Способноста за расудување е подобра на странските јазици?

29.11.2012 13:04
Способноста за расудување е подобра на странските јазици?

Резултатите од истражувањето на тим психолози од Универзитетот во Чикаго покажале дека јазикот кој луѓето го користат има сериозно влијание врз одлуките кои тие ги носат. Учесниците во истражувањето донесувале многу порационални одлуки поврзани со парите кога изборите им биле предложени на некој од странските јазици, отколку на мајчиниот јазик.

Во истражувањето учествувале луѓе на кои англискиот јазик им е мајчин, но кои исто така говорат јапонски или француски, и Корејци кои зборуваат англиски јазик. Кога им биле поставени прашањата на нивниот мајчин јазик, се појавила очекуваната пристрасност. Меѓутоа, при одговарањето на прашањата на странски јазик, пристрасноста исчезнала.

„Кога луѓето користат странски јазик, нивните одлуки се многу помалку пристрасни, а многу повеќе аналитични и систематични, затоа што странскиот јазик овозможува одредена психолошка дистанца“, вели Боаз Кејсар, водач на истражувањето.

Когнитивната пристрасност е вкоренета во емотивните реакции, а размислувањето на странски јазик помага луѓето да се оддалечат од емоциите и да ги донесат одлуките на многу поекономичен и порационален начин. Меѓутоа, ова истражување не ги зема предвид ситуациите во кои емотивната пристрасност прави луѓето да направат подобар избор.

„Луѓето поседуваат систем на емоции поради многу добра причина“, додава Кејсар.

Извор: klix.ba

ОкоБоли главаВицФото