1039 hPa
75 %
2 °C
Скопје - Чет, 16.01.2025 23:59
1 декември од 1988 година се одбележува како Светски ден на борба против сидата. Одбележувањето на овој датум се користи за глобално подигнување на свеста, оддавање почест на оние кои починале од оваа болест и истакнување на важноста од подобар пристап до здравствени услуги и превенција.
Годинашниот глобален слоган е Целта е нула. Нула смртни случаи од сида, нула нови сличаи на инфекција од ХИВ, нула случаи на дискриминација.
Според последните податоци на UNAIDS објавени во ноември годинава, се проценува дека 34 милиони луѓе ширум планетата денес живеат со ХИВ, бројот на нови инфицирани лица со ХИВ во 2011 е 2,5 милиони, а бројот на луѓе кои починале од инфекции кои се условени од намален имунитет (опортунистички инфекции) изнесува 1,7 милиони.
Подолу може да погледнете повеќе тематски постери за борба против сидата.
Извор: radiosarajevo.ba