува “педерите”; дали можеби тајно СДСМ сака да се отараси од таквиот епитет?

Многу реторички прашања, но едно е јасно: тешко изводливо е дека во скоро време некој од политичарите ќе излезе во јавност да проговори во прилог на ЛГБТ правата (или па некој да се декларира како ЛГБТ). Луѓето од партиите, и интимно да се согласуваат со таквите политики, го жртвуваат тоа прашање на сметка на популизмот и грабањето гласови играјќи на хомофобната карта. Во моментов имаме ситуација дури и да се шпекулира за политичари дека се хомосексуалци, само за да им се наштети, зашто се знае дека кај македонската јавност хомосексуалноста нема да пројде.

Значи, во Македонија по ова прашање сеуште нема никакво помрднување од мртва точка. И наместо заклучок само би сакал да поврзам со она што беше актуално деновиве: додека во Белград врие поради претстојниот прајд, во Скопје поторно горлива тема е контроверзниот Боки 13 и неговиот имиџ кој сите го асоцираат со хомосексуалност, играње со родот или слично, при што луѓе го навредуваат, шират говор на омраза и дури физички му се закануваат. Впрочем, и јас лично за Боки имам кажано толку гадни и офанзивни работи во почетокот на моето пишување (кога бев средношколец, доста хомофобичен и ксенофобичен), што сега едноставно ми е срам од сам себе. Не дека во овој текст сакам да се искупам или оправдам за тоа што сум го напишал: зборовите си остануваат запишани; но ете, Боки во овој момент го гледам првенствено како кршач на табуа. Можеби дискутабилна е неговата “уметничка вредност”, но неговата социјална функција е јасна: човекот отвара дебати по горливи прашања. Ако целта му е да привлече внимание или да биде селебрити, тоа го прави одлично; околу него се крева прашина, луѓето креваат морална паника, и одат до тој степен што се впуштаат во некои бизарности, тврдат дека Боки влијаел лошо на децата, па дека тој не е подобен да организира хуманитарен концерт итн. И се разбира, овие тврдења се разобличуваат само со прашањето: “зошто”? На крај, секако, тој победува.

Денес кај нас ЛГБТ активистите треба да учат од Боки 13. Не во смисла на неговите методи или поради тоа што Боки е некаква асоцијација на ЛГБТ во Македонија; туку од аспект на неговата храброст, ладнокрвност и доследност во тоа што го прави. Човекот решил да го форсира својот неконвенционален трешерски имиџ и да ги предизвикува вредностите кои ни се сервираат; и тука нема препрека за него. Излегува на телевизија и се расправа со оние кои сакаат да го забранат, и ги толчи логички и издржано. А притоа, неизбежно е дека тој во основа се бори против нетолеранцијата и патријархализмот, па и хомофобичноста и против табуизирањето на сексот. И сигурен сум дека да има прајд, дрег шоу или било што слично во Македонија, тој ќе излезе прв со поддршка. Затоа, гледајте и учете, Боки дава часови по кршење табуа.

Слики: Leong
 

Ништо од оптимизмот за

Ништо од оптимизмот за полиберални ветришта во Србија..Откажана е Parada ponosa 2009 ради безбедносни причини
http://www.b92.net/info/vesti/index.php?yyyy=2009&mm=09&dd=19&nav_catego...

Полицијата не гарантира

Полицијата не гарантира безбедност?
Треба луѓето да гарантираат!
Нека си излезат ПРАЈД-ерите, нека ги поддржат на улица (а не само логистички!) и сите што сметаат дека треба да биде слободно искажувањето на ставовите, љубовта, слободите,...
Него, кои беа изјавите на гав'рнмент офишaлс?
Какви ќе бидат изјавите по (не)одржувањето?
Или, ќе биде (како што некој кажа) тишина која најубаво го одржува `статус кво`-то?

LGBT

Ne me cudi sto vo Srbija e odlozena paradata na gordosta. No tokmu od Usce kade sto im predlagaat da si ja odrzat paeradata, mozese da zapocne najkrvaviot pohod od ponovata istorija na ovie balkanski prostori so ubivanje na razlicnite (nacionalno i verski). Togas se garantirase bezbednosta. I sto mislat ako ne dozvolat,  LGBT ke si ja smenat svojata seksualna orientacija? Pa bogami podobro pameten gej, otkolku "maco" koj sto vo krevet e "tropa" i toa go kompenzira so toa sto vika: ua pederi! Ili ja sokriva svojata poinakva seksualna orientacija so toa sto osuduva, tepa, pcue "pederi" A najstrasnoto e sto takvite se "pederi" vo dusa. I konceno koj sto pravi v krevet i so kogo go pravi e negov/nejzin izbor i toa voopsto ne e moja rabota. Se dodeka se cesni, moralni, dobri lugje za mene se OK.
 

Не ја сваќам поврзаноста на

Не ја сваќам поврзаноста на Боки со Геј популацијата.... Не знам која порака сака тој да ја пренесе со тоа што го прави (уметност?!), ама ... Нека се облекува како сака и знае, само не ги труе децата( кои не знам поради која причина го следат) со неговата т.н уметност!!! Само ќе дадам една споредба со David Bowie во седумдесетите.... Сличен начин на облекување (со многу повеќе вкус), ама прекрасна музика!! Можеби скршнав од темата, ама навистина мислам дека споредбава не беше на место!!! Боки не крши никакви табуа!!!

Не ја разбирам сподербата со

Не ја разбирам сподербата со Боки...тој јавно кажува дека се‘ што прави, прави за публицитет. Во повеќе наврати има изјавено дека не е геј.
Боки единствено дава часови по невкус и малограѓанштина. Човек кој немањето вистински талент го компензира со шок-ефект. Боки е маалска оговарачка тершерски имиџ.

Боки 13-ка кршач на

Боки 13-ка кршач на табуа!?Да видевме како Боки 13-ка ќе кршеше табуа ако немаше пари да се кити како невеста!Табуа се кршат со револуционерна интелектуална мисла и со нејзина практична примена,а не со кич-парада на разгален хермафродит чија животна филозофија се сведува на кавгаџилук и бизарна страст што повеќе да личи на Лепа Брена!
Во еден од претходните коментари беше спомнат David Bowie како пример како се кршат табуата!Bowie е еден од најгенијалните рок музичари  воопшто!Неговиот придонес за човештвото е толку голем,што само неговата појава е доволна за да се случи револуција во светската поп-култура!Е тој човек е кршач на табуа!!!
Кога станува збор за преиспитување вредности како што велиш,тогаш зошто зборуваш само за ЛГБТ популацијата?!Зошто во тој ист кош не ги ставиш и педофилите,герантофилите,инцестоидните,некрофилите,бизарните и перверзните луѓе?Дали и тие не се личности,кои имаат само некои "поинакви сексуални потреби" од "патријахалните и конзервативни" луѓе?Во животот постојат универзални вредности,кои не се такви зошто јас или ти сме рекле така,туку поради тоа што се стари 10000 и повеќе години,кои се пренесувале врз идните генерации,биле преиспитувани и модификувани од новите луѓе,од новата свест,но сепак,тие вредности и денес во основа се сочувани!Тоа се морални вредности кои ја дефинираат социјалната категорија-човек!!!
Точно е дека во Мк сеуште постојат силни предрасуди према ЛГБТ-популацијата и тоа треба да се промени,но не смееш да ги осудуваш оние кои имаат конзервативни или патријахални ставови према овие прашања!Остави ја свеста на луѓето нека еволуира,за тоа треба време,а не "декларирани кршачи на табуа" како тебе и твојот Боки13-ка!!!
 

Филип - „остави

Филип - „остави ги?“ така оставале многу да еволуираат - на грбот, маката, здравјето та дури и смртта на многу други. Ал добро забележување за јазично недоволно јаките аргументо на авторот, но тоа е повеќе превид во изразувањето отколку немање аргумент, барем за оние од нас кои го следиме и му го знаеме мислењето.
А околу Боки - навистина не знам колку е кршач на табуа, а колку уствари кочница во истото... но времето ќе покаже.

Арно, убаво, ама ЏАБА.

Арно, убаво, ама ЏАБА. Комиксите се за поттик, а не и за комплетна поддршка http://www.bleedingcool.com/2009/09/18/belgrades-pride-in-its-superheroe...

jelena djurović MI SMO

jelena djurović
MI SMO PEDERI, NAJJAČI SMO, NAJJAČI
 

“The world only spins forward. We will be citizens. The time has come.”
Tony Kushner, Angels in America. 1991.

 
Danas sam na ulici našla flajer na kome piše: LBGT HATE CRIME: DON'T TOLERATE IT. REPORT IT. STOP IT. U potpisu, METROPOLITAN POLICE, FOR SAFER LONDON.
 
Život koji živim liči na svakodnevnu posetu vremeplovu – sa jedne strane, fizički se nalazim u zemlji u kojoj, ako neko vređa homoseksuace može da ide u zatvor, dok se profesionalno bavim državom u kojoj je «Parada ponosa» skup «visokog rizika» oko kojeg se danima lome koplja, greju stolice i vriju kompjuterske tastature. Kad Svetislav Basara, koji je takođe živeo na Zapadu (ako Kipar to jeste?) , kaže da Parada nije «ništa naročito», on to govori iz perspektive nekoga ko kao da nikada i nije živeo u Beogradu. U Torontu, koji Basara pominje u tekstu objavljenom na Peščaniku, ili u Londonu, odakle ja ovo pišem, prava LBGT osoba su dovoljno dugo zaštićena i zakonski regulisana, da Gej pride zaista ne predstavlja nikakav «big dil» (kontroverzan je skoro kao Vrbica u Srbiji). Na žalost, stavove ne možemo da gradimo po tome kakva je situacija u razvijenim demokratijama, u društvima u kojima sve vrste manjina, bez obzira na religiju, verovanja, pol, seksualni identitet ili invaliditet imaju apsolutnu protekciju od strane Države.
 

Naša, pak, država, ima da se civilizuje, i ima da štiti sve svoje građane, i to je jedan od uslova: ka Evropi se ide od težeg ka lakšem, pa tako ima da shvatite da se dva muškarca drže za ruke inače će «dveri 21.veka», koje se nalaze tamo od Beča na gore, ostati zamandaljene.  I nema više sedenja na dve stolice, kao «ja bih u Evropu, i hoću veliku platu i hoću na more i nova kola i povoljne kredite i beli šengen, ali samo ako mogu da zviždim Marseljezi i da mi se pederi ne šetkaju Knez Mihailovom». E pa sori društvo, to tako neće moći. Niko neće nevaspitanu i zatucanu vucibatinu za svojim stolom, pa tako to ne želi ni «porodica evropskih naroda», i zato ima da gledate one koji su drugačiji kako se vole i to pokazuju, i ima da se naviknete na to. Nama se sviđa da vam ne bude prijatno. Mi verujemo jedni drugima, jer smo isti.
 

Psujte nas, ako baš morate, ali u sebi, ili kod svoje kuće, i pazite da vas ne čuje komšija. Može da vas prijavi. A onda sledi bolna novčana kazna. Tako se obračunava sa homo, kseno, i svim ostalim fobijama. Ustav, zakon, milicija, sud ili udri po džepu, pa će već sledeća generacija navijača da budu tolerantne bubice.
One, koji će se pojaviti na Platou 20. Septembra, štiti nešto više od MUP-a Srbije. Njih štiti vreme koje dolazi, neizbežna evropska budućnost Srbije, sve kulturno i civilizovano što svet ima, štite ih tekovine građanskih revolucija kojima su odjekivale i «Marseljeza» i «Internacionala» i «Spasi Srbiju i ubij se, Slobodane»... Štiti ih snaga modernosti koja je kao parni valjak, teško se pokreće ali ne može da stane. I zato Parada ponosa treba da bude satenska rukavica bačena u lice onima koji su bitku sa vremenom već izgubili.

Вуната како блогер сигурно го

Вуната како блогер сигурно го знае Сатаниел.. Можел да го спомне човекот чисто онака, ама разбирам, спореден со Боки-то, Сатаниел-чо нема тежина.

mnogu ubav text bravo. se

mnogu ubav text bravo. se soglasuvam potpolno

13-то прасе

ovoj shto go stail linkot,

ovoj shto go stail linkot, verojatno ne go prochital gorniov tekst:
Впрочем, и јас лично за Боки имам кажано толку гадни и офанзивни работи во почетокот на моето пишување (кога бев средношколец, доста хомофобичен и ксенофобичен), што сега едноставно ми е срам од сам себе. Не дека во овој текст сакам да се искупам или оправдам за тоа што сум го напишал: зборовите си остануваат запишани; но ете, Боки во овој момент го гледам првенствено како кршач на табуа.

Слични содржини

Вуна
Вуна
И шо?! [к:10]
Вуна
Светец [к:3]
Општество / Квир / Став

ОкоБоли главаВицФото