Окно анкета за СК014 (13)

26.11.2012 13:53
Окно анкета за СК014 (13)

Прашањата на Окно
1. Кое дело од многуте скулптури, споменици и згради од СК014 би го издвоиле како симбол или квинтесенција на целиот проект?
2. Што друго би издвоиле од проектот, во позитивна или негативна смисла?
3. Вашето мислење за целокупниот проект СК014?



Никола Писарев, активист

1.
СК014АА нема срж, нема тука есенција, тоа се лего коцки разврткани наоколу, наредени без некаква врска онаму каде имало место, дури и без храброст да се сруши трафиче или да се пресече дрво за да се отвори место. Ако му дадете на дете од 5 години макети на центар и антички лего коцки и з-грди слично ќе ги нареди. Нема тука уметност, сите з-грди и скулптури се копии на сувенири (освен лавовите, тие се копии на кинески играчки). Баба ми велеше, вари ја печи ја тиква је тиква, такво е и СК014АА свака вашка обашка, секој објект или скулптура се прича за себе а сите заедно се бљувотина. СК014 е едно водено и светлосно шоу и еден голем БАНКОМАТ - ништо друго. Сепак, најбоља е комбинацијата на Филип 2 и црквата Св. Димитрија, во православната џамахирија двајца земјаци (едниот од Пела, другиот од Солун), едниот паган, другиот најистакнат рисјански светец, еден до друг - Свети Велико Маченик Димитрије Солунски Мироточивиот и филип 2, обајцата воини, светиов го бранел Солун од паганските и варварските напади, а ние му го натнавме Филип на врат, каква трагедија, какво богохулие. И после се чуди прост народ зашто се чистеле фреските у св. Димитрија. Сакал горниот нешто да ни каже, сакал св. Димитије Велико Маченик нешто да ни покаже – па сакал, јасно, дека сакал вика т.е. вришти: “Tргнете ми го овој паганскиов педераст од камбанарија”.

 
2.
Скулптурите, барокот и з-грди-те се ништо, Pussy smoke, гола вода, плажите се закон. Како маалџија од Стар аеродром и Острво бањањето у Вардар и не ми е нешто страно (кумот вика дека сум последниот каур што се бањал у Вардар и тоа до преклани) и многу ми се добри плажите, фино песок, палми, бикинија, коктели, хотели, тропски вртови, табли забрането капење (тие на чешмите се однесувале да не капат чешмите). Не можам да веруем како порано на никој не му текна тоа. Цело лето си проаѓав од плажата под Циркус Македонија ( кој не веруе дека има циркуска зграда нека оди да ги види театарот и музејот на борбата ноќе ама на празник кога е уклучено црвено синото осветлување) и не видов ни еден плажант дури и овие од декада идат на таа старата кај парк ваму никој празно измислено за топлес и нудисти под палмите... ама пак ништо празно, е ако за нешто ми е криво за тоа ми е криво, да можам да ги фатам Коце и Тинекс тоа песокот со лажица у шија би им го набутал и на одмор 20 дена таму би ги стаил. За каква бљувотина пари фрлија па уште и парно плаќаме за палмите не ми се веруе... ај уште бродот да дојде под Камени да го видиме, да се преброиме и да му се качиме - преку врбите на Искра и одох... ако не подалеку у Велес и тамо е боље него у 2014.


3.
Освен што СК014АА е еден џиновски банкомат од кој власта си зема пари, понекогаш размислувам дека СК014аа е заштитен бедем на власта, ама од војнички аспект, прост обид за намалување на слободниот простор за спонтано собирање, куп пречки при евентуални насилни демонстрации, паметен е Грујо ај ти знае он да неќе милом него силом. Една од претечите на 014 беше поставувањето оригинални антички скулптури пред владата, тогаш им велев на заштитарите на културното добро абе луѓе со кој памет оригинални антички скулптури ставате пред влада, влада е тоа има штрајкови има демонстрации што ако тргне некоја толпа и ги покрши ни отиде наследстворо јабана. Тоа ли е грижата за наследството, после ѓаволот ќе ни биде крив... Ама тоа да ти било стратегија ... оди сега собери 100.000 луѓе на плоштад, нема шанси не ги собира – зафатено од кипови, фонтани, разни матракуки, оди пред парламент, ни тамо нема место треба кај прометеј у фонтана да влезеш, тргни да протестираш ќе ти ја затворат триумфална порта, преку Вардар не можеш, мора у купаќи за на плажа, и у Вардар не може, напраија гејзири ко у Исланд и посадија врби ко у Градско, ако сакаш да собереш 100.000 луѓе у Скопје треба да ги собереш у Куманово - каква трагедија. Денес да го напуниш плоштад или да собереш народ пред собрание не е никаква филозофија у старт имаш стотина скулптури, све друго е плус.

Сè на сè најбоља референца за СК014АА пред некој ден ми даде еден другар што живее у центар кај трговски (па сеа и тамо ќе им напнеле барокни фасади) и ми вика коа се враќам дома све ми личи исто па си пеам: лево десно нигде мога стана – ој државо алај си пијана.

 

Јовица Ивановски, поет

1.
Рано е да се зборува за вредностите на овој проект, кој, патем речено, сè уште не е довршен. Така што, на ова прашање ќе ви одговорам во 2028-ма година.
Можеби делата одат пред времето, можеби повеќето од нас не можат да ги сфатат (и сварат) само затоа што се пренапредни за нашите кревки мозочиња. Зошто да се однесуваме како Луј Воксел? Да му дозволиме на времето да ни каже дали делата се со векови пред или зад него. Зашто, дефинитивно станува збор за векови.

2.
Не би можел ништо да издвојам.

3.
Во држава во која речиси никој не отишол чекор понапред во ниту една форма на уметност, денеска можеме гордо да се пофалиме дека некои наши архитекти и скулптори конечно создадоа нов правец во уметноста. Нов, единствен, наш, наречен Демодернизам.

Слики: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото