10 најпреплатени глумци

06.12.2012 09:52
10 најпреплатени глумци

Според податоците на Форбс од најновата листа на десет најпреплатени глумци, ѕвездата од филмовите „Д-р Дулитл“ и „Шрек“, Еди Марфи, е најпреплатениот глумец во светот. Марфи добивал по еден долар за улогата во последните три филмови, на секои 2,3 заработени долари во кино салите.

Рис Витерспун и Кетрин Хајгл се исто така меѓу првите пет преплатени глумци на листата.

Високо котираат и глумците во комедии како Адам Сендлер, Џек Блек и Бен Стилер, кои се критикувани поради високите плати, а малата заработка во кината.

Поранешната ѕвезда од „Сексот и градот“, Сара Џесика Паркер, има нешто помала заработка откако се откажа од франшизата, па во просек добива еден долар на секои седум кои филмот ги заработува.

Сепак, нејзиниот филм „Не знам како ѝ успева“ чинел 25 милиони долари, а заработил 30 милиони, што ја смести Паркер во листата топ 10 преплатени глумци

Вин Фарел, кој веќе два пати се најде на листата во последните четири години, конечно излезе од првите десет, како и неговата колешка Дру Баримор. Форбс не ги зема предвид платите на споредните глумци, па Баримор не се најде на листата затоа што немаше доволно главни улоги.

Еве како изгледа листата на десетте најпреплатени глумци:

1. Еди Марфи (1 долар на секои 2,30 од заработката на филмот)
2. Кетрин Хајгл (1 долар на секои 3,40)
3. Рис Витерспун (1 долар на секои 3,90)
4. Сандра Булок (1 долар на секои 5)
5. Џек Блек (1 долар на секои 5,20)
6. Николас Кејџ (1 долар на секои 6)
7. Адам Сендлер (1 долар на секои 6,30)
8. Дензел Вашингтон (1 дола на секои 6,30)
9. Бен Стилер (1 долар на секои 6,50)
10. Сара Џесика Паркер (1 долар на секои 7)

Извор: forbes.com