1011 hPa
87 %
9 °C
Скопје - Чет, 25.04.2024 22:59
На 25-то доделување на Европските награди за филм убедливо триумфираше „Љубов“, трогателната приказна на Ханеке за староста и смртта снимена во француско-германско-австриска копродукција.
Освојувачот на Златна палма ја доби и наградата за најдобар европски филм, режија, актер и актерка.
Наградените актери Жан-Луј Трeнтињан и Емануела Рива не присуствуваа на свеченото доделување на Малта (Трентињан поради обврски во театар, а Рива поради болест), но испратија пораки со благодарност.
Единствена категорија во која „Љубов“ е поразен е онаа за најдобро сценарио: наградата отиде во рацете на Данците Томас Винтерберг и Тобијас Линдхолм за филмот „Лов“ (Jagten), драма за еден наставник неправедно обвинет за педофилија.
Најдобар документарен филм е швајцарскиот „Зимски номади“ на Мануел фон Штирлер, а најдобар анимиран филм е „Алоис Небел“ на Томаш Лунак снимен во чешко-германско-словачка копродукција.
По две награди освоија и „Tinker, Tailor, Soldier, Spy“ и „Shame“ (фотографија и монтажа).
Дебитантот Будевијн Куле од Холандија ја доби наградата за европско откритие за филмот „Kaywboy“.
За победниците гласаа повеќе од 2700 членови на Европската академија за филм.
Извор: 6yka.com