Геј е ОК на виетнамски начин

04.12.2012 10:34
Геј е ОК на виетнамски начин

Младата фотографка Маика Елан преку проектот The Pink Choice се обиде да ги претстави хомосексуалците во Виетнам во секојдневни животни ситуации. „Во филмовите хомосексуалците се прикажани или идеализирано или како сексуални девијанти. Никогаш не ги гледате реалните луѓе“, изјави таа. Нецелосните или понекогаш погрешните идеи за тоа што претставува заедницата може да го направат животот на геј личноста многу тежок.

Во Виетнам се зборува дури и за легализација на геј браковите, но Елан смета дека тоа нема да се случи наскоро. „Луѓето велат дека се отворени, но не се однесуваат така“. Со оглед на тоа дека нејзиното присуство во приватниот простор на фотографираните често ја нарушувало природноста и опуштеноста на ситуацијата, Елан морала да се потруди да го фати моментот на искреност, најчесто тогаш кога тие ќе заборават дека таа е таму.

„Сакам да ги избегнам стереотипите за хомосексуалноста. Сакам да го избегнам пристапот на таблоидите. Едниствено што сакам е да покажам како луѓето изразуваат грижа и љубов во секојдневните активности“. Некои од прашањата со коишто се занимава овој проект е како тие заедно живеат, како ги изразуваат емоциите, што е интересно во нивните животи...

Погледнтете некои од фотографиите подолу, а повеќе за фотографката погледнете овде.

Извор: voxfeminae.net

ОкоБоли главаВицФото