Нобеловци повикаа на бојкот на Израел

29.11.2012 10:48
Нобеловци повикаа на бојкот на Израел

Група добитници на Нобеловата награда, истакнати уметници и активисти, преку писмо повика на меѓународен воен бојкот на Израел по овомесечниот напад на појасот Газа.

Во писмото исто така се осудуваат и САД, ЕУ, како и неколку развиени земји, поради - како што стои во писмото - соучесништво и продажба на оружје и друга воена поддршка во нападите во кои беа убиени 160 Палестинци, од кои многу цивили, вклучувајќи и 35 деца.

Меѓу потписниците на писмото се и добитникот на Нобелова награда за мир, Адолфо Перез Ескивел, Ноам Чомски, Роџер Вотерс од групата Пинк Флојд и Стефан Хесел, поранешен француски дипломат и преживеан од Холокаустот, кој е и коавтор на универзалната декларација за човекови права.


„Згрозени од последните акти на израелската агресија против 1,5 милиони Палестинци во опколениот и окупиран појас Газа и свесни за неказнувањето кое го овозможи ова ново поглавје во израелското повеќедецениско кршење на меѓународниот закон и палестинските права, веруваме дека итно е потребна меѓународна акција за задолжително, сеопфатно воено ембарго против Израел“, стои во писмото.

„Таквата мерка беше предмет на неколку резолуции на ОН и слична е на ембаргото за увоз на оружје против апартхејдот во ЈАР.“

Во писмото се обвинуваат неколку земји поради пружање значајна воена поддршка која го обезбедила нападот на Газа: „Додека САД е најголем покровител на Израел со помош од милијарди долари за унапредување на воената опрема секоја година, улогата на ЕУ не смее да остане незабележана, особено поради огромните субвенции за израелскиот воен комплекс“, се вели во писмото.

Исто така, Нобеловците сметаат дека растечките воени односи помеѓу Израел и економиите на Бразил, Индија и Јужна Кореја се несовесни, поради нивната номинална поддршка за слобода на Палестина.

Писмото почнува со цитат од Нелсон Мандела: „За да биде човек слободен, не е доволно да ги отфрли оковите, туку да живее на таков начин што ќе ја почитува и развива слободата на другите луѓе“.

Извор: guardian.co.uk

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото